Фудбал

Мајсторски финиш на Миовски еден на еден со голман

По шест натпревари без гол, Бојан Миовски и годинава ја продолжува одличната деби сезона во Шкотска каде на конто има 12 гола на 23 средби. Македонскиот центарфор го отвори резултатот во првиот дел со одлична завршница, но во финалето на Лига Купот во Шкотска оди Глазгов Ренџерс, бидејќи го сврте резултат на 2:1.

Комедии при поздравувањето на Спалети и Алегри

Масимилијано Алегри повеќе од очигледно дека многу тешко го прими поразот од Наполи од 5:1 и сакаше да го избегне ракувањето со Спалети. Ама овој приреди јака сцена која ја уловија камерите. Јуве прима 5 гола во Серија А после 30 години.

Навивач на Наполи му смисли јак прекар на Елмас

Елиф Елмас го запиша вториот гол во 2023-та и вкупно петти сезонава во Серија А, откако синоќа лесно го реши Филип Костиќ во дуел еден на еден и го заокружи дебаклот на Јуве од 5:1. Без разлика дали е стартер или замена, веќе стана препознатлив како играч кој секогаш го дава максимумот, а тоа го вели во изјавите и Спалети. Кај нас е познат како „македонски дијамант“, а кај нив од сега како „El Massimo“ или во превод „Максимумот“.

Елмас го измрда Филип Костиќ за петарда и дебакл на Јувентус

Јувентус ја завршува одличната серија од 8 победи по ред во Серија А и тоа на најлош можен начин, со пораз од 5:1 од големиот ривал Наполи на кој пред ова коло му се доближи на -7. Нов гол за Елиф Елмас кој после оној против Удинезе, лесно се ослободи од Костиќ и стигна до петтиот сезонски погодок.

Додека други трчаат по големи ѕверки, Бенфика најде бисери во Норвешка

Португалските гиганти Бенфика, Порто и Спортинг може да држат трансфер клиника на која би предавале како „да фрлиш рипче а да фатиш крапче“.

Како Дибала со соло продор го распали Олимпико

Рома е нов патник во четвртфинале на италијанскиот Куп откако синоќа со 1-0 ја совлада Џенова. На полувреме беше 0-0, па веднаш на старт на вториот дел влезе Пауло Дибала од клупата за резерви и го реши мечот со гол во 64’ минута.

Атрактивни голови на Фати и Морон во Супер Купот

Само еден ден по нерешените 1:1 на Реал и Валенсија и пенал серијата која заврши во полза на кралевите, слично сценарио имаше и на второто полуфинале меѓу Барселона и Бетис, со таа разлика што овие две екипи постигнаа уште по еден гол во продолженијата кои вреди да се видат.

Очајно деби на Жоао Феликс за Челси кој загуби и од Фулам

Големото засилување на Стемфорд бриџ ќе сака што побрзо да го заборави првиот меч за Челси. Само што го облече синиот дрес направи непромислен старт, вреден чист црвен картон.

Видео кое Бејл го објави за прекрасната кариера

Откако ја сврти игрицата, освои еден куп трофеи меѓу кои највредни му се петте пехари во Лига на шампиони, Герет Бејл реши на триесет и три години да се повлече од активното играње фудбал. Со едно видео кое тој го објави, може да се долови неговата величествена кариера.

За љубов кон Џенова за враќам од Америка и за минималец од 2.274 евра месечно

Се изнаигра фудбал, 20 години во сениорска конкуренција, освои трофеи во Русија, стигна до дресот на Италија и настапи на Светско, фати и прекуокеански лет, но срцето му чука за Џенова, клубот кој заедно со Пандев го спасуваа во Серија А, сега со нова задача, да помогне да се врати.

Монументално голчиште во Португалија

Во морето фудбалски натпревари ширум Европа каде среде недела се играат домашни Купови, Брага и Виторија во Португалија одиграа спектакуларен дуел. Гостите водеа 0-2 до 80-та минута кога почна рапсодијата на домашните. Во рок од пет минути им дадоа три гола од кои оној за израмнување на Витиња беше лудачки.

Фуриозната акција со која Торино го замрзна „Сан Сиро“

Фудбалерите на Милан испаднаа од Копа Италија откако синоќа Торино со играч помалку од 69-та минута најпрвин го сочува својот гол до крајот, се избори за продолженија, а таму во 114’ минута му го зададе конечниот удар на шампионот. Милан залудно имаше 34 обиди од кои 8 во рамки на голот на Вања Милинковиќ-Савиќ кој бранеше одлично. Стрелец на победничкиот гол за пласман во четвртфинале на Торино беше Ндари Адопо.

