Фудбал

Модриќ има посебен ритуал на славење во соблекувална

Кога Реал Мадрид ќе добие голем натпревар, Лука оди да им честита на сите. Ама буквално на сите. Од тренер, играчи, масери, стручен штаб. Сите ги испоштува после Ел Класико. Потег со кој се одржува и тимскиот дух.

Како БиБиСи ја претстави Македонија пред шамарот во Саутемптон

Биднаа 20 години од нашето најславно реми против една од најславните генерации на Англија. 16 октомври 2002 - 16 октомври 2022. Англија - Македонија 2:2. Овој пат одиме со малку поопширен материјал покрај корнерот на Шаќири.

Ни крива ни должна најдобрата фудбалска судијка на свет соборена на терен

Во Франција се одигра дербито ПСЖ - Марсеј кое го добија домаќините со 1:0 со голот на Нејмар. А во Рен, домашниот состав го пречека Лион и победи 3:2. Овој меч остана во сенка на епизодата со главната судијка, Стефани Фрапар, првата жена судијка во историјата на францускиот и воопшто европски машки фудбал.

Го видовте ли Жута како изведува аут?

Леонард Жута е наш човек, роден во Шведска. Врза 15 настапи за Македонија во периодот 2015-2016. Играше за Ријека со Рики, со Бобан Николов во Лече, а сега е член на Волеренга од Норвешка. Што е со човеков, да не е фатен во кичмата?

Ван Нистелрој има баш пријатни спомени од Стам, Неста и Малдини

Море какви пријатни спомени, трауми се тоа. Tуку фино ги раскажува, до стадиум да ја насмее публиката. Се изнапромашувал на Сан Сиро кутриот. Од страв.

Мајстори кратеа стативи на мечот Хал Сити - Бирмингем

Е во ова лежи убавината на стариот добар англиски фудбал. Задржан е уште во втората лига Чемпионшип и во подолните дивизии. Дербито Хал Сити - Бирмингем Сити доцнеше неколку минути затоа што судиите забележале дека едниот гол е два инчи, односно пет сантиметри повисок од другиот.

Барди промаши чист зицер со Бешикташ, па се тегнеше со противнички играч

Во големото дерби меѓу Бешикташ и Трабзонспор, екипите поделија по бод (2:2). Гостите на два пати водеа, а Бешикташ се враќаше. Во еден момент нашиот репрезентативен капитен Енис Барди кој во Лига Европа постигна прекрасен гол од слободен удар, промаши чист зицер.

Снимка која покажува дека голот на Роналдо против Њукасл е регуларен

Манчестер Јунајтед оствари нов разочарувачки резултат сезонава, само 0:0 против Њукасл. Но во Премиер лига знаат да разочараат и судиите.

Што беше најинтересно на Ел Класико меѓу Реал и Барса?

Реал Мадрид самоуверено со 3-1 ја совлада Барселона во првото Ел класико на сезоната. „Кралевите“ воспоставија контрола уште од сам старт и во прво полувреме го најавија победникот. Се појави статистички податок дека Чави бил најслабиот тренер на Барса по првите 50 меча.

Клоп грмеше, па главниот судија го олади

Германскиот стратег постави одлична тактика во дуелот против страшниот Манчестер Сити и со голот на Салах црвените освоија три драгоцени бода. Во 85’ минута Јирген Клоп му се изнаурла на главниот судија Ентони Тејлор зошто не им досудил очигледен фаул. Овој без размислување го олади.

Голманската асистенција на Алисон и бравурата на Салах за лудница на Енфилд

Спектаклот Ливерпул - Манчестер Сити траеше цели 100 минути. Во дербито на 10. коло црвените на својот „Енфилд Роуд“ со 1-0 го победија големиот ривал и му го нанесоа првиот пораз на гости во лигата од првото коло од минатата година и прв пораз сезонава уште од јули. Алисон асистент од свој петерец, Салах реализатор.

Океј е Пеп, друг пат не те прашуваме кога губиш

Во Гвардиола има доста материјал за една квалитетна комична компилација од разно разни спонтани ситуации. Последната е од првиот пораз вчера од Ливерпул.

