Фудбал

Моментот додека играчите и навивачите на Кореа го гледаа Уругвај на мобилни

Јужна Кореја ја победи Португалија 2:1 со гол во 91-ва минута и чекаше да заврши мечот Уругвај - Гана 2:0 за да се радува. Ако Уругвајците постигнеа трет гол ќе одеа понатаму поради подобра гол разлика.

Нов Мундијалски трилер: Додека Уругвај беше пред славје за осминафинале, Јужна Кореа ги попари со сензација над Португалија во 91 минута

Гледаме лудо Светско првенство за сите пари со невидени драматични разврски во третото коло во речиси секоја група. Селекцијата на Уругвај ја обезбеди потребната победа над Гана за пласман во нокаут фаза, но за ново лудачко сценарио се погрижи Јужна Кореја која со пресврт во судиско продолжение ја сруши Португалија и поради повеќе голови од Уругвајците завршува втора.  

Српските навивачи навиваа пред хотел со играчите

На неколку часа пред клучниот натпревар од групата Г меѓу Швајцарија и Србија, стотина српски навивачи дошле до хотелот каде што се сместени репрезентативците и стручниот штаб.

Незаборавниот момент на Суарез и раката со Гана од Светско 2010-та

И покрај силниот состав, Уругвајците се едно од поголемите разочарувања на Светското во Катар. После две кола имаат само 1 бод и -2 гол разлика. Денес играат против силната Гана која освои 3 бода и на која ѝ е доволен само бод за 1/8 финале.

Германците во шок: „Ова е срамно и катастрофа!“

Германската фудбалска репрезентација за првпат во историјата не успеа на второ Светско првенство по ред да помине група. Повеќекратниот светски шампион одигра блед турнир и заминува дома. Но имаат што да и порачаат на светската јавност.

„Мајка ми ме крстила Јелцин, многу го сакаше“ - историја за Костариканецот кој ја смрзна Германија

Секое Светско првенство носи свои легенди. Еден од нив од овој Мундијал сигурно ќе биде до синоќа анонимниот Костариканец Јелцин Техеда, прав хит денес во светскат јавност.

Милиметарот кој и заврши голема работа на Јапонија

Тешка драмолетка се случи синоќа во Е групата во која во еден момент, освен Јапонија и Костарика имаше резултат за пласман во нокаут фаза. Голот на Јапонците крена бура од реакции во цел свет. И со право. Требаше да ја покажат ВАР снимката во пренос.

А царот што снимал дома со лајсната како гол линија?

Џејмс Шарп е новинар во Дејли Мејл кој дома направил кратко клипче како демонстрација за специфичниот случај на мечот Германија - Јапонија.

Костариканецот Навас ја има најлудата одбрана на Светско

Фантастичниот Кејлор Навас кој со Реал Мадрид и ПСЖ освои сè што можеше да се освои, одигра уште едно одлично Светско првенство. Костариканците во 2014-та направија сензација кога завршија први во група со Италија и Англија, а сега ја победија Јапонија и машки изгубија од Германија иако водеа со 2-1.

Невозможните зицери на Лукаку поради кого Белгија оди дома

Во директен дуел за пласман во следната фаза, Белгија и Хрватска одиграа 0-0 во последно коло од групата Г, после што Хрватите одат понатаму, а Белгија отпадна.

Каков ролеркостер на Светското, Јапонија со ново чудо, Германија пакува куфери

Ни Копола, ни Скорсезе, ни Тарантино ни Кјубрик не би можеле полудо да го изрежираат она што се случуваше вечерва на Мундијалот во Катар. Во група каде апсолутни фаворити по многу параметри беа Шпанија и Германија, изненади Јапонија а за малку и Костарика.

Песна со Џани, Бекам и Невил, 100 пати позабавна од химната за СП

Да, и вакви работи се можни на монтажа, само треба да те бива.

Здравствениот билтен на клучните играчи на Србија

Селекцијата на Србија за Катар замина со големи амбиции, но се наоѓа во проблеми, бидејќи има пораз од Бразил и реми со Камерун, како и ровити фудбалери.

