Фудбал

Овој па пак е нешто нервозен

Има и зошто. Пак не даде гол, туку погоди само статива, а неговиот тим е елиминиран од ново Куп натпреварување, вкупно трето за еден месец.

Анегдотите кои Васил Рингов ги раскажа за Панчев

На промоцијата на документарецот за Дарко Панчев имаше многу фудбалски легенди на Вардар, Црвена Ѕвезда па сè до Милан. Ама шоуто го украде Васето од Струмица.

Видиќ кај Рио во подкаст: „Кога ми се јавија од Ливерпул, жена ми зборуваше по телефон“

Многумина оправдано сметаат дека Немања Видиќ и Рио Фердинанд го сочинуваа најдобриот и најснажниот стоперски тандем во историјата на фудбалот. Двајцата беа како карпи во одбраната на легендарниот Манчестер Јунајтед каде Србинот дојде од Спартак Москва и имаше многу тежок почеток.

Македонски репрезентативец му даде два гола на Фенербахче

Крилниот напаѓач Валон Етеми прво го внесе Истанбулспор од втора во прва лига, а сега таму во најдобрата турска Суперлига игра фантастична сезона. Со два гола синоќа против Фенербахче на гости на преполниот стадион, во меч кој заврши 3:3 откако Фенер водеше 2:0, Етеми му донесе голем бод на својот тим против реномираниот ривал.

Фотографии од промоцијата на документарецот „Патот на Кобра до ѕвездите“

Јак фудбалски крем се собра синоќа во хотелот Александар Палас, а повод беше документарниот филм за кариерата на Дарко Панчев.

Пасов на Меси да го види Роналдо ќе почне шишиња да рога

Со двата гола на Мбапе, ПСЖ викендов го совлада Анжер со 1:2 и со +9 пред Марсеј на 6 кола до крај, полека се доближува до петтата последователна титула. Ако ја барате најјаката асистенција на колото, прекинете веднаш.

Толку е досадна Брајтон - Јунајтед што решил да се шиша на стадион

За време на второто полуфинале од ФА Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон кој фудбалерите од „Олд Трафорд“ го добија на пенали, еден гледач се шишал на сред трибини на преполниот „Вембли“. Не се знае дали го најмил берберот на стадионот или од претходно.

Црногорски начин на местење корнер знамиња

А за тревата и горивото не ви е гајле а? 

Пабло акробата, би завидел и Ибра

Вест Хем со 0-4 го демолираше Борнмут на гости а последниот гол на мечот со кој ја штиклираа победата беше дело на Шпанецот Пабло Форналс. Шкорпион на кој би завидел и Златан Ибрахимовиќ.

Голчиште за филм во 90+7’ минута

Во фудбалската лига на Уругвај, Примера Дивизион, Пењарол го победил на гости тимот на Плаза Колонија 1-2 со СТРАШЕН гол на некогашниот репрезентативец на Уругвај Абел Ернандез.

Тренер во Холандија ладно направи прекршок на сред терен

На мечот Твенте - Спарта Ротердам имаше неверојатно луда случка. Гостите израмниле 3-3 во 91-ва минута од судиско продолжение. Во последните секунди од мечот домаќините тргнуваат во последен напад за гол, ама гостинскиот тренер Шуранди Самбо ладно им го уништи нападот.

Голот на месецот во Шкотска е дело на соиграч на Миовски

А зошто да не и кандидