Поради Мундијалот во Катар кој се игра во ноември, УЕФА беше принудена да го згусти распоредот во Лига на нации, кој овој пат место во три, ќе се одигра во само два месеци.
Во јуни месец темпото ќе биде пеколно, бидејќи за само 11 дена, избраниците на Боби Милевски ќе мора да се подготват добро за четири меча.
Македонската фудбалска репрезентација ќе отвори и ќе затвори против Бугарија, прво на гости, а потоа на домашен терен.
2. јуни 2022. Бугарија - Македонија (20:45)
5. јуни 2022. Гибралтар - Македонија (18:00)
9. јуни 2022. Македонија - Грузија (20:45)
12. јуни 2022. Македонија - Гибралтар (18:00)
23. септември 2022. Грузија - Македонија (18:00)
26. септември 2022. Македонија - Бугарија (20:45)