Фудбал

Феноменалниот гол на Еберечи Езе за Арсенал

„Топџиите“ од северен Лондон играат маестрална сезона и во лов се на дури 4 шампионски круни: во Лига на шампиони, во ФА Куп, во Лига Куп и во Премиер лига. Секаде им оди одлично. Вечерва во реваншот со Баер Леверкузен славеа 2-0 и одат понатаму во четвртфинале. Еберечи Езе постигна бравурозен гол од 20-ина метри!

Винисиус со два гола го реши Сити и пак изведуваше, ПСЖ го прегази Челси ко плиток поток

По Спортинг Лисабон кој направи чудо и со 5-0 го растури Бодо Глимт па ја анулираше негативата од 0-3 на првиот дуел, вечерва во четвртфинале се пласираа уште и Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ.

Линискиот судија го отепавте бре луѓе

По ремито во Леверкузен на првиот дуел против Баер во Германија минатата недела (1-1) Арсенал вечерва рутински пред своите навивачи води со 2-0 и е на прагот на пласман во четвртфинале на Лига на шампиони. Во 40' минута од дуелот додека се загреваа крај аут-линијата гостинските фудбалери го превртеа линискиот судија зошто немаа доволно простор за загревање.

Чудо на Спортинг Лисабон, го размонтира Бодо Глимт со 5:0 и оди во четвртфинале

Вечерва во Лисабон заврши најголемата фудбалска бајка во Лига на шампиони сезонава. Норвешкиот Бодо (Норвежаните го изговараат Буде) Глимт откако го победи Спортинг Лисабон на првиот меч со огромни 3:0, вечерва во Лисабон прими толку гола во основниот дел, уште два во продолженијата и испадна.

Да видиш во Бразил колку се сака репрезентацијата

Бразилците сонуваат за нов мундијалски пехар. Како најтрофејна земја со дури 5 шампионски трофеи од Светските првенства, „кариоките“ од 2002-ра година во, цели 24 години чекаат нова титула. Сега за 2 пријателски средби против Франција и Хрватска во САД, селекторот Анчелоти го прочита составот кој во Бразил се слуша како светост. На него за првпат е и Игор Тиаго, напаѓачот на Брентфорд кој има 19 гола во Премиер лига сезонава. Неговото семејство плачеше од среќа кога го слушна името.

Убаво е на фудбал во Норвешка

Почна новата фудбалска сезона 2026/2027 во Норвешка каде топката се тркала во поинаков календар од оној во најголемиот дел од европските лиги. Норвежаните поради сурово студените зими почнуваат фудбалска сезона од март и играат до ноември. Актуелниот шампион Молде со победа од 2-0 против Розенборг ја стартуваше сезоната.

Во Бразил нема лимити со топка

Човек право само да оди со овие може нос да скрши. Погледнете ги они што прават.

Која беше моја соблекувална, на Баер или на Баерн?

Џонатан Тах им отвори фина работа на админите, склони на комични видеа. Место во соблекувалната на Баерн Минхен, тргна да оди во онаа на Баер Леверкузен. Тоа се стари навики, долги една деценија 2015-2025. Ја фати историската 2024-та со Чаби Алонсо тешка три трофеи.

Колку пива за царов?

Го има залетот и ја има левицата ко Михајловиќ. Тоа е најбитно. Не го гледајте вака.

Милер, нога ти се позлатила

„Лудо е момчево“, гласи првата импресија на коментаторот, откако прво занеме неколку секунди после бомбастичното голчиште на Милер Боланос од еквадорскиот клуб Емелек.

Интелигенцијата на Модриќ во еден потег

Дали имал 20, 30 или 40 години, ова е Лука Модриќ. Годините не играат улога. Ќе му фали на фудбалот.

Засилување од МЛС и Колумбија во составот на Македонија, кам бек на Боби

Македонската фудбалска репрезентација со низа новитети во тимот ќе го напаѓа поранешниот европски првак Данска во Копенхаген.

Уште една иранска фудбалерка одби азил во Австралија и се враќа дома во Иран

Капитенката на женската фудбалска репрезентација на Иран која учествуваше на младинскиот Куп на Азија кој се играше во Австралија, Захра Ганбари решила да го повлече барањето за азил во Австралија со тоа што од Малезија преку Оман и Истанбул во татковината ќе се врати скоро цел екипаж кој играше на женскиот Куп на Азија.

Кој што прави, Собослаи дава прекрасни голови од слободен удар

Капитенот на Унгарија и лидер на Ливерпул Доминик Собослаи е единствена светла точка на „црвените“ од Енфилд Роуд во последно време. Тој синоќа постигна прекрасен гол против Тотенхем од слободен удар. Тоа беше негов петти погодок од слободен удар сезонава, а четврти во Премиер лига со што се искачи на листата на рекордери каде пред него се само Дејвид Бекам (2000-2001) и Лоран Робер (2001-2002) и двајцата со по 5 гола од слободен.

Лапорта е во облаци

Жоан Лапорта ја доби довербата на членовите на Барселона на претседателските избори. Победи убедливо со 69,4 проценти од гласовите, додека неговиот конкурент Виктор Фонт доби само 28,4 проценти. Тоа значи дека мандатот ќе му трае до 2031 година. По победата направи шоу.

Најглуп црвен картон на сезоната (втор дел)

Фудбал се игра на секое ќоше на планетава Земја, па така секојдневно има разни комични епизоди од разни краишта. Во Мексико, на натпреварот меѓу Мореила и Тепетлиан, гостинскиот фудбалер Брајан Мендоза при водство на неговиот тим 1-2 почнува да глуми. Добива жолт картон од судијата, па додека излегува од терен да му пружат медицинска помош, ги навредува навивачите дека плачат. Добива втор жолт и црвен картон. На крај губат 3-2 со играч помалку.

Турска лекција за изведување докторски слободен удар

Генчлербирлиги - Бешикташ 0:2. Оркун Кокчу со импресивна велемајсторска завршница од многу тешка позиција. Голманот немаше шанси.

Аргентински коментатор се стави на автоматско подесување

Јужноамериканците се најоткачени за коментирање. Овој во трета лига отиде и понапред од тоа.

Игоре ги помеша а?

Игор Тудор фатен во комична сцена. Помеша друг човек со Арне Слот и тоа човек од својот стручен штаб.

Бизарна сцена на „Стемфорд Бриџ“, играчите го опколија судијата

Фудбалерите на Њукасл после цели 12 години успеаа да победат против Челси на гости. Славеа гостите 0-1 со голот на Ентони Гордон а домаќините пред натпреварот режираа една сцена која не се видела досега на фудбалските терени. Судијата Пол Тирни стоеше на теренот а играчите на Челси го опколија сите гушнати еден со друг. Чудна ситуација и невообичаена.

Дете даде гол за Арсенал и стана најмлад стрелец во историјата на Премиер лига

Дете веројатно ја реши трката за шампионска титула во Премиер лига.

Валверде се врати на бис со нова мајсторија, Гулер погоди од крајот на светот

Реал Мадрид го доби Елче со 4:1 во 28. коло од Ла Лига. Уште неспласната еуфоријата од неверојатниот хет-трик на Валверде против Манчестер Сити, Уругваецот со нова бомба. Точка на мечот стави Арда Гулер.

Овие фудбал играат или?

Се мислевме дали да го објавиме видеово, ама сепак го објавивме.