Лаутаро ги фрли Аргентинците во делириум

Светскиот шампион Аргентина ја забележа и втората победа на Копа Америка во САД, откако синоќа со 1-0 го победи Чиле. Аргентинците имаа дури 22 шута од кои 9 во рамки на противничииот гол, имаа 62% посед топка и дури 11 корнери наспроти 0 на Чилеанците. Но мрежата ја затресоа дури во 88’ минута. Лаутаро Мартинез погоди за нови три бода.

Интересно, за играч на мечот бил прогласен 41-годишниот чилеански голман Клаудио Браво кој имал дури 8 чисти одбрани на дуелот со Аргентина.

26 јуни 2024 - 08:42