Фудбал

Не умирам ни на 91 година додека моите не станат шампиони уште еднаш

Хезус Санчез им рекол дома дека не планира да се одјави додека не го види Атлас со шампионскиот пехар. Тоа го доживеал само еднаш во животот, во 1951-ра година, кога имал 20 години и еве го сега повторно по 70 години пауза, Атлас е шампион на Мексико и тоа по изведување пенали. Какво чувство.

Професионален фудбалер не смее да го промаши ова

Колку треба да немаш компас или да немаш осет со глава за да направиш ваква утка сам на празен гол? Примеров е од Мексико.

Атракција на Бензема против Атлетико за личен голгетерски рекорд во 2021-ва

Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.

На Арапскиот Куп Алжирец даде гол од кој боли глава

Купот на Арабија во организација на ФИФА се игра првпат годинава меѓу репрезентации од арапскиот свет. Овој турнир за првпат во историјата се играл во 1963-та но со прекини низ годините а организатор била UAFA (Арапска фудбалска асоцијација).

Ибрахимовиќ со прекрасен гол влезе во историја

40-годишниот Златан го спаси својот Милан од пораз на гостувањето кај Удинезе (1:1) со гол во 90+2' минута. Ибрахимовиќ со погодок во негов карате стил ја погоди мрежата и влезе во друштво на Лео Меси и Кристијано Роналдо на уникатната листа од тројца играчи кои дале најмалку 300 гола во најдобрите европски лиги. Лионел има 475, Кристијано 483 а Златан јубилејни 300.

Фантастичен кам бек на Чурлинов со гол и асистенција

По речиси еден месец пауза поради повреда, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов се врати во тимот на Шалке 04 и одигра одлична партија како стартер.

Гласајте за Елмас, кандидат за играч на неделата во Лига Европа

Не се само Наполитанците, Лучано Спалети и италијанските медиумите тие кои го препознаа и уважија одличниот перформанс на Елиф Елмас, туку и УЕФА.

Мала зафрканција во колумбиска лига

Америка Де Кали со 2-1 го победил тимот на Алијанса Петролера. На овој натпревар дувало толку ветер што на судијата во еден момент му летна жолтиот картон, ама брзо му го најдоа за да му го покае на Аранго од Петролера.

И Борјан пука од емоции за успехот на Ѕвезда

Фудбалерите на Црвена Ѕвезда не само што успеаа да ја минат незгодната група во Лига Европа, туку со ремито во Португалија против Брага се изборија за прво место. Тоа значи дека го скокаат плејофот и одат директно во осминафинале кое ќе го играат дури во март.

Дејан Станковиќ како Мурињо на времето

Тренерот на Црвена Звезда еуфорично го прослави првото место во група на Лига Европа за неговиот тим, откако синоќа со Брага одиграа 1-1 и освоија драгоцен бод со кој се на чело на табелата и одат директно во осминафинале. Станковиќ после мечот трчаше ко Мурињо со Порто на Олд Трафорд и со Челси на Камп Ноу.

Видал си гази со Пандата и на снег

Еве го пак царот. Се јави и на невреме.

Драма и пол со одбранетиот пенал на Спартак Москва во 98-ма минута

Наполи и Лестер имаа директен дуел за осминафиналето во ЛЕ, а паралелно во Варшава, Легија утна пенал на крај, со кој можеше драстично да ја промени состојбата во групата Ц. Не за себе, туку за сите други.

Елмас во фокусот на насловните страници, Спалети му ветил нешто на полувреме

Фантастична ноќ за сјајното момче Елмас како што го нарече Лучано Спалети. Европски бомбардер е еден од насловите во италијанскиот печат, бидејќи македонскиот репрезентативец со два гола го реши Лестер и го однесе Наполи во нокаут фазата од Лига Европа.

