Девојките на САД одиграа маестрална акција во шест потези од кои пет на прва. Фудбалски од почеток до крај, па уште и со издриблан голман. Линискиот судија ептен ја утна на крај.
На Евро 2020 Англија стигна до полуфинале кое ќе го игра на домашниот „Вембли“, како и многу претходни натпревари. До решавачката фаза Англичаните само еднаш го напуштија Лондон и тоа до Рим каде ја декласираа Украина во четвртфинале.
Голот за најсмешно видео инсерти се случи во азиската Лига на шампиони. Работава излегува, среќа што го удри во глава, инаку во аут ќе излезеше топката.
Седнува во кола, облекува дрес од Англија, става перика, пушта позната англиска песна, потоа во фишек става помфрит, а во него риба која му служи за микрофон. Е тоа е Патрис Евра.
Од јули 2017-та година кога дојде во големиот англиски клуб, Алиоски стана еден од поомилените фудбалери меѓу навивачите на Лидс Јунајтед. Одигра важна улога во враќањето на тимот во Премиер лига под водство на големиот Биелса. Одигра 161 меч и постигна 21 гол. Летово заминува од „Елан Роуд“.
На 22 јуни се обелодени дека британската влада ќе допушти 60.000 гледачи за полуфиналните дуели (6 и 7 јули) и финалето на Евро 2020 (11 јули). Но меѓу нив практично ќе нема гости од Данска, Италија и Шпанија.
Кој би рекол дека ќе станат полуфиналисти и тоа после два порази на стартот и оној шок дека може да го загубат Кристијан Ериксен. Ама играат мотивирано и организарано дечките. Може акцијава за голот на Каспер против Чешка изгледа едноставно, ама во пракса не е така.
Откако одигра врхунски во групната фаза, Лионел Меси ја поведе својата Аргентина и во четвртфиналето каде убедливо со 3-0 го совладаа Еквадор на Копа Америка. Лео по втор пат имаше две асистенции и прекрасен гол, па „гаучосите“ сега ги чека големо полуфинале со Колумбија.
Во дуел меѓу двете последнопласирани екипи од МЛС лигата, Далас извлече бод против Ванкувер во 90+4' минута по јакиот автогол на Ранко Веселиновиќ со глава.
Да му кажел некој на Хари Мегваер пред 5 години дека во иднина ќе командува со одбраната на Англија, ќе постигне гол во четвртфинале и ќе се пласира во полуфинале на Европско, сигурно би го сметал за луд.
Некои можеби уште не се свесни колку големо фудбалско име во Европа е нашата легенда која на 37 години ја однесе Македонија на Европско. Пази му се јавил Жозе во Букурешт на видео повик и тагувал за неговото репрезентативно пензионирање.
Со доминанта и моќна партија, селекцијата на Англија ја декласираше Украина и ја потврди фаворитската улога во последниот четвртфинален меч на ЕП. Два гола на Хари Кејн. Три од четирите погодоци ги дадоа со глава, што е рекорд на едно Европско.
Роберто Манчини не создаде само напаѓачки и допадлив фудбал, туку и хемија во националниот тим без која не се гради победнички менталитет. Погледнете како го пречекаа Леонардо Спинацола кој им се појави на ручек со патерици. Сите го изгушкаа еден по еден, секоја чест.
На 22 години стигна до 215 настапи за Милан со кој дебитираше на 16 години, како втор најмлад голман во историјата на Серија А. Имаше отворен пат да стане легенда со седум кратниот европски првак и да урне низа на рекорди. Но наместо фудбал со љубов, ги одбра парите.
Многу селекции од кремот на Европа се соочија со рана елиминација на ЕП, но селекцијата на Данска не се дава и му вети на Кристијан Ериксен пласман во финале. На прагот се да го остварат. Им преостанаа уште 90 минути. Чешка - Данска 1:2.
Под водство на Роберто Манчини, Италија игра неверојатно и е во серија од 32 меча без пораз. Ја совладаа Белгија, прва селекција на ФИФА ранг листата, ама не можеа да не фрлат малку италијански зачин. Чиро Имобиле глуми повреда па слави гол во неколку секунди.
Откако доминантно дојде до осминафинале, со три триумфи без примен гол Италија сјаеше и во четвртфиналето каде ја скроти Белгија со 2-1 и оди во големото полуфинале.
По неверојатните дуели во осминафинале, Шпанија и Швајцарија одиграа уште еден драматичен меч. Шпанците поведоа преку автогол, во 68' минута Швајцарците израмнија па со играч помалку издржаа до пенали.
Дај му ја на Андрес и топката е во сеф. Европски првак 2008, Светски првак 2010, Европски првак 2012. Што повеќе од тоа? Играше со леснотија и елеганција, а Шпанија сега нема ваков шампион.