Фудбал

Тренерот на Тотенхем го одржи ветувањето

Интересно звучи фактот дека Анге Постекоглу пред неколку месеци изјави дека тој е тренер кој бере трофеи само од втората сезона во еден клуб па натаму. И така и бидна со Тотенхем.

Вардарци го истушираа Гоце Седлоски на прес

Изнамачениот ФК Вардар, конечно блесна во својот сјај. Го слави Куп трофејот после 18 години, откако во финалето на Градски ја совлада Струга Трим Лум со 2:0. Гачевски и компанија беа во делириум, ја прекинаа прес конференцијата и го избањаа нивниот тренер.

Неверојатната интервенција на гол линија на Мики Ван де Вен

Во 68-ма минута од големото финале на Лига Европа меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед, Данецот Расмус Хојлунд при еден кикс на голманот на Спарс Гиљермо Викарио со глава гаѓаше во празната мрежа. Но младиот холандски стопер Мики Ван де Вен (24) направи животна интервенција, најдобра во неговата кариера и спектакуларно ја извади топката од гол. Практично го спаси Тотенхем од примен гол.

Тотенхем е во рајот, победа во големото финале против Манчестер Јунајтед!

Фудбалерите на Тотенхем ја спасија сезоната откако вечерва во историско финале го совладаа Манчестер Јунајтед со 1:0 и се пласираа директно во Лига на шампиони следната сезона. Јунајтед ја заврши катастрофалната сезона, најлоша во историјата на клубот.

Вардар слави на Градски, Купот на Македонија е црвено црн после 18 години

ФК Вардар конечно го прекина долгиот пост и после многу перипетии, сериозни финансиски проблеми и тонење на дното на табелата, слави важен трофеј кој му дава можност да се покаже и во Европа.

Каква е формата во првенство на вечерашните финалисти во Лига Европа?

Никаква. Едниве дури од 16 март немаат победа. Другите од 6 април. Чудно финале.

Фото на денот

Италијанската престолнина блескаше во полн сјај изминативе денови.

Сега Мегваер им чини, најдобар играч им бил

„Клупска легенда“, „Лидер, капитениште“, „Карпа над карпите“, „Играчиште, ти реков минатиот вторник кога се видовме“, се само дел од пораките кои навивачите на Манчестер Јунајтед му ги пратиле на нивниот толку многу критикуван стопер Хари Мегваер. Сега му праќаат видео-пораки преку клупскиот канал во Билбао каде го чека финале на Лига Европа против Тотенхем.

Брат брата не рани, тешко кој ги нема Џоб и Џуд Белингем

Наградата која што во 2020-та година ја доби Џуд Белингем суперѕвездата на Реал Мадрид, сега во англиската втора лига Чемпионшип ја добива 19-годишниот Џоб Белингем кој со голем успех игра за Сандерленд.

Син му на Кристијано Роналдо го даде првиот гол за Португалија

14-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор, дебитираше за репрезентацијата на Португалија У-15. На меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска, Роналдо-мали влегол од клупа во 54' минута и постигнал дебитантски гол за Португалија У-15 во триумфот 4-1 против Јапонија. Го прославил се знае како.

Зошто Рафиња на колена го помина цел терен на Барселона?

Бразилецот Рафиња одигра спектакуларна сезона за Барселона и е меѓу најзаслужните што Каталонците освоија шампионска титула во Ла Лига. Тој е сериозен кандидат за Златна топка за најдобар светски фудбалер. По шампионската титула на Барса тој на коленици го поминал цел терен на „Олимпискиот стадион Монжуик“. Тоа му бил латино-американски ритуал во знак на благодарност до Бога. Го направил и еднаш во Лидс Јунајтед кога со гол ги спаси од испаѓање во втора лига.

1 минутна компилација од вечерашното финале меѓу Манчестер и Тотенхем

Не мора да го гледате вечер финалето од Лига Европа. Веќе излезе хајлајтс.

Муса Диаби во стилот на Јамал уште во 27 секунда

Ал Итихад го совлада Ал Шабаб на гости со 2:3. Меѓу стрелците го немаше Бензема, но затоа гол шоу приреди Муса Диаби. Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Баер и Астон Вила, се отвори со два прекрасни гола. За првиот ја распали душмански по само 27 секунди игра, а потоа многу умешно го измами голманот.

