Фудбал

Не еден, туку четири голчишта на Тоти на мал фудбал

Ја заврши кариерата пред пет години кога имаше 40 и не престанува да растура. Од 1:5, неговиот тим на крај одигра 6:6, благодарение на извонредниот Франческо, кој блесна со четири мајстории од кои човек не знае која да ја одбере попрво. Мурињо да го види ова, ќе го земе во тим.

Михајловиќ опуштен и храбар, разговараше со играчите од болничка соба

„Физички нема да бидам присутен, ама со мислите сум постојано со вас. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме. Немам сомнеж во тоа. Таков е животот. Тој не е права линија, туку има кривини, падови, подеми и неочекувани дупки во кои можеш да паднеш и треба да бидеш силен да станеш“.

Врвна заебанција за слободните удари на Роналдо во Јувентус

Дечки тргнете се админот на Моцарт да помине. Шегава му е ненадминлива.

На кров на црква во Италија пронајдени десетина фудбали, имало и од Светско 1978

Необична вест стигнува од Италија каде еден кров на еден стар храм одамна не бил чистен. Решиле да се качат со механизација и горе што да видат: десетина стари фудбалски топки.

Ибра во жесток дуел со Гари Медел, го заврши мечот со чалма

Златан Ибрахимовиќ влезе од клупата да му помогне на Милан да ја пробие одбраната на Болоња која во отсуство на тренерот Михајловиќ освои драгоцен бод (0:0). Милан пропушти шанса да се одлепи повеќе на врвот на табелата, а Златан во еден дуел со Гари Медел во противничкиот шеснаесетник заработи посекотина.

Зинченко: Сопрете го Путин и спасете ги украинските деца

„Имам ќерка и срцето ми се кине од помислата колку деца умираат на нејзина возраст и остануваат сирачиња. Веќе има повеќе од 140 убиени деца и ќе има повеќе ако некој не ја спречи оваа инвазија“.

Дивјачко однесување во Косово, едниот голман даде гол во 94-та, а другиот го рогаа

Дербито на колото во косовското првенство донесе драматичен крај во судиското продолжение кое се жал не заврши на фудбалски начин со последен свиреж на судијата. Работите до толку излегоа од контрола, што гостите одбија да го доиграат.

Деконцентрација на колото со гол газ

Брест освои три бода на гостувањето против Монпеље, а при резултат 0:2 во 90-та минута за домаќините имаше пенал. Го изведе и погоди Тежи Савание, кого гостинските навивачи се обидоа да му го одвлечат вниманието. Циркузи.

Серија Б не видела ваков слободен удар сезонава

Во италијанската втора лига Серија Б, Алесандрија и СПАЛ си поделија по бод (2:2). Федерико Вивијано за гостите го даде вториот гол кој се врти по социјалните мрежи на големо. Од четириесет метри распали царот.

Фантазија од потег на Нејмар и гол после прекрасна акција

ПСЖ конечно заигра како треба и со 5-1 го демолираше Лориен. Головите ги дадоа Нејмар, Мбапе и Меси а последниот на мечот кој го постигна Бразилецот е за гледање неколку пати.

Невозможни одбрани на голманот на Борусија Менхенгладбах

Искусниот 33-годишен швајцарски репрезентативен голман Јан Зомер е најзаслужен што неговата Борусија Менхенгладбах одигра 1-1 со Мајнц и не прими најмалку пет гола. Пантерски одбрани кои влегуваат во најдобри на сезоната во Бундеслига.

Сите драматични ситуации на Јувентус - Интер

Избраниците на Алегри и Инѕаги целосно го оправдаа епитот „дерби на Италија“. Можеби не со убавината на играта, колку со борбата на терен и пожртвуваноста. Судијата Ирати глава не крена од работа. ВАР, пенал, од ново пенал, кавги, картони, глума, остри фаули...

