Додека Горан наш растура во Серија А и на 37 години, кои ги полни на 27 јули, од студио се слуша женски коментаторски глас. Тоа е Џулија, 27 годишна навивачка на Џенова задолжена за преносите на клубот кој го носи во срцето. Што вели за Пандев? Па што може, освен што го величи.
Во Данска се игра плејоф за Лига Европа. Во првото полуфинале Оденсе дома го победи Хорсенс со 3:1. Ама мечот остана во сенка на надреалното промашување на домашниот фудбалер, Тунижанецот Исам Жебали.
И покрај тоа што со едната рака веќе го држат големиот пехар за шампион на Италија, малку кој во Јувентус е задоволен од она што екипата го прикажа во последните месеци, како на домашно тло така и во Лига на шампиони. Статистички Јуве не бил полош во Серија А многу одамна.
Лацио првпат после цели 12 години обезбеди место кое води во Лига на шампиони, откако синоќа со 2-1 го совлада Каљари после пресврт. Гостите поведоа, а израмни српскиот репрезентативец Милинковиќ-Савиќ со страшен гол, најубав негов сезонава.
Матијас де Лихт го доведе Јувентус во водство во 42' минута, а Илија Несторовски само 10 минути подоцна, во вториот дел маестрално го израмни резултатот на мечот Удинезе - Јувентус на кој „Старата дама“ играше за скудето. Во 90+2' минута од судиското продолжение, Фофана со супер продор си поигра со одбраната на гостите и го урна шампионот - 2:1.
Стефан Спировски имаше деби настап за АЕК Ларнака како никој. На пријателски меч против Докса така јако ја опали од преку 30 метри, мислиш Роналд Куман е ова, а не Стефан наш. Неверојатно е ова голчиште, пет пати го изгледавме. Величе од таму не можеше да ја добаци.
Според договорот изгледа дека германскиот клуб е поблиску до вистината, затоа што велат, не можеле да влијаат на тоа што фудбалот ќе трае подолго од предвиденото сезонава поради глобалната пандемија.
По фаулот на Ковачиќ врз играч на Ливерпул после кој Александар-Арнолд постигна преубав гол од слободен удар, Френк Лампард бил фрустриран од судиската одлука (интересно судијата во даден момент му вика на Ковачиќ 'yes, you did get the ball.' ама свири фаул). Тренерот на Челси во налет на нервоза му се пушта и на Клоп и тоа ептен жестоко.
Англискиот фудбал полека спушта завеса, а на многу локации ширум земјата периодов имаше МАСОВНИ собири на навивачи кои славеа од разни причини. Кога викаме масовни, мислиме над десетина илјади луѓе без многу маски и без ама баш никаква социјална дистанца меѓу нив.
Тајлер Пашер (26) е канадски фудбалер кој игра во американската втора лига за клубот Инди Илевен. На тоа како го реши мечот против Питсбург на гости во 90+7' минута од продолжението, може да му позавидат и многу посериозни фудбалери од Европа. Браво мали!
Фудбалерите на Порто предводени од Серџио Консеисао ја одбранија титулата во Португалија, а против Мореирензе го постигнаа голот на сезоната. Се изгубија гостите во поставувањето на одбраната.
Рома го декласираше СПАЛ на гости со 1:6. Голот на колото, кој сигурно треба да влезе во топ 5 на сезоната е овој на Николо Ѕаниоло. Напаѓачот на Рома се отвори леле мајко. Еден, двајца, тројца, четворица, море вкупно пет души ги изеде. Страшен гол. Го сметаат за наследник на Тоти.
Шпицот на Свонси кој е позајмен од Ливерпул, Рајан Брустер реши да распали од 35 метри и да го ишиша голманот на Рединг, Рафаел. Многу, многу блесав гол.
Ливерпул со 3 ефектни гола во првите 45 минути го испраши Челси во дербито. „Црвените“ одиграа шампионско полувреме. Мераклии сме на евроголови од слободен удар, па само затоа му даваме предност на ова што го изведе бекот Александар-Арнолд, а не дека бомбата на Кеита не е страшен гол.
Пред 17 години беше претставен на Камп Ноу, а Каталонците добија играч на кој секој втор потег му беше за клип на Јутјуб. Роналдињо беше спектакл кој ќе се зборува со години.
Денеска полнат 73 години, но за жал не им е до славење бидејќи дишат на респиратор и на три недели до стартот на новата сезона имаат непозната иднина. Но колку и да е ситуацијата со 11 кратниот првак на Македонија тешка, сепак навивачите веруваат дека македонскиот бренд ќе биде спасен.
Борусија Дормтунд има нов хит, тинејџер за кого дадоа огромни 23 милиони евра и за кого Манчестер Јунајтед го активираше дури и Сер Алекс Фергусон ама безуспешно.
Едниот е доктор, тоа знаеме и што сака прави со топката, а другиот е со мев и 13 години постар. Ама не е лош Карло, ај ти, ја има контролата. Инаку ова треба е да 2014-та или 2015-та кога Анчелоти го тренираше Реал, а Зидан беше на чело на Реал Мадрид Кастиља.
Навивачите на Лидс важат за едни од најжестоките во Велика Британија. После цели 16 години сонот на многу генерации се исполни - клубот се враќа во Премиер лига. Легендарниот тренер Биелса е најзаслужен за големиот успех и навивачите го сакаат како идол.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Парижани се спремаат за нокаут мечот од ЛШ против Аталанта и до сега одиграа три подготвителни меча кои ги добија убедливо со гол разлика 20:0. Синоќа го победија Селтик со 4:0, а погледнете каква топка му даде Нејмар на Мбапе по само 50 секунди игра.
Авес е фудбалски клуб од Португалија и нов второлигаш во оваа земја. На табелата во првата лига имаат само 17 бода и дури 26 порази на 33 меча сезонава. Испаднати се уште одамна. Синоќа пред мечот со Бенфика шоферот наводно ги изгубил клучевите од автобусот, па сите играчи морале да одат со коли до стадионот.
38-годишниот Ибра му донесе нови три бода на Милан кој не знае за пораз по рестартот на сезонат0 (7 победи на 9 меча), а и има гарантирано место во Лига Европа. Ибракадабра има 8 гола и 4 асистенции по враќањето на „Сан Сиро“ на 17 декември лани.
Милан продолжува со фантастичната серија после карантинот во Италија, а синоќа го совлада и Сасуоло на гости со 1:2. Одеше и на трет гол, ама голманот на домаќините запна ептен и реши да не прима повеќе.