Фудбал

Хет-трикот на Валверде во гаража

Ако некој го испушти осминафиналето меѓу Реал и Сити на кое блесок имаше Федерико Валверде со својот прв хет-трик во кариерата и тоа остварен уште во прво полувреме, нека не се мачи да гледа цел хајлајтс. Еве му сумирано.

Кога тренерот на Баерн Минхен Компани играл на турнир во Белград

Кој би рекол дека актуелниот тренер на Баерн Минхен Венсан Компани има само 39 години. А помина толку многу низ играчката кариера и освојуваше шампионски титули и трофеи со Андерлехт, Хамбургер, Манчестер Сити. За него Пеп Гвардиола еднаш рече дека е најинтелигентниот фудбалер со кого работел, а самиот Компани има завршено два факултети и докторат. Еднаш како голем талент на Хамбург на маалски турнир во блок 19 во Нов Белград го донел некогашниот српски репрезентативец Ненад Јестровиќ со кого играле во Андерлехт.

Ретро на денот, Ѕвезда - Реал 4:2, Бошко стрелец

Налетавме на јако видео од ЛШ, тогашен КЕШ. Четвртфинале меѓу Црвена Ѕвезда и Реал Мадрид, сезона 1986/1987. Година во која европски првак станува Порто, кој потоа ледната година го гази југословенскиот првак Вардар со вкупни 6:0 во првото коло.

Кошаркарот од стара приколка кој постигна 83 поени, го урна рекордот на Коби и стана легенда?

Можеби никогаш претходно вака значаен настан не бил следен со така очигледен скептицизам. Центарот на Мајами, Бам Адебајо, ценет поради својата посветеност и игра во одбраната, никогаш просечно не постигнал повеќе од 21 поен во своите 9 сезони во НБА. Сега на еден натпревар даде 83 поени и го шокираше светот на кошарката.

Зиданка на вечерта со прекрасен погодок

Рајо Ваљекано лесно се справи со турски Самсунспор и го совлада 1-3 на гости на првиот натпревар од 1/8 финалето на Конференциска лига. Бразилецот Алемао постигна два гола од кои вториот во 78' минута ќе се врти долго по интернет.

Како настанала паника во Вардар дека Ѕвезда ги краде Дарко и Пепи во 1984-та

Дарко Панчев го направи трансферот на кариерата од Вардар во Црвена Ѕвезда во 1988-ма. Но, четири години претходно, настанал хаос. Дарко Панчев и Пепи Георгиевски ги немало во Скопје, а требало да потпишат нови договори со Вардар.

Ги имаме најјаките ножички на годината, со глава си ја намести царот

Изаке Силва од Шахтјор има само 19 години и луди идеи за ножички. На мечот против Лех Познан кој неговиот тим го доби 1:3 во Конференс, Бразилецот ја штопна со глава и сам си ја намести на ножички. Никој не очекуваше ваква завршница. Голманот остана да ја гледа.

Супер компилација со Елмас, во дрес на Манчестер го облекле

Само ден после написите дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за него, налетавме на топ видео од Елиф Елмас, со голови, асистенции и врвни дриблинзи во дресот на Наполи и македонската репрезентација. На Јутјуб каналот „Menino X“ го претставиле со дрес на премиерлигашот.

Буцкото со најшармантни слободни удари

Ахмед Амин Белхаџ има 26 години и веќе е голема ѕвезда на Инстаграм. Има околу 215 килограми а изведува слободни удари како најголемите врвни мајстори.

Анри: Не знам што ставаат на дресот на Реал, но можеби ќе ми помогне да си ја вратам косата

Легендарниот француски напаѓач во комбинација со Џејми Карагер и Мика Ричардс, се празник за гледање после натпреварите во ЛШ. Како навивач на Барса, без никакви комплекси го испофали Реал, посебно Валверде кого го нарече војник.

Фудбалер на Челси турна дете што собира топки па му го подари дресот

Челси имаше активен резултат до 86' минута во Париз против ПСЖ кога губеа со само еден гол негатива 3:2 но до крајот од средбата Хвича Кваратцхелија постигна два гола за конечни 5:2. Во судиското продолжение настана гужва поради Педро Нето.