„Не сум јас кловн“

Меѓу Манчестер Јунајтед и Тотенхем сезонава не се знае кој е помизерен. И едните и другите одиграа сезона за заборав, со порази до порази и катастрофални игри. Но некако се докопаа до финале на Лига Европа и вечерва во Билбао ќе се борат за пехарот и за пласман во Лига на шампиони. Синоќа на прес-конференција, познат новинар од Англија го прашува тренерот на Тотенхем Анге Постекоглу, „што мисли за тоа дека може да стане херој или да биде кловн“ после мечот.

Најголемото промашување во кариерата на Де Брујн на последниот меч на Етихад

Кевин Де Брујн со го стори своето во дресот на Манчестер Сити. Заминува како еден од најголемите играчи во историјата на клубот со 16 трофеи во 10 сезони, 421 натпревар, 108 гола и 177 асистенции. Сити го доби Борнмут со 3:1, а белгиската ѕвезда имаше утка, до сега невидена откако го носи овој дрес.

Што гол ќе беше ова на Омар Мармуш?

Манчестер Сити со совлада Борнмут со 3:1 и изби на третата позиција на едно коло до крај. Резултатот го отвори Еѓипќанецот Омар Мармуш во 14 минута на спектакуларен начин. Админот на Манчестер Сити: Ова е гол на сезоната така? Админот на Премиер лигата: Не можам да престанам да мислам на голот на Омар Мармуш.

Де Брујне се прости од „Етихад“, Гвардиола емотивно заплака

Во уште еден натпревар од бескрајно долгата сезона на Премиер лига, Манчестер Сити синоќа со 3-1 го совлада Борнмут, се одвои на плус два бода од ривалите во борба за местото кое води во Лига на шампиони и го испрати Кевин Де Брујне кој за последен пат играше на домашниот стадион „Етихад“.

Педро е веќе прогласен за светец на Неапол

Наполитанците ја имаат најсилната страст за фудбал во Италија, која е необјаснива. Збеснати се по ветеранот на Лацио кој им заврши голема работа.

Рафиња на каса, се справува без касиерка

Бразилецот кој одигра сезона од соништата и е најсериозен кандидат за Златна топка, отишол да пропазари во маркет. Во последно време сè е почеста сликата маркет да нема касиери/касиерки и самите муштерии да си куцаат на каса. Рафиња не можеше некои производи да ги регистрира.

Тим на сезоната во Премиер на Гери Невил и Карагер

Англиската Премиер лига полека ќе ја спушта завесата на сезона 2024/2025. Шампионот одамна е познат - тоа е Ливерпул. Јасно е и кој ќе испаѓа во втора лига, а кој влегува од втора во Премиер. Нејасно е уште кои екипи ќе играат во еврокупови. Стручните аналитичари Гери Невил и Џејми Реднап со свое видување за најдобрите играчи сезонава.

Топот од Меделин го видовте ли?

Во 19. коло од колумбиското првенство, Индепендиенте Медељин со 2-0 го совлада Депортиво Переира. Вториот гол беше дело на Франсиско Хавиер Чавера. Голчиште!

Симпатичен момент со Вертонген и ќерка му

Легендарниот белгиски дефанзивен, Јан Вертонген се повлекува од фудбал на 38 години. Има преку 700 настапи во дресот на Ајакс, Тотенхем, Бенфика и на крај Андерлехт, како и 157 репрезентативни. На последниот меч дома, од игра „го извади“ ќерка му.

Каљари ли е, Барса ли е?

Фудбалерите на Каљари обезбедија опстанок во Серија А со победа во претпоследно коло над Венеција од 3:0. Има ли појако акцииште сезонава во Италија од нивното? Им ја сокрија топката.

Салах имаше најголемо промашување во кариерата

Ливерпул синоќа играше кај Брајтон на гости во рамки од претпоследното коло во Премиер лига. Црвените се шампиони уште пред 15-ина дена, па натпреварот им немаше преголема важност. Водеа 1-2, а Салах при тој резултат можеше да стави печат на нова победа. Промаши како никогаш во кариерата. Салах (28 гола, 56 поени) е во трка со Виктор Ѓекереш (39 гола, 58,5 поени) и Килијан Мбапе (28 гола, 56 поени) за наградата Златна копачка за најдобар стрелец во Европа.