Милан беше во подредена улога на Стемфорд Бриџ, ама имаше и една многу зрела шанса која не се пропушта на вакви мечеви. По одличниот продор на Леао, младиот Шарл де Кателаре кој го купија од Клуб Бриж не успеа да го постигне деби голот. Кепа му ја обдрани, а Круниќ ја префрли преку стадион.
Италијанските медиуми не го оставаат на мира Гоче и откако се пензионираше. По големиот триумф на Наполитанците над Ајакс од 1:6, интервју даде за Радио Кис Кис Наполи.
Бенфика и ПСЖ одиграа 1:1, си поделија по бод кој до крајот од групната фаза многу лесно би можел да значи дека и двете екипи ќе одат понатаму, а Јувентус да се задоволи со трето место и Лига Европа. Парижаните први поведоа на „Луж“ со прекрасниот гол на Лео Меси во негов стил. Права магија по акцијата со Нејмар и Мбапе.
Норвешкиот џин е хит во светскиот фудбал. Иако својата класа ја докажа во репрезентацијата на Норвешка, во Салцбург и Борусија Дортмунд каде се изнадава голови, сега игра на највисоко ниво со Манчестер Сити каде прави попара. Во триумфот 5-0 над Копенхаген даде два гола со што уште го набилда учинокот од стартот на сезонат.
Јувентус стигна до првата победа во ЛШ, а една од најголемите заслуги за тоа одат кај човекот кој е многу блиску да стане најдобар асистент во историјата на европското натпреварување.
До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.
Новиот менаџер на Челси, Грем Потер триумфално го заврши вториот меч во Лига на шампиони во кариерата, откако вечерва со 3:0 го победи италијанскиот шампион Милан кој во Лондон допатува без реиси пола првотимци.
Најголема сензација во Лига на шампиони досега сезонава е белгиски Клуб Бриж кој во исклучително силна група со Атлетико Мадрид, Порто и Баер Леверкузен има 9 бода од можни 9 со гол разлика 7:0. Во вторникот вечер го врзаа и Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне.
На мечот меѓу Порто и Баер Леверкузен, домаќинот дава гол после сјајна контра, ама англискиот судија Ентони Тејлор решава да прегледа ВАР снимка од претходната акција на Леверкузен и наоѓа пенал. Патрик Шик мести топка да го изведе.
Чилеанецот одлично ја почна француската авантура и по 9 настапи за Марсеј има 5 гола. Синоќа го израмни резултатот против Спортинг и неговиот тим славеше со 4:1 за прва победа во ЛШ. Но во еден момент нишанот му беше изместен.
Нова сезона, нови судиски гафови на кои не се имуни ниту судиите кои ги делегираат за елитната Лига на шампини. Дури и Симоне Инѕаги го виде пеналот кој не го видоа оние на кој им е работа да го видат. „Треба да биде тука и да објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави по мечот.
4 октомври 2022-ра е датум кој Ајакс и навивачите ќе сакаат што побрзо да го заборават. За прв пат во историјата примаат минимум 5 гола дома во ЛШ. Покрај историскиот дебакл од 1:6 од Наполи останаа и без капитенот Душан Тадиќ кој во 73-та минута доби втор жолт картон за овој груб зафат врз Елмас.
Првите осум меча од 3. коло во Лига на шампиони донесоа солидна ефикасност или точно во просек по 3 гола на натпревар. Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Глазгов Ренџерс кој го победи со 2:0. Најголемата мајсторија на вечерта е дело на Арнолд.
Фудбалерите на Ајакс го доживеаа највисокиот пораз во историјата на европските натпреварувања и загубија од Наполи со 1:6. Елмас влезе во 64-та минута, Тадиќ доби црвен во 73-та. Наполитанците имаат 3 од 3, исто како и Клуб Бриж кој го изненади Атлетико Мадрид.
Леванголски, Леталдолски, Голандовски...Ова се само дел од игрите на зборови со кои каталонскиот печат ги насловува делата на Роберт Левандовски. 34 годишниот Пољак изгледа како да пораснал во Ла Масија.
Иако веќе почнавме да имаме емпатија за Хари Мегваер, дрвото кое игра за Јунајтед и за репрезентацијата на Англија затоа што по социјалните мрежи со години го мачкаат со фекалии, има нешто смешно и во таа упорност.
Минатата сабота ПСЖ со 2-1 ја совлада тврдата Ница, а првиот гол за Парижаните го постигна Лео Меси од слободен удар. Со преубав шут Аргентинецот го остави Каспер Шмајхел само со поглед да ја испрати топката во мрежа.
Само неколку дена по повлекувањето на Горан Пандев, официјално збогум на фудбалот му даде и неговиот поранешен соиграч и пријател Гонзало Игуаин. Беа силен тандем, а се дружеа и по куќи.
783 натпревари, 364 голови, 127 асистенции, 3 титули во Ла Лига, 3 титули во Серија А, Лига Европа, 3 Купови на Италија и Супер Куп, Куп на Шпанија и 2 Супер Купови.
Ерлинг Халанд на 5 години се запишува во школата на Брин во својот роден град. Во сезоната 2015/2016 импресионира за вториот тим со 18 гола на 14 меча. Тренерот кој го знаел добро од младинските категории му дава шанса за првиот тим на Брин во втора лига, на 12 мај 2016 против Ранхајм. Според физикусот, движењата и потезите малиот на само 15 години веќе изгледа како да е врсник со другите, па дури и поголем од некои на терен.