Фудбал

После долго време, самба се заигра на „Олд Трафорд“, Ентони танцуваше

Речиси сите навивачи на Манчестер Јунајтед едногласно тврдеа дека мечот на нивниот клуб против Тотенхем синоќа (2:0) бил најдобриот во последните неколку години. „Црвените ѓаволи“ везеа по теренот, а скапоцениот Бразилец Ентони донесе шмек на бразилска самба.

Туку, го видовте ли ремек-делото на Алмирон од Њукасл?

За разлика од некои претходни кола кога голови паѓаа како дожд, синоќа во Премиер лигата немаше многу. Во просек имаше по еден погодок на дури пет средби. На „Сент Џејмс Парк“ препородениот Њукасл со 1-0 го совлада Евертон. Стрелец на голот Мигел Алмирон. Еврогол не гол.

Кулушевски конечно гукна нешто на македонски

Разрешена е мистеријата со ѕвездата на Тотенхем и селекцијата на Шведска. Дејан кој има потекло од Охрид, зборува по малку македонски.

И при водство од 2:0, Роналдо предвреме лут си замина во соблекувална

Манчестер Јунајтед ја доби тешката битка против третопласираниот Тотенхем и стигна до шеста победа после 10 меча во Премиер лига. Ама штом не игра, Кристијано уво не го боли и уште пред да почне судиското продолжение, стана од клупата за резервни играчи и си отиде.

Нема што јас да трчам кога треба да се породам

Човекот на кој во памет му е каде да оди утре да дупла чкемче чорба, направи вкупно три чекори.

Сторијата за Леао, поврзаноста со семејството, недисциплината и првата плата

Врската на Рафаел со неговите е блиска и многу силна. Меѓу нив има гестови на великодушност и почит. Ама кога не слушал, јадел воспитни.

Нејмар го поддржал Болсонаро за да му прости долг од 17 милиони евра?

Најголемата фудбалска ѕвезда на светот отворено застана зад актуелниот бразилски претседател кој за неколку дена ќе води решавачка битка за нов мандат.

Оди сопри ја акцијава на Порто да те видам

Ако не ви е јасно како се прави играч повеќе во напад, ќе ви покажат генијалците на Порто.

Миовски израдува девојче во Шкотска кое му се појави со македонско знаме

Бојан Миовски за многу кратко време ги освои срцата на навивачите на Абердин. Тие пејат за него, го бодрат со македонски знамиња, а тој им возраќа и со голови и со убави гестови.

Кои познати ѕвезди ќе го пропуштат Светското првенство?

До почетокот на Мундијалот во Катар има уште еден месец, но некои репрезентации веќе имаат отсутни играчи кои речиси сигурно нема да се појават на најголемиот светски фудбалски собир. Со перспективи кои до крај не се јасни, некои веруваат дека можат да се опорават до тогаш.

Ла Лига ви го претставува Столе пантерот

И во новата сезона во Шпанија, кумановецот Столе Димитриевски брани на ниво. Синоќа со Рајо Ваљекано освои голем бод на тешкото гостување во Мадрид против Атлетико, а Ла Лига издвои една негова многу јака парада од викендов против Хетафе (0:0).

Голман во Португалија распали од свој петерец и направи шоу

На второлигашката средба во Португалија меѓу Феиренсе и Мореиренсе гостите победија 1-2, но она што го направи домашниот голман Артур да Силва кој ја зарога топката од свој шеснаесетник и постигна прекрасен гол е хит на колото.

Бокшиќ да помине на улица нема шанси да го препознаете

Деца, ај малце да одмориме со Халанд и Мбапе. Ако не го знаете ликов, имате за домашно да го научите. Додуше ние ќе ви помогнеме. Играше со Панчев за Југославија, се пензионираше во Премиер лига, а во Скопје намина пред 10 години.

Саша мајсторе, ти од Марвел да не си лик?

На мечот од втора аргентинска лига меѓу Естудиантес Рио Куарто и Депортиво Риестра кој домаќините го добиле со 1-0, домашниот лев бек со име и презиме од регионов, Саша Маршиќ спаси гол како што ни голмани не бранат.

Раџа Наинголан ладно пушел цигара на клупа за резерви

Некогашниот белгиски репрезентативец во еден период од кариерата беше меѓу топ5 најдобри играчи во Европа на неговата позиција. Фанатичен борец кој скоро цела кариера ја помина во Италија, во Пјаченца, Каљари, Рома и Интер. Пред некое време се врати во родниот клуб и град Антверпен каде сега е суспендиран на неопределно време зошто пушел на клупата за резерви.

Тенкиот мраз во Горица по кој оди некогашниот селектор Игор Ангеловски - Мрме

Македонскиот фудбалски тренер кој нашата репрезентација ја одведе на првото Европско првенство во историјата, пред крајот на август потпиша со хрватскиот прволигаш ХНК Горица. Договорот има важност до 2024-та но на Ангеловски не му оди баш најсјајно.

Донеси 54 пива, изгледа ќе има продолженија и пенали

Ти со тие шест комада одма да се тргнеш. Ете така.

Емотивно збогум на Игуаин

После 785 партии фудбал, 366 голови, 127 асистенции и 14 трофеи, аргентинскиот центарфор едвај се одвои од теренот.

Прекрасното видео за Карим во кое зборуваат и Зидан, Анчелоти, Мурињо

Видео снимено за најдобриот играч на светот, Златната топка Карим Бензема кој играше под Мурињо, Зидан, Карло Анчелоти и многу други великани. Заслужено го доби највредното признание затоа што на Реал минатата сезона му донесе пехар во Лига на шампиони и титула во шпанска Ла Лига. Од Реал заминаа играчи како Ван Нистелрој, Раул, Роналдо, Игуаин и други, а тој остана стандарден првотимец.

Бензема излезе во стилот на неговиот идол Тупак, на сцена ја викна и мајка му

„Јас имав три мечти: да ѝ купам стан на мама, да заиграм за Реал Мадрид и да освојам Златна топка“, изјави Карим Бензема кој апсолутно заслужено ја доби наградата за најдобар играч на светот за минатата сезона. До него на сцена беше мајка му Малика а потоа и татко му Хафиз и синот Ибрахим.

Мурињо откри што му кажал на Дејан

Само неколку дена откако седна на клупата на Сампдорија Дејан Станковиќ ремизираше 1-1 на гости кај Болоња во 9. коло, а синоќа изгуби од неговиот некогашен наставник Жозе Мурињо. Сампдорија - Рома 0-1 со голот на капитенот на гостите Лоренцо Пелегрини во 9’ минута. Дорија ја чека грчевита битка за опстанок зошто се убедливо последни со дури 7 порази и 3 нерешени без ниедна победа.

Тричко партали прави на Кипар

Осум дена, три натпревари - 4 погодоци за довчерашниот македонски репрезентативец кој на 35 години не престанува да тресе мрежи.

Овации за Зидан, свирежи за Мбапе

Килијан Мбапе немаше баш пријатен пречек на церемонијата за доделувањето на Златната топка во Париз. Мета е на големи критики од навивачите поради муабетите дека сака да си оди и плус го обвинуваат дека тој е виновник за лошата атмсофера во ПСЖ. На Зидан пак кој го доби признанието на Франс фудбал во годината кога Мбапе е роден, му го скандираа името.

Кралот Карим ја дочека Златната топка

По Рајмонд Копа, Жан Пјер Папен, Мишел Платини и Зинедин Зидан, Карим Бензема стана петтиот Французин во историјата кој успеа да стане најдобриот фудбалер во светот според Франс фудбал.