Тетка Ива - жената амајлија која секогаш е со хрватската репрезентација

Таа ги знае сите тајни на најдобрите хрватски фудбалери, светски вицешампиони. Почнала да работи на „куцача“ машина па кога им донеле компјутер мислеле дека работат со вселенски брод. Сите играчи ја сакаат и многу ја почитуваат, а таа им спрема идеални услови каде и да одат.

Претседателот на Либерија на честитање кај син му кој стана осминафиналист со САД

Легендарниот напаѓач на Милан, Жорж Веа кој во 1995 ја освои Златната топка, а во 2018-та стана претседател на Либија, се наоѓа во Катар за да го бодри син му Тимоти Веа кој со САД се пласираше во нокаут фазата. Покрај САД, 21 годишниот напаѓач, поради државјанстава на неговите родители, имал право да ги претставува и една од селекциите на Франција, Јамајка и Либерија. Инаку член е на Лил од 2019-та.

Како ли стигна Хари Мегваер во парламент на Гана

Расправа за буџетот на Гана, сериозна африканска земја со 31 милион жители. Ама и таму како и секаде, во парламент изгледа седат дремкури кои се јадат едни со други позиција-опозиција.

Рекордерот меѓу македонските новинари со 9 Мундијали

Тој е поранешен фудбалер на неколку екипи како Три Чешми и Плачковица, како и прв новинар кој добил интервју од Христо Стоичков на враќање од СП САД 1994 и тоа во авион, кога Бугарите стигнаа до полуфинале.

Кој е блескавиот Аргентинец со британско презиме кој игра супер Светско

Еден од хероите на вредниот триумф на Аргентина над Полска (2:0) е 23-годишниот Алексис Макалистер, фантастичен фудбалер за кого многу гледачи никогаш не слушнаа пред Светското. Да го запознаеме од близу.

„Така и неправедно дојдоа на Светско, не со игра на терен туку со политички игри“

Општ заклучок после синоќешната вечер на Мундијалот е дека репрезентацијата на Полска со анти-фудбал, без никаков обид да направи нешто повеќе подалеку од својот шеснаесетник, оди во следна рунда сосема незаслужено.

А што беше муабетот со жолти картони?

Вчерашниот ден донесе фантастична драма на Светското првенство. Во групите Ц и Д имаше луд развој на настаните. Тунис ја победи Франција 1-0 но не се пласираше понатаму. А во 95-та минута во групата Ц не се знаеше кој јаде кој пие.

Ти да видиш во Виетнам на какви маки беа кога им дојде Борусија Дортмунд

Во ек на Светско, на Виетнам на гости на пријателска им доаѓа Борусија Дортмунд. Го добиваат 2:1 со пенал на крај, ама пред пеналот циркузи, голманот на загревање ја откорна несакајќи пречката.

Влаховиќ: Тоа се глупости и небулози на искомплексирани и исфрустрирани луѓе

Во пресрет на клучниот дуел на Србија против Швајцарија кој се игра во петок од 20 часот, во Србија на големо се зборува за љубови афери на фудбалерите. Најспоменуван е Душан Влаховиќ кој наводно спиел со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ. Шпицот на Јуве ги демантираше муабетите и рече дека најголем проблем е што тие луѓе во моментов работат спротивно на интересите на репрезентацијата.

Бомбастичен гол на Мексико, еден од најубавите на Мундијалот

Акробацијата на Ришарлисон, лобот на Абубакар, слободниот удар на Рашфорд. На овие топ 3 најјаки голчишта во Катар, вечерва им се придружува и Луис Чавез.

Полска загуби од Аргентина и пак се радува на осминафинале, Мексико и со победа трагичар

Мундијалот во Катар носи сè повеќе трилер завршници. Аргентина ја совлада Полска, која едвај куртули и избегна елиминација и покрај поразот и победата на Мексико против Саудиска Арабија. Секунди беа во прашање кога ќе се броеше кој ќе стане осминафиналист со помалку жолти картони. Шчесни му одбрани пенал на Меси.