Лудорија од проектил на Оршиќ со кој Динамо Загреб го сруши Вест Хем на гости

Евроголот на колото во Лига Европа без конкуренција е дело на Мислав Оршиќ. Погодок вреден 3 бода во Лондон и пласман во следната фаза од ЛЕ за Стефан Ристовски и Аријан Адеми, кои беа стартери синоќа.

Елмас ја начна мрежата на Лестер

По половина час игра, Наполи има предност од 2:1 против Лестер во директниот дуел за пласман во следната фаза од Лига Европа. Вториот гол за Наполитанците е дело на Елиф Елмас кој во 24-та погоди за 2:0.

Што ти е трпение, 19 години откако потпиша за Манчестер Јунајтед доби шанса да влезе во игра

Наследникот на Солскјер синоќа ја изненади публиката на Олд Трафорд со пар интересни одлуки околу составот кои привлекоа големо медиумско внимание. Заигра син му на Роби Севиџ на 18 години, а му даде шанса и на голман кој на 35 години дочека деби за Јунајтед.

Точно 20 години од најлудиот гол на Андреј Шевченко

Тешко дека скоро ќе гледаме вакви тимови. Страшно дерби Милан - Јуве, на денешен ден, 9 декември пред 20 години, во 2001-ва. Пред 81.691 гледач Шевченко, Руи Коста, Малдини, Умит Давала, Гатузо, Албертини против Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Ѕамброта, Едгар Давидс, Монтеро, Буфон, Турам, Јулиано.

Последен пат кога Барса испадна од групи во Лига шампиони пред 21 година имаше чуден тренер

Можеби помалку очекувано, Баерн Минхен реши да демонстрира сила и со 3:0 ја згроми жалната Барселона која по заминувањето на Меси никако не може да се пронајде на теренот. Каталонците вака рано од Лига на шампиони не испаднале повеќе од две децении.

Син му дебитираше за Манчестер Јунајтед во Лига на шампиони, Роби Севиџ заплака

Роби Севиџ беше еден од оние јунаци на англискиот фудбал кои долго се паметат. Во кариерата одигра 538 меча за Кру, за Лестер Сити, Бирмингем Сити, Блекбурн Роверс, Дерби Каунти. Кариерата ја заврши во Стокпорт. Играше и за репрезентацијата на Велс, а сега може да биде бескрајно горд зошто син му Чарли Севиџ дебитираше за гигантот Манчестер Јунајтед и тоа во Лига на шампиони.

Мајтапот на Де Рон за снегот во Бергамо

Мечот меѓу Аталанта и Виљареал е преместен за вечерва од 19 часот поради обилни вржени од снег синоќа во Бергамо. Мартен Де Рон беше јак со твитот. Еве сме вели, доаѓаме да играме со Ѕапата и Копмајнерс.

Бегајте дома, снег натрупа каква Лига на шампиони

Поради обилни врнежи снег во Бергамо, мечот од последното коло во Лига на шампиони меѓу Аталанта и Виљареал беше одложен, не се одигра и се премести за четврток. Ваква одлука донел главниот судија Ентони Тејлор откако го испитал теренот и прво го одоложил мечот на 20 минути па после за четврток од 19.

Марез има лепак на копачките

Едно време им се восхитувавме за вакви работи на Зидан и Роналдињо, ама види го ти капитенот на Алжир како ја штопува. Му се лепи.

Двете 100% утки на Баерн и Динамо

Нема коло без некое големо промашување во последно време. Така беше и во Лига на шампиони, каде проблеми со нишанот имаа Виктор Цихангов и Лирој Сане.

Лил, Бенфика и Салцбург го заверија осминафиналето во ЛШ, Барселона немоќна во Минхен

Со исклучок на Ф групата во која средбата Аталанта - Виљареал поради снег е одложена за утре, добивме конечна разврска во останатите групи. На Јувентус, Челси и Манчестер Јунајтед, во нокаут фазата им се приклучуваат Лил, Бенфика и Салцбург.