Фудбал

Кој голман најмногу ја вадел топката од мрежа по голови на Меси?

Аргентинскиот ас, капитен кој ги предводеше гаучосите до толку сонувата светска титула, на пријателскиот меч против Панама на 23-ти март постигна прекрасен гол од слободен удар во 89’ минута за победа од 2-0. После тоа Лионел даде хет-трик за полувреме против слабиот Курасао и стигна до бројката од 803 гола во кариера!

Да ти е ќејф да ги видиш најубавите голови од Премиер лига

Премиер важи за најгледана, најбогата и најлуксузна лига на светот. По репрезентативната пауза, конечно се враќа клупскиот фудбал, па така ќе се гледаат и дуели во англиската елита каде сезонава паднаа неколку убавини од голови.

Белгиски фудбалер леташе во сала со 200км на час и остана жив

Поранешниот фудбалер на Киево и Лацио, Софијан Кијен кој моментално игра во Белгија, на вчерашниот датум треба да почне да направи слава.

Шефе, служба е служба, ама Меси е Меси

Аргентина веќе неколку месеци живее во транс по освоеното Светско првенство 2022 во Катар. Светските шампиони каде и да стапнат во својата земја се возвишувани како идоли, а тоа особено важи за Меси кој нема дерман од навивачи каде и да тргне.

Во Неапол почна да мириса на Скудето

Наполитанците не се плашат повеќе да го изговорат зборот „титула“. Фрлете око на градот за да сфатите зошто.

Французите ги објавија најплатените играчи и тренери во лигата

Првите 10 места се резервирани за ПСЖ. Мбапе на 24 години се буди секој ден со нови 214.285 евра. Игор Тудор е втор најплатен тренер.

Во чест на Адеми, Динамо Загреб го повлекува бројот 5

Хрватскиот фудбалски шампион Динамо Загреб и неговите навивачи му заблагодарија на македонскиот репрезентативец на разни начини на кои не бил испочитуван ниту еден досегашен играч на клубот.

А да им направиме пиротехничко шоу на децава?

Австрија Салцбург е третолигаш, формиран во 2005-та од навивачи на оригиналниот Салцбург откако беше преименуван во Ред Бул Салцбург од страна на новите газди. Погледнете го изненадувањето кое им го направија на најмалите во клубот.

Нејмар изгубил 1 милион евра на покер за два часа, па се клештеше

Разгалената фудбалска ѕвезда повеќе е вон теренот поради повреди отколку што игра во последниве неколку сезони. Дава голови и асистира кога е на зелениот тревник, ама затоа кога е надвор од него се глупира редовно. Сега играл покер, ставил 1 милион евра од шега, ги изгубил и се смее како зелен. Според проценките Бразилецот 1 милион евра во ПСЖ заработува речиси неделно.

Елмас не го заборава Работнички

И покрај тоа што стана дел од италијанската елита, а заигра и во најсилното клупско европско натпреварување, Елиф Елмас не заборава каде почнал и ги посети дебармаалци на тренинг.

Акробатска мајсторија за еврогол на Колумбиец против Јапонија

Во целиот свет деновиве се игра репрезентативен фудбал. Од Антарктик преку Австралија до Европа и САД. Во Јапонија, домашната селекција ја пречека Колумбија и поведе после само две минути игра преку Митома. Колумбијцте израмнија преку Дуран во 33-та минута а во 61’ Рафаел Боре, шпицот на Ајнтрахт Франкфурт го постигна голот на месецот.

Филмска измама во мак фудбалот веројатно незабележана на друго место на планетава

Газета дело Спорт, Скајспорт, БиБиСи, Марка и сè што е друго познато во светски рамки како медиум кој се занимава со спорт, нека повели насловна страна за денес. Во историја немаат напишано ваква вест.

Македонски фудбалер станал јунак со соиграчи во Србија

Мартин Мирчевски (26) кој настапува за второпласираниот тим во српската Суперлига, ТСЦ, со неговите соигрчаи Антониќ, Чалушиќ, Филиповиќ и Ѓаковац се враќале од тренинг и возеле по магистралниот пат Суботица - Бачка Топола кога виделе страшен верижен судир предизвикан од песочна бура.

