Во своето обраќање пред големата ждрепка за Светско првенство 2022 во Катар, Џани Инфантино зборуваше на разни теми, а се осврна и на најголемото фудбалско изненадување досега годинава.
Падна првата квалитетна првоаприлска фудбалска шега на која со оглед на еуфоријата, ако не погледне човек кој датум е денес, може и да се излета. Најјако на свет би било за пар денови, стварно да ги фатат позитивни.
31 март 2021 е датум на кој цел свет пишуваше за сензацијата која македонската фудбалска репрезентација и ја приреди на Германија. Со головите на Пандев и Елмас, а на кормилото Игор Ангеловски, Македонија славеше 1:2 и стана трета селекција во историјата на мундијалските квалификации која успеала да го победи на гости четирикратниот светски и трикратен европски првак. Другите две се Португалија 1985 и Англија 2001. Незаборавна ноќ.
Едно од најпоставуваните прашања после финалето со Португалија е: Сега што е следно и кога ќе се оди на Градски да се бодрат момците на Боби? Одговорот е: Стрпете се два месеци.
Македонската фудбалска репрезентација за жал не успеа да оствари уште сон од детството, ама остави срце на терен, ја победи Италија и оствари напредот во рангирањето.
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација им се заблагодари на навивачите за поддршката и испрати порака дека треба да и се верува на оваа селекција. Под постот му се обрати и Бруно со кој останаа другари од Спортинг.
Светското првенство во Катар е сè поблизу. Во среда гигантот adidas го промовираше официјалниот фудбал со кој ќе се играат натпреварите на Мундијалот. Се вика Al Rihla, во превод од арапски - патешествие.
Македонската фудбалска репрезентација едно време не можеше една трибина да наполни на Градски, а сега има поддршка од сите страни. Убаво е чувството кога ќе видиме како некој од надвор и се радува и ја бодри.
Во Доха (Катар) во петок од 17 часот ќе се извлече ждрепка за групите на Светско првенство 2022. За таа прилика селекторите на сите пласирани репрезентации се собраа во земјата домаќин. Фин муабет имале предводниците на Србија Драган Стојковиќ - Пикси и Хрватска Златко Далиќ.
Од Тбилиси до Букурешт, а потоа од Скопје, Дуизбург, па до Палермо и Порто и на само 90 минути до Катар. Изгинаа за дресот, ја сплотија нацијата и натераа да ги гледаат и луѓе кои не пратат фудбал. Тим за гордост.
Камерун на луд начин се пласираше на Светско првенство во Катар. Иако пред неколку дена изгубија дома 0-1 од Алжир, синоќа на реваншот победија идентично 0-1 со гол на Ерик Шупо-Мотинг па мечот отиде во продолженија. А таму прво на Алжир му поништија чист гол, па Ахмед Туба во 118’ минута израмни на 1-1 и кога домаќинот само неколку секунди го делеа од Светско првенство, Карл Токо Екамби од Лион дава гол за 1-2 во 120+4’ минута.
Најдобриот португалски фудбалер беше добро покриен од нашите одбранбени фудбалери, но и покрај тоа што не даде гол, му асистираше на Бруно Фернандеш за првиот гол на мечот. Кристијано после средбата објави дека Португалија се пласирала таму каде што реално припаѓа, а дресот после натпреварот со Македонија го даде на неговата најдрага личност.
Македонија заслужено една недела беше главна тема во најголемите спортски медиуми во светот. Дечките одиграа храбро и оставија пример за тоа како се носи репрезентативниот дрес. На тоа им честиташе и нивниот доскорешен капитен и вистинска легенда.
Кристијано Роналдо со Лионел Меси влегоа на вечната листа на фудбалери кои играле (обезбедија пласман) на 5. Светски првенства. На оваа листа се само уште Лотар Матеус, Мексиканците Рафа Маркез и Антонио Кабрахал и Џанлуиџи Буфон.
Твитер профилот на Европската куќа на фудбалот наменет за следното ЕП, кој го следат над 3 милиони луѓе испрати кратка и многу реална порака до Рики и другарите.
Синоќа ширум светот покрај мечот на Македонија со Португалија, се одиграа и други исклучително важни натпревари за пласман на Светско првенство. Едно дерби одиграа еден против друг соиграчите од Ливерпул, Салах и Мане.
Репрезентацијата на Данска игра фантастичен фудбал и би можела да биде една од селекциите кои ќе се борат за сама завршница на Светското. Синоќа со 3-0 во пријателски меч ја совладаа Србија а гол даде и капитенот и повратник Кристијан Ериксен кој распали од далечина во негов стил. Мајстор.
Нашите фудбалери синоќа имаа огромна поддршка и од екс ју земјите. Илјадници коментари со мотивирачки пораки можеа да се прочитаат на социјалните мрежи, а најмангуп излезе Иван Лончаревиќ од белградското студио на Спортклуб, кој поентираше во 7 секунди.
Македонската фудбалска репрезентација загуби 2:0 (1:0) на гостински терен од Португалија во финалето од плејофот за пласман на Светско првенство 2022. Достојна партија против 6. селекција на светот составена од бројни ѕвезди.
Португалскиот селектор Фернандо Сантош реши да прецрта три имиња од поширокиот список па на трибини ги прати бековите Диoго Далот (Манчестер Јунајтед), Гонзало Игнасио (Спортинг Лисабон) и Тиаго Дало (Лил). Тие што останаа одлично се забавуваа на последниот тренинг а Роналдо го имитираше Седрик Соареш од Арсенал.
Бадијала толку имиња во таборот на италијанската репрезентација, кога никој не можеше да ни даде гол. Чиро Имобиле ја освои Златната копачка и стана најдобар стрелец во историјата на Лацио, ама не можеше да излезе на крај со Димитриевски.
„Istorija ex yu fudbala“ е доста популарна Фејсбук страница која одлично го негува драгоценото богатство на југословенскиот фудбал и држи страшно добра архива. Денеска сме во центарот на вниманието.