Фудбал

Кошмарната ноќ на голманот на Тотенхем во 1 минута

Антонин Кински е топ тема во ЛШ. Прими 3 гола во првите 15 минути од Атлетико Мадрид од кои два поради свои киксови, а потоа Игор Тудор го дотепа со потегот за што е жестоко критикуван од англиската јавност. Го извади во 17 минута со што уште толку му ја уби самодовербата. 22 годишниот Кински, кој е резервен голман, сезонава нема ниту еден настап во Премиер лига, а ова му беше деби во Лига на шампиони.

Аматерска грешка на голманот на Тотенхем, Тудор го извади во 17 минута

Тотенхем не знае кај тера сезонава. Загуби 5:2 од Атлетико Мадрид на првиот осминафинален меч од ЛШ. До 22 минута на семафорот стоеше 4:0. По третиот примен гол, Игор Тудор направи голманска смена и на местото на Кински го стави Викарио. 

Баерн и Атлетико ги отпишаа Аталанта и Тотенхем, Барса се извади во 95-та

Експлозија од голови во Бергамо и Мадрид, каде паднаа вкупно 14 комада, клучни за речиси сигурен пласман на Баерн и Атлетико во четвртфиналето од ЛШ. Јамал ја спаси Барселона со пенал во судиско, а Ливерпул загуби во Истанбул.

Лианко од Атлетико Минеиро изеде боксови од 7 фудбалери

Во Бразил уште е топ тема групната тепачка меѓу фудбалерите на Атлетико Минеиро и Крузеиро, која главниот судија ја реши со 23 црвени картони. Еден од играчите добил ќотек од 7 противници. Му ги изброија точно од кои му се.

Распоредот на Манчестер Сити е боли глава

Европскиот фудбал влегува во двомесечна завршница, а тоа значи дека ќе се играат клучни мечеви во кои секој бод е важен. Погледнете со што се соочува Пеп на следниве 9 меча, во случај да го мине осминафиналето од ЛШ. Војна на 4 фронта.

18 годишен клинец ќе ви покаже како се шутира со фелш

Задок Јохана од Нигерија воодушеви со дрската соло акција и завршница во дресот на шведски АИК. Колку само махерски ја свитка на крај. Мајстор. А роден е 2007-ма.

Фудбалер на Силекс плачеше по црвен картон со Вардар

Екипата на Силекс остана со играч помалку во првиот дел од дуелот со Вардар, а тоа му падна тешко на младиот напаѓач Дарко Додев кој мораше предвреме да го заврши мечот. По еден досуден прекршок и коментари и протести на сметка на судијата, Додев добил црвен картон а набрзо исклучен бил и тренерот на Силекс Александар Васоски. Вардар води 0-1 со голот на Стефан Цветковиќ во 43' минута од средбата.

Конте: На Св.Елмас треба да му изградиме статуа

Силни зборови на Антонио Конте за Елиф Елмас после победата на Наполи против Торино од 2:1, меч на кој нашиот репрезентативец го одигра 18-от меч по ред како стартер и на кој го постигна деби голот сезонава.

Пандев: Најдобриот Пандев беше оној во Лацио со Делио Роси

Се повлече во 2022-ра на 39 години и постави цели, ултра тешко достижни за македонски фудбалер: 20 сезони во Италија зачинети со 9 трофеи, кои ги нема освоено и еден Тоти. Плус пласман на Европско со негов гол. Газета дело Спорт објави тазе големо интервју со нашата легенда.

Голот со кој Милан пак го урна Интер

Милан го совлада големиот градски ривал Интер со 1-0 со гол на еквадорскиот лев бек Первин Еступињан во 34' минута од големото дерби. Сега росонерите се на -7 зад лидерот Интер на 10 кола пред крајот на сезоната во Серија А. Нераѕурите во финишот имаа неколку шанси, имаше и некои контроверзни моменти во шеснаесетникот на Милан но на крај црвено-црните славеа голема победа.

Ни во македонска лига немаме видено вакво нешто

Мечов не е ниту во Краљево, ниту во Шишево. Зборуваме за прва чешка лига меѓу екипите на Бохемианс и Слован Братислава. Како беше она: Кој си ја најде, негова си е.