Префинетиот лоб на Витиња

Повеќе тренери за Витиња кажаа дека е најдобриот фудбалер од среден ред на светот а некои отидоа до таму што тврдеа дека мора да добие „Златна топка“ во скоро време. Синоќа за време на дуелот ПСЖ - Челси на кој Французите победија 5:2, Витиња постигна прекрасен гол со многу, многу чувство.

Квича играчиште, ја искина мрежата

Квича Кварацхелија им го искомпликува на Челси реванш осминафиналето од ЛШ. При резултат 3:2, им збрца два комада во рок од 8 минути и сега клупскиот светски првак е со 3 гола негатива. Едниот мајсторски во негов стил.

15 необични факти од животот и кариерата на Феде Валверде, јунакот на Реал

Уругваецот Федерико Валверде е јунак на неделата во Лига на шампиони. На големиот мегдан Реал Мадрид - Манчестер Сити постигна дури три гола, хет-трик за само 22 минути! Досега на 75 натпревари во Лига на шампиони има 6 гола и 11 асистенции.

Фијаско на Англичаните во ЛШ со гол разлика 6:16

Разочарувачки осминафинални резултати за претставниците од Премиер лигата во ЛШ. Ниту една екипа не победи и шансата останува да ја бараат на реваншите. Најлошо помина клупскиот светски првак Челси, како и Тотенхем кои примија петарди, а 3 гола негатива ќе брка и Манчестер Сити. Ливерпул загуби минимално во Истанбул, а непоразени останаа само Арсенал и Њукасл.

Валверде - Манчестер Сити 3:0, Бодо Глимт ја продолжи бајката!

Капитенот на Реал Мадрид Федерико Валверде беше права ѕвезда на вечерта откако постигна дури три гола против Манчестер Сити, сите три во првиот дел. Норвешки Бодо Глимт го разби Спортинг Лисабон и со ПСЖ се со една нога во четвртфинале. Седум гола во Париз.

Златан ко Златан

На денешен ден пред 11 години, ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на ЛШ откако го елиминираше Челси. Ибрахимовиќ доби црвен по половина час игра. Само он знаеше да даде ваква изјава.

Врвен гол во женски фудбал на Куп на Азија

Во последното коло од групната фаза на женскиот Азиски Куп, Кинески Тајпеј со 3-1 ја совлада Индија но голот што го постигнала Маниша Калјан за Индијките бил мајсторство.

Министерот за спорт на Иран: „Апсолутно немаме намера да играме на Светско во САД“

Неколку дена по почетокот на војната меѓу Израел и САД против Иран и неколку дена по медиумското нагаѓање дали фудбалската репрезентација на оваа азиска земја ќе игра на Мундијалот 2026 во САД, стигна одговор.

Легнувајте на земја, рој иде

Фудбалерите на Унион Кокле и Спортинг Сан Мигелито во фудбалското првенство на Панама исполегнале на земја откако ветер донел рој пчели на теренот. Почекале малку додека „армијата“ помине, па продолжиле да трчаат по топка.

Почетино налетал на навивачи на Тотенхем во авион

Тотенхем ги преживува најтешките денови во поновата историја. Играат очајно во Премиер лига каде се на раб на испаѓање во втора лига. Во Лига на шампиони изгубија 5:2 од Атлетико Мадрид во 1/8 финале. Новата управа откако замина долгогодишниот сопственик Даниел Леви слабо го води клубот. Го поставија Игор Тудор за нов тренер а навивачите си го сакаат назад човекот кој ги вивна до финале на Лига на шампиони.

Гледач во Пула на идеално место

За време на дуелот во хрватската ХНЛ прва лига меѓу Истра 1961 и Горица (0:2), еден гледач имал супер место за гледање. Коментаторот во шега вели дека е можно да е некој од најавените гости, ловци на таленти.

Сте виделе ли кастрење на дрва во сред пренос?

Дај нека го исече некој дрвото, не можам да снимам пола терен ми го крие.

Гризман за потегот на Тудор: „Срамно е, си го ставил, издржи до крај“

Тотенхем игра една од најмизерните сезони во поновата историја на клубот. Овој гигант од Лондон е на раб на испаѓање од Премиер лига во втора лига. Во Лига на шампиони синоќа претрпеа дебакл 5:2 од Атлетико Мадрид. Некои голови одат на душа на младиот чешки голман Кински кој од непознати причини добил шанса од Тудор кој после 15 минути го извади од игра.