Фудбал

Погрешна топка другар

Реал Мадрид го доби Алавес на гости со 1:2. Напаѓачот на домаќините, Лукас Боје го имаше она напријатно искуство со Раул Асенсио, кое секој се обидува да го избегне, посебно кога ќе застане да држи жив ѕид.

Серија А е ова или кечери?

Јувентус го доби тешкото гостување против Болоња, триумф со кој ги поминаа на табела и сега се петти. Го имаме дуелот на годината меѓу Џон Лукуми и Франсиско Консеисао. Бурлески.

Најјаката фудбалска прослава некогаш видена

Сме гледале и гледаме секојдневни фудбалски прослави кои не се разликуваат многу една од друга и се монотони и досадни. Ебенезер Адуква игра за фудбалскиот клуб Гор Маја во Кенија, во тамошната Премиер лига. На истекот на 2025-та година тој ја има прославата на сезоната, а сигурно и на деценијата.

Генијалецот во фудбалскиот бизнис Дејвид Бекам

Бекам е првиот човек во историјата на САД кој ја освојува титулата во МЛС лигата и како играч и сопственик.

Мега атракција на Бај арена, кандидат за гол на сезоната во Бундес

Баер Леверкузен го добија Келн со 2:0 во 14. коло од германскиот шампионат и се четврти на бод до Дортмунд и 3 до Лајпциг. Мартин Териер сака да ви покаже нешто. Златан дали се слушаме?

Стартните 11 на Јувентус кои играа во Серија Б

Сезоната 2006/2007 (како вчера да беше), Јувентус за прв пат во својата историја мораше да спадне во второлигашка конкуренција, поради скандалот со местење натпревари во време на Моџи, познат како Калчополи. Завршија први на табела со +6 пред Наполи и експресно се вратија во елитата. Погледнете ги овие големи имиња кои прифатија таков предизвик. Прв стрелец со 20 гола Алекс Дел Пјеро. Постои ли ваква верност во денешно време?

Аргентинската колонија на Интер Мајами која го освои САД

Лео Меси не е единствен Аргентинец кој испиша историја во МЛС, со првата шампионска титула за Интер Мајами. На број да ти биле дури 11 Аргентинци заедно со тренерот.

Фото на денот од архивата на Жанко Савов

Жанко Савов му испраќа на Миленко фотографија стара 30 години од Јужна Америка. Останатото е историја.

Како Италија освои Светско првенство со пит-булот Гатузо?

Во таа 2006-та година на Мундијалот во Германија Италијанците имаа страшен и неповторлив состав со Тоти, Виери, Дел Пјеро и други мега ѕвезди. Ама најголема работа вршеше пит-булот кој сега им е селектор. Џенаро Гатузо во финалето против Франција имал: 13 одземени топки, 17 од 26 добиени дуели на земја, 13 успешни од 15 лизгачки стартови, 17 одбранбени акции позади.

Не можам после, ќе гледам фудбал во Гватемала

На времето имаше анегдота дека на некој фудбалски терен во реонот кај Кратово и Злетово, игралиштето било толку нерамно што кога едниот тим ќе ја изгубел топката во напад, му викале на својот голман „Иидаааат“.

Работел достава, разнесувал овошје и делел флаери, а сега е втор стрелец во Премиер лига

Неверојатниот фудбалски пат на Игор Тијаго, врвниот стрелец на премиерлигашот Брентфорд.

Фудбалерите на Слован Братислава правеа софра на Градски

Слован Братислава, кој е 23 кратен првак на Словачка, синоќа беше изненаден од Шкендија со 2:0 во Конференциската лига. Словаците беа слабо организирани на терен, ама не и после мечот. Место да се замараат со резервации во кафана за цел тим, царевите си нарачале лапачка преку Корпа. Чиста работа. 20 пици и 26 кеси со тестенини и салати. На здравје нека им е вечерата, како и поразот од македонскиот првак.