Дивјачко тепање меѓу Крузеиро и Атлетико, судијата ги реши со 23 црвени

Финалето од првенството во Бразил донесе жестока групна тепачка каква што одамна немало меѓу фудбалери. Сè започна во последните секунди од мечот кога домашниот играч Кристијан се нафрли врз голманот Еверсон, кој потоа го згази и го шутна. Потоа настана целосен хаос. Летаа боксови, клоци, удари со нога, а боксуваше и Хулк. Епилогот е 23 црвени картони.

Голчиште и пол со асистенција на ѓутуре

Јак гол падна во Швајцарија на средбата Лугано - Луцерн 1:3. Ај мајсторов океј, ги има вакви, што не е лесно, ама асистенов свесен ли е што направи?

Само Меси ги има овие лобчиња

Барселона - Арсенал на денешен ден пред точно 15 години. Кога Иниеста ја има топката, а Меси ја прима пред голман, резултат е ваков:

Кралот е жив: Реал Мадрид се спаси со гол во 90+4' минута

„Кралевите“ на ова незгодно гостување кај Селта Виго дојдоа без 10 повредени и суспендирани првотимци па тренерот Арбелоа поведе 7 младинци со екипата. Орелијан Чуамени го донесе Реал Мадрид во водство против Селта на гости во 11' минута а Борха Иглесијас израмни на 1-1 во 25' минута. На крајот во 90+4' минута Федерико Валверде постигна победнички гол за 1-2 и Реал Мадрид се врати на само -1 од лидерот Барселона која има и натпревар помалку.

Атрактивен гол со волеј на Елмас за Наполи

Конечно Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец веќе подолго време игра стандардно за Наполи кај тренерот Конте, а синоќа на дуелот против Торино конечно го скрши мразот и даде гол, прв сезонава по враќањето во Наполи. Во 25. коло од Серија А Елмас постигна погодок во 68' минута за 2-0. До крајот гостите го намалија резултатот на 2-1.

Ненадминлив карамбол

Сме виделе карамбол повеќе пати, ама вакво нешто како во втората лига во САД сте виделе ли?

Ван дер Сар брзински кажа кои се а кои не светска класа голмани

Легендарниот холандски голман и миленик на навивачите на Ајакс и Јувентус кој блескаше и во Манчестер Јунајтед, отворено одговори на прашања за тоа кои голмани се а кои не се при светскиот врв. Без затегање.

Бегството на Ашковски од Иран кој морал да ја плати слободата

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски имал тешко патешествие на патот од Техеран до Скопје долг 3.200 км. Се соочил со затворени аеродроми и долго и неизвесно копнено патување со многу проблеми, без виза, а на почеток и без пасош. Клучен играч кој му помогнал од почеток до крај бил Мердар, шоферот на албанскиот репрезентативец Јасир Асани.

Инвентивноста на Тотенхем од слободен удар

Тотенхем е во очај. Загуби дома од Кристал Палас 1:3 и сега е на -1 од зоната за испаѓање. На табелата со бодови само од вториот дел од сезоната се на дното со ниту еден триумф на 10 меча. Погледнете ги како ги користат слободните удари.

Побрз и од Болт: Фудбалер на Железничар Панчево во Топ5 најбрзи играчи

Фудбалерот на Железничар од Панчево Симао Педро достигнал неверојатна брза од 37 километри на час на натпревар против Спартак Суботица што е петто најбрзо време во фудбалска Европа измерено сезонава.

Трамп: Кој е појак, Меси или Пеле?

Обично дебатата за тоа кој е најдобар и на која веќе станавме уморни е меѓу Меси или Роналдо? Ама секој со своето, според годините, спомените и знаењето. Диего во гроб се превртува.

Трамп го пречека Интер Мајами и на Меси му зборуваше за Роналдо

Шампионот во МЛС лигата за првпат во историјата стигна до овој трофеј, Интер Мајами беше на гости во Белата Куќа кај претседателот на САД Доналд Трамп кој организираше прием за Меси и другарите.

Грузискиот Ван Бастен со гол на сезоната таму

Во 3. лига во Грузија падна најубавиот гол на сезоната. Ала Марко Ван Бастен од времето во Ајакс и Милан.