Левандовски го префрли цел гол од еден метар

Реал Мадрид го доби мечот на сезоната во Шпанија и со триумфот над каталонците од 3:1 изби на челната позиција. Сега има +3 пред Барса и е единствена екипа без пораз после 9 кола. Роберт Левандовски имаше колосална шанса, каква што обично не промашува.

Асистенција каква што не се видела од времето на Гути

Виљареал има 4/4 во Лига Конференции и со 12 бода е апсолутен лидер во групата. „Жолтата подморница“ синоќа со 0-1 ја победи Австрија Виена на гости. Победничкиот гол падна во 87’ минута. Стрелец 21-годишниот Сенегалец Никола Џексон. Асистент 35-годишниот ветеран Хозе Луис Моралес. Петица како Гути за Бензема на времето.

Шевченко: „Бев во возот кога го гранатираа мостот“

Најдобриот украински фудбалер на сите времиња и легенда на Милан, Андреј Шевченко објави дека бил непосреден сведок на страшното гранатирање во Киев.

Преубава приказна со голманот навивач на Манчестер кој правеше чуда на „Олд Трафорд“

Фудбалот носи бескрајно необични епизоди. На мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Омонија на „Олд Трафорд“ во рамки од 4. коло на Лига Европа, големиот фаворит едвај победи со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+3’ минута. Главен јунак на мечот е голманот на кипарскиот тим, Френсис Узохо.

Мурињо го виде голот на таблет, па тргна да слави пред да чека ВАР

Рома успеа да остане непоразена на тешкото гостување кај Бетис кој ги совлада минатата недела во Рим 1-2. Шпанскиот состав поведе со 1-0 преку Серхио Каналес а одговори Андреа Белоти. Интересно за голот на Италијанецот, судијата тргна да гледа ВАР снимка, а Жозе Мурињо предвреме на таблет го виде голот па тргна да слави.

Убава вечер за Македонците, Тричко стрелец против Фенер и мајсторија на Барди со Монако

Трабзонспор го декласираше француски Монако со 4-0 во 4. коло од Лига Европа. Турскиот состав со овој триумф се приближи до пласман во следната рунда, а еден од стрелците на гол беше и нашиот Енис Барди кој постигна фантастичен погодок. Голот на Барди е номиниран за најубав на колото во цела Лига Европа.

Мангупски слободен удар на Барди против Монако

Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.

Пред 29 години Македонија го одигра првиот официјален меч и ја совлада Словенија

На денешен ден, во 1993-та година македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален фудбалски натпревар по осамостојувањето. Во Крањ убедливо ја победивме Словенија со 1-4.

Реал Мадрид објави видео од шиењето на Рудигер

Шахтјор Доњецк во Варшава го пречека Реал и украинскиот тим водеше 1-0 буквално до последните секунди од мечот кога гостинскиот стопер Антонио Рудигер постигна гол со глава но притоа тешко се повреди во дуел со домашниот голман. Веднаш го однеле на шиење во соблекувална каде добил 20 конци, а поддршка му давале Тони Крос и Алаба.

Ја видовте ли акцијата на Наполи за која немаше одбрана?

За Наполи низ годиниве играа сјајни играчи како Хамшик, Лавеци, Кавани и Наполитанците секогаш негувале убав фудбал мераклиски. Сезонава ја почнаа неверојатно, со дури 9 рекордни победи по ред во сите натпреварувања. Во Лига на шампиони ги потопија Ливерпул (4:1), Ренџерс (0:3), Ајакс (1:6 и 4:2). Дадоа 17 гола на само 4 меча. Под водство на Спалети играат најубав фудбал во Европа.

Како одбрана со лице донесе историја за белгиски Бриж

Белгискиот шампион Клуб Бриж направи историски подвиг и за првпат во историјата се пласираше во плејофот, нокаут-фазата од Лига на шампиони. И тоа без примен гол а дадени 7 погодоци на две кола пред крајот, во силна група.

Салах го постигна најбрзиот хет-трик во историја на Лига на шампиони

Ливерпул покажа голема надмоќ над шкотски Ренџерс и тоа на гости среде „Ајброкс“ во Глазгов. Иако домашните први поведоа и сите помислија дека лошата форма на Ливерпул од Премиер лига се префрла и во Лига на шампиони, црвените не само што брзо израмнија туку во второ полувреме дадоа дури 6 (шест) гола и славеа 1-7. Јунак на триумфот е Мо Салах.