Две голчишта од Конференциска лига

Од чаршавот натпревари во европските купови, ќе издвоиме два убави гола. Едниот е на Стивен Нсимба од Универзитатеа Крајова на мечот против Спарта Прага. Другиот на Украинецот Микола Михајленко од Динамо Киев на гостувањето против Фиорентина.

Руни му пишувал на идолот Данкан Фергусон во затвор а овој му одговарал

Легендарниот шпиц на Евертон, Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација Вејн Руни во шоуто именувано според него, заедно со ко-водителите Кели Сомерс и Кае Курд од 15-ти август наваму раскажуваат интересни случувања од и надвор од фудбалските терени. Руни сега откри неколку анегдоти од неговата рана младост.

Страшната контра на тетовци во три потези

Фудбалерите на Шкендија го изненадија Слован Братислава со триумф од 2:0 во Конференциската лига. Погледнете го вториот гол. Што би рекол Калински од молскавична акција. Со три пасови од гол до гол. Стрелец Себастјан Спахиу.

Меси добива статус на божество во Индија

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, Аргентинецот Лионел Меси кој во 2022 стана светски шампион со својата Аргентина, ќе добие голема статуа во индиската држава Западен Бенгал. Се очекува Меси да присуствува на отворање на церемонијата по повод поставување на овој голем споменик кој со 20 метри ќе биде највисок споменик на некој спортист на светот.

Селекторе, а да влезеш во игра?

Селекторот на Мароко, Тарик Сектиуи веќе 14 години е во играчка пензија. Или не? Подајте му ја, па ќе го видите во Зидан издание и тоа со кондури и одело.

Кој е кој во автоголов?

Порто го совлада Малме во Лига Европа со 2:1. Конечниот резултат беше решен во 95-та минута, откако домаќините си постигнаа автогол. Ама на прва овде не се сфаќа баш, кој пие, кој плаќа. Куса, динамична и хаотична ситуација.

Притисокот на Џуд 180 со 100

Тагнете другарче на кое му се дига притисокот од возбуда. И колку покажало апартчето до сега?

Супер голчиштето на Миовски со акробација

Бојан Миовски се отвори со ептен јака завршница на мечот против Ференцварош на гости. По двата гола во првенство, македонскиот напаѓач се истакна со ножички во Лига на Европа и со тоа ја продолжи голгетерската форма. За него ова е петти гол сезонава во дресот на Глазгов Ренџерс. Еден од нив му е во Лига Купот и три во шкотскиот шампионат. Унгарците за жал го свртеа мечот на конечни 2:1.

Рајан Черки со врвни дриблинзи во Офсајд уште од дете

Манчестер Сити летоска вложи 36 милиони евра во играч која допрва ќе блеска и веќе растура. Двајца, па и тројца не можат да излезат на крај со него. Прашајте ги Рудигер и Валверде.

Мајтап на Халанд со Карагер во студио

Џејми Карагер долго време беше капитен на Ливерпул, важеше за просечен бек без некоја значителна кариера па оттаму многу активни фудбалери во Премиер лига му се накострошени зошто често критикува и плука по многумина. Затоа Ерлинг Халанд синоќа откако го суреди Реал Мадрид (1:2) во Лига на шампиони во јавување во живо во студио рече: „Малку сум нервозен кога го гледам Џејми Карагер во студио. Тој е како репетирана пушка да распали“.

Кога на Модриќ му се јавиле од Франс Фудбал за Златната топка

За хрватскиот доктор со топка, 2018-та е врвот во кариерата со куп награди. Ги спои најважните три: Играч на годината во изборот на ФИФА, најдобар играч на СП 2018 и Златна топка. Кога му се јавиле за последнава, не им кренал од возбуда.

Го запалиле стадионот, ама буквално

Валкеакоски е градче на 150 километри северно од Хелсинки. Има 20.800 жители. Главен фудбалски клуб од овој град е Хака која со дури 18 порази и освоени мизерни 17 бода на 27 натпревари, испаднала во втора лига.