Во второто полуфинале на англискиот ФА Куп, Манчестер Јунајтед едвај, на пенали го победи Брајтон кој за волја на вистината одигра подобар фудбал, и закажа мега спектакл со градскиот ривал Манчестер Сити. Откако дуелот заврши 0-0, се стигна до пенали а таму промаши играчот на Брајтон Соли Марш на кого Холанѓанецот Вут Вегхорст му направи мала психолошка итроштина.