Со триумфот 0-4 кај Лихтенштајн, Македонија на најдобар можен начин го искористи очекуваниот пораз на Романија во Германија (Романците први поведоа на стартот со гол на Јанис Хаџи, Германците направија пресврт 2-1) и во добро расположение се чека светската сила во понеделник во Скопје.
Во моментов Македонија е втора на табела и тоа е најважно. Имаме 12 бода колку што има и Ерменија но подобра гол разлика.
И во случај да не извлечеме макар бод со „панцерите“ кои во Скопје доаѓаат во полн состав, ни остануваат големи шанси на крај на квалификациите да бидеме на второ место кое води во баражот за Светско 2022.
На 11 октоври во понеделник, во 8. коло од групата Ј, Македонија ја чека Германија, Романија ќе игра против Ерменија а Исланд со Лихтенштајн. Тука најмногу би ни одговорало реми во Букурешт.
Во деветтото коло, на 11 ноември, точно еден месец по средбата со „мајншајфт“ гостуваме кај нашиот стар познаник Ерменија и тука многу работи би можеле да се искристализираат.
Со надеж дека во последното 10. коло на 14 ноември ќе влеземе со големи шанси за второ место, отпишаниот подмладен Исланд во Скопје би бил сјајна прилика да се освојат три бода и да се обезбеди историски прв бараж за пласман на Светско првенство 2022.
ТАБЕЛА
1. Германија 18
2. Македонија 12
3. Ерменија 12
4. Романија 10
5. Исланд 5
6. Лихтенштајн 1
8. коло (11 октомври, понеделник)
Македонија – Германија
Романија – Ерменија
Исланд – Лихтенштајн
9. коло (11 ноември, четврток)
Ерменија – Македонија
Германија – Лихтенштајн
Романија – Исланд
10. коло (14 ноември, недела)
Македонија – Исланд
Ерменија – Германија
Лихтенштајн – Романија
Убедлива победа на Македонија, од второ место продолжува борбата за Светско првенство