Спектакуларна увертира на дербито на Италија со хит од Џон Ленон

На само неколку мигови пред стартот на мечот Јувентус - Интер, светлата на Алијанц се изгаснаа поради перформансот на италијанската пејачка Гаја Гоци и Украинката Катерина Павленко. Ја изведоа „Imagine“, во чест на Украина, а со нив запеа и публиката. Емотивен момент со порака за мир.

Педри го фрли во делириум Камп Ноу во стилот на Меси

Легендарниот Чави ја препороди Барселона откако и се врати како тренер. Каталонците од средина на табелата стасаа до втора позиција и сега со натпревар помалку се израмнети со Атлетико и Севиља со по 57 бода. Мечот против Севиља го реши Педри на мајсторски начин откако двајца легна на земја.

Убиствена контра на Наполи која мајсторски ја реши Елмас

Фудбалерите на Наполи освоија важни три бода на многу непријатното гостување во Бергамо. Точка на мечот стави Елиф Елмас кој го претрча цел терен и на одличното додавање на Лозано, во дуел еден на еден, итро го реши голманот на Аталанта.

А дали сте виделе рафал од жолти картони?

Антонио Матеу Лахоз, судија кој со години суди со ФИФА и УЕФА знак, на меч меѓу Хетафе и Мајорка во Ла Лига во првиот дел од натпреварот во пар секунди рафално подели дури четири жолти картони за: Енес Унал и Сандро Рамирез од Хетафе и за Џовани Гонзалес и Франко Русо од Мајорка.

Баерн комотно играше со 12 играчи во поле додека судијата не примети

Со головите на Горецка, Гнабри, Коман и Забицер, Баерн Минхен со 1-4 го совлада Фрајбург на гости и ја продолжи доминацијата во трката кон титулата во Бундеслига. Фрајбург успеа на кратко само да го израмни резултатот, но сето тоа паѓа во сенка на настанот на 5 минути пред крајот од мечот кога Баерн беше со 12 играчи на терен.

Трол на денот за Реал Мадрид

Реал Мадрид доби три пенали на гостувањето во Виго, а Бензема искористи два за гостински триумф против Селта од 1:2. Твитерот е пуштен на најјако.

Селски лоб од пола терен со надворешна

Ваков удар веќе никогаш нема да влезе повторно, никогаш, ќе рече еден од публика на крајот од видеото. Абе со мајки, шајки му се истурија откако им ја даде на бавтана. Неверојатен гол.

Штосен коментар на Роналдињо за оние кои го свират Меси во ПСЖ

Бразилскиот магионичар со топка, даде мангупска изјава за небулозниот потег на навивачите на ПСЖ: „Не ги разбирам свирежите. Ако го свирите најдобриот на свет, тогаш на кој ќе му аплаудирате?

Светско првенство: Дерби дуели уште во групите, пак заедно Бразил, Швајцарија и Србија

Вечерва во Доха беа извлечени групите за Мундијалот во Катар 2022. Неколку фантастични мега дуели ќе има уште во групна фаза.

Излезе официјалната песна за Светското првенство

Американецот со мексиканско потекло Тринидад Кардона, Африканецот Давидо и Катарката Аиша се музичарите автори на официјалната песна за Светско првенство 2022 во Катар. Типична како и сите досегашни, без голема промена на курс.

Успеа шегата за Македонија на Светско

Во овие прекрасни фудбалски времиња за нашиот национален тим, сите веруваме во нашите фудбалери кои ја однесоа Македонија на Европско, а за малку и Светско. Некои денеска поверуваа дека е пласирана и во Катар, па велат: Па и нас да нè огрее сонце еднаш. 

Денеска е ждрепката за големото Светско првенство, објавени саатниците на натпреварите

Вечерва од 18 часот почнува големата церемонија на извлекување групи за Мундијал 2022 кој за првпат во историјата ќе се игра на зима, од ноември до декември, поради високите температури во земјата домаќин Катар.