Велемајсторски лоб на Саутемптон за елиминација на Сити

Фудбалерите на Саутемптон за 6 минути со два комада го суредија англискиот шампион во Карабао Купот. Репрезентативецот на Мали, Муса Џенепо во џеп го стави голманот Стефан Ортега. Гвардиола за прв пат во кариера е елиминиран во четвртфинале на домашен куп.

Со десна сум сакат, чекај со лева да видиш

Ница го декласираше Монпеље со 6:1, а еден од стрелците беше Енди Делор, кој не изнасмеа од сабајле со потегов. Не веруваме дека некој друг фудбалер успеал вака да си ја намести. Ова е уникатно ремек дело.

Страшен прием на Меси во стилот на Зидан

Шоуто на светскиот шампион почна уште на првиот меч на ПСЖ после кам бекот од Аргентина или поточно уште пред да почне. Навивач од трибина сними клип со Меси на загревање, кој никогаш нема да го избрише од мобилен. Потоа следуваше дриблинг, како и мајсториска акција и гол со рутинска завршница.

Шампионски кам бек на Меси со прекрасна акција и рутинска завршница

Толку му треба на светскиот првак, само што се врати им покажа како се игра фудбал. ПСЖ го совлада Анже со 2:0 во 18. коло од Лига 1, а Меси го постигна вториот гол преку акција и финиш, како фудбалот да е најлесната работа на светот. 8 погодоци и 10 асистенции сезонава за Лео во првенство.

Секој тинејџер би посакал деби гол во кариерата како оној на Бејл

На 6 август 2006-та Саутемптон се среќава со Дерби во меч од Чампионшип лигата, а слободен удар му доверуваат да изведе на 17 годишно дете од Велс по име Герет Бејл. Веројатно не постои фудбалер на кој му излегол од меморија дебитантскиот гол во сениорската кариера. Бејл на него сигурно бил посебно среќен.

До колку може да те измести од колосек влажен терен

Факт е дека теренот не беше од негова, ама и тој самиот на крај се доупропасти.

Магијата на Пеле и на 50 години

На 31-ви октомври 1990-та година во храмот на фудбалот „Сан Сиро“ во Милано, се собраа најголемите светски ѕвезди кои играа ревијален меч на јубилејниот 50-ти роденден на големиот Пеле. Играше репрезентацијата на Бразил против великаните Марко ван Бастен, Христо Стоичков, Енцо Франческоли, Георге Хаџи, Оскар Ругери, Рене Игита и многу други. Пеле чудесен и на 50 години.

Не му стој на патот на Бруно Гимараеш па макар ако си и главен судија

Њукасл го совлада Лестер 2:0 во Карабао Купот, а хит број 1 видео од мечот е залетот на Бруно кој собори двајца на терен од кои едниот беше судијата. Како на кечери им влезе.

Рефлексот на безвременскиот Буфон е страшен и на 45 години

На 28 јануари Џиџи полни 45 и ја игра, внимавајте добро на бројкава, 28-та сезона во кариерата. Од 1995-та е активен кога Мбапе и Халанд не беа ни родени. Погледнете што му одбрани на Џеко во 91-ва минута во осминафиналето на Купот на Италија.

Ачерби со лудачки лоб со глава го измами Буфон за победа во 110 минута

Интер и Парма одиграа супер интересно осминафинале во Купот на Италија кој го реши дефанзивецот Франческо Ачерби со невообичаен гол со глава. Гостите отворија со голчиштето на Хрватот Станко Јуриќ во првиот дел, а мечот во продолженија го однесе Лаутаро Мартинез дури во 88-ма минута.

Кога идолот ќе те изненади од зад грб

Чиро Имобиле му прави изненадување на девојче кое според реакцијата, сигурно повеќе би избрала средба со него отколку да ги има најубавите 100 барбики на светот. Девојчето се блокираше и почна срце да и лупа од возбуда. Каков момент.

Гостување на Пеле во американско шоу, 1973-та

Го најавуваат како најплатен спортист на планетата за кој италијански клуб нудел за тоа време, огромни 3 милиони долари. Гостувањето му е во шоуто на Џони Карсон, две години пред да потпише за Њујорк Космос. Пеле кубури со англискиот, ама затоа повеќе ќе се снајде со топката.