Фудбал

Како Зидан го сочека Лука Модриќ да го заврши ритуалот

Реал Мадрид се спаси на мечот против Бетис во саботата, по негатива од 2-1 го сврте резултатот 2:3 и победи. Во првиот дел имаше еден интересен момент кој камерите го забележаа.

Неуништлив

Неговата ѕвезда е побледа, но нема да згасне кога ќе ги закачи копачките на клинец. Пандев е на некој начин како тврдината на Царевите кули што ја надгледуваат неговата Струмица, неуништлив доказ за долговечноста и прилагодувањето во разни околности.

Подобро Пеп да не го гледа инсертов со Рубен Диаз

Британските медиуми на големо пишуваат за новото ултра засилување на одбраната на Манчестер Сити. За 65 милиони фунти од Бенфика доаѓа стоперот Рубен Диаз за кого и комичните твитер профили почнаа да прават пародија. А Пеп по дебаклот од Лестер (2:5) изјави дека клубот ништо не му кажал за овој трансфер.

Со 16 години стана рекордер, со 17 веќе решета за Барселона

Навивачите на Барселона поминаа низ бурно лето, па никој не знаеше каков однос ќе има Меси после турбулентните месеци, каков ќе биде нападот без Суарез, ќе седи ли Куман на клупа во првото коло против Виљараел кој го води Унаи Емери итн.

Ревија убави голови во Јапонија

Во најдобрата фудбалска лига на Јапонија Џеј-лига, се одиграа 20 кола, а во последните неколку рунди паѓа дожд убави голови. Скоро и да нема натпревар без 2-3 гола и со исто толку ефектни мајстории.

Емотивниот викенд за фамилијата Инѕаги

Несекојдневни и уникатни се овие сцени, двајца браќа да се тренери во иста лига, па уште и да им се падне на првиот меч да играат во ист термин. Мислите им бегаат еден кај друг, а најтешко им дома на родителите, кои истовремено се екстра горди.

36-годишниот Игудала беше на чекор од пензија, а сега ќе игра 6-то финале на НБА по ред

Мајами Хит го совлада Бостон Селтикс со 125:113, победи во финалето на Истокот со 4-2 во серијата и закажа мега дуел со ЛА Лејкерс за шампионска титула во НБА.

На Дејан му е омилено кога си ги работи по двајца

И покрај тоа што конкуренцијата е голема и Пирло може да состави две екипи, младиот Кулушевски фати место во прв тим, барем во првите две кола. Во првото дебитираше со гол, а синоќа против Рома си поигра со двајца. Ти го мислиш тромав и бавен, ама оди земи му ја. Многу е снаодлив и непредвидлив.

Се сеќавате ли на Бојан Кркиќ?

Њујорк Ред Булс го преслуша Монтреал Импакт со 4-1 а за овој меч се збори поради евроголот на Бојан Кркиќ за гостите. Некогашното златно дете на Барселона и шпанскиот фудбал од неодамна е член на Монтреал од Канада.

На што спадна Пипита Игуаин

Гонзало Игуаин имаше деби за заборав за новиот тим Филаделфија во МЛС. Ај што изгубија 3-0, туку Аргентинецот рогна еден пенал небо под облаци па му се сипаа некои анонимуси, па се тегнеше со нив.

Клизач за правосилна пресуда затвор без право на помилување

Финска фудбалска лига, 17 коло, меч меѓу Хонка и Хака кој завршува 1-2 а ќе го памтат таму по лудачкиот старт без мозок на Насиру Банахене од Хака во 28' минута. Не само директен црвен картон туку и затворска казна за ова.

Суарез веќе се отвори за Атлетико и тоа два пати

До вчера со солзи се збогуваше со Барселона на која и даде многу, но не му требаше многу време за да се вратие на старите навики во новиот дрес, а тоа се голгетерските задачи. Атлетико Мадрид беше немилосрден против Гранада со 6:1, а последните два ги даде Уругваецот за 8 минути.

Гол на Елмас, Наполи ја демолираше Џенова

Фудбалерите на Наполи целосно ја оправдаа фаворитската улога против Џенова која за 70 минути игра ја наполнија со 6 погодоци. Петтиот е дело на Елиф Елмас кој одличне се снајде во шеснаесетник. Пандев доби шанса во 54-та минута.

Чудесија од гол на Медисон, Варди и Лестер го уништија Сити на Гвардиола

Како никогаш во својата тренерска кариера, Пеп Гвардиола беше тотално надигран вечерва во Премиер лигата од Лестер. Џејми Варди со хет трик (2 од пенал), Медисон со страва гол и Тилеманс од пенал го сомлеа Сити со 2:5! Првпат во кариерата тренер Гвардиола прима 5 гола.

Душмански волеј за гол на викендот

Во Швајцарија само што почна најдобрата фудбалска Супер лига. Ситуацијата сезонава нема да биде како досега кога имаше изразит фаворит за титулата, па ќе биде неизвесно. Синоќа Цирих и Лугано одиграа луд меч со 4 гола (2:2) а резултатот го отвори Александер Герндт со страшен волеј за 0-1.

Манчестер доби пенал и победи откако мечот веќе заврши

Но нека не ве чуди ова со пеналот на Бруно Фернандеш за победа против Брајтон на гости од 2-3 во 90'+10 минута од продолжението. Во протоколите на ВАР е дозволено.

Офсајд лик: Фотографот на Фламенго

Бразилскиот прволигаш го отпушти својот фотограф. Причина? Фотографирал и објавил клупска фотографија од авион на која никој не носел маска. Позитивни? 16.

Голот на Челси кој уствари никогаш не беше гол

На денешен ден пред точно 50 години падна најконтроверзниот гол во историјата на англискиот фудбал. “Стрелец“ беше Алан Хадсон кој ја погоди стативата ама таа задната од надвор. Судијата со цел памет досуди гол.

А видовте ли Шаќири како ја издува од слободен?

Лига Европа, Лига Куп, Супер Куп на Европа, не може да ги пофатиме сите фудбали од синоќа. Во Англија се играа три меча во Лига купот, а еден од нив беше Линколн - Ливерпул 2:7. Од деветте погодоци, го издвојуваме првиот кој е еврогол, дело на Шаќири во 9-та минута.

Ако цела сезона нема живо пиле на трибини, премиерлигашите може да изгубат 586 милиони фунти

Англија а и целиот свет се спремаат за (веќе никој не знае точно) втор ли трет бран, па премиерот на Велика Британија Борис Џонсон објави дека навивачи на трибините нема да има од 1. октомври „па до никој не знае кога“.

Демант за Мурињо, голот не бил понизок

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое стопанисува со националната арена се произнесе за тврдењата на Жозе Мурињо. Тврдат дека голот бил со регуларни димензии. Е ајде де сега.

Интересната кариера на новиот голман на Челси

Кај Хаверц и Тимо Вернер се топ, светска класа играчи. Но навивачите на Челси цело лето чекаа еден друг трансфер - клубот да им подари нов голман кој би можел да го замени Кепа Аризабалага на голот. Абрамович им ја исполни и таа желба.

Ама се отвори Чалханоглу вчера и тоа два пати

Во Лига Европа синоќа имаше фудбал на тони, а меѓу големиот број на квалификациски средби го имаше и Милан кој го совлада Буде Глимт од Норвешка со 3:2. Шоу на Сан Сиро приреди Турчинот со два ефектни погодоци.

Репортерка на денот

Кочанчани одлично поентираат во твитот, а една од дилемите е дали нејзиното име е Ружица или Цвета. А што велите?