Пас на Рикелме без гледање, на 44 години

Хуан Роман Рикелме во своето време, пред неколку години важеше за еден од најдобрите волшебници со топка. Неговиот префинет стил на игра го донесе дури до Барселона, но правиот мајсторлук го покажа во Виљареал, клуб кој го доведе дури до полуфинале на Лига на шампиони.

И Мартин Одегард не помина баш добро пред гол

Норвешка не успеа да ја совлада Грузија на гости и одигра само 1:1 во квалификациите за ЕП. Домашниот голман се истакна со неколку јаки интервенции, а најголемата утка на мечот ја имаше фудбалерот на Арсенал кој место да ја искине мрежата, во публика ја прати топката.

Ве поздрави Модриќ со пасов

На Лука Модриќ изгледа му е погрешен датумот на раѓање. Нема шанси дечково да има 37 години. Има рекордни 164 настапи за Хрватска, четири Мундијали, четири Европски првенства и не се дава. По ремито дома со Велс од кој примија гол во 93-та, Хрватите веднаш се кренаа и ја совладаа Турција на гости со 0:2. Ковачиќ беше двоен стрелец, а најзаслужен за вториот гол е дефинитивно Модриќ со оваа интелигенција од потег.

Меси првпат дојде лично да даде некому дрес, и тоа на голманот на Курасао

Гаучосите по освоената светска шампионска титула одиграа два натпревари на домашен терен, пред преполни трибини, а атмосферата беше славеничка. Прво ја победија Панама со 2-0, а сега Курасао со 7-0. Меси постигна хет-трик.

Резил на Лаутаро Мартинез сам пред гол против Курасао

Светскиот првак си поигра со Курасао кој го декласираше со 7:0. Меси постигна хет-трик, а Лаутаро Мартинез во последно време како да не пропушта натпревар да се посрамоти сам пред гол. Се ушептрља целиот. Тој напред, топката назад.

Сер Алекс Фергусон е стар волк за вас пилиштарци

Рексам е велшки фудбалски клуб кој веќе долги години игра во англискиот фудбалски систем, додуше во пониските лиги. Одвреме-навреме блескаат во ФА Купот или Лига Купот со големците, а од неодамна ги купи холивудската ѕвезда Рајан Рејнолдс (во ноември 2020-та). Сега договориле пријателска со големиот Манчестер Јунајтед на 25-ти јули и тоа во Сан Диего (САД). И за тој дуел сакале Сер Алекс Фергусон да направи најава.

Почна во Осогово, тренер му е Монтела, а соиграч му беше Балотели

Сигурно се сеќавате на најголемото фудбалско и општо спортско освежување на Твитер кое се прослави до Рим? Епа извадија репрезентативец во А тимот на Боби Милевски.

Меси не е во театар, одете си дома!

Пред неколку дена Лионел Меси отишол на вечера со семејството, во некој ресторан во Буенос Аирес. Штом се дознало, илјадници луѓе дошле да го видат, допрат и да се сликаат со него, па едвај полиција го извадила од таму. Сега слично се случило и во еден театар, само што пуштиле гласина дека Лео гледа некоја претстава. Илјада и кусур луѓе пред вратите.

После Аргентина и Мароканците пречекани величествено

Најголемото изненадување на Светско првенство 2022, репрезентацијата на Мароко, по чудата кои ги направи во Катар каде ги елиминираше силните Португалија и Шпанија и стаса дури до полуфиналето, сега заигра за првпат пред своите навивачи.

Голман на САД на стадион го дозна полот на бебето

Фудбалската репрезентација на САД со 1-0 го совлада Ел Салвадор во 6. коло од тамошната КОНКАКАФ Лига на нации. Американците славеа со голот на шпицот Рикардо Пепи кој игра за холандски Гронинген на позајмица од Аугзбург. После натпреварот, голманот на САД и Арсенал, Мат Тарнер реши на необичен начин да го дознае полот на бебето кое го чекаат со сопругата.

На сите им се тепа нешто деновиве

Прво почнаа Комити и Чкембари, па се грабнаа кошаркари во Тетово и кога мислевме дека тоа со фудбалерите на Перу и шпанската полиција е последно за неделава, ете ти и Англичаните во четврта лига. Ама добро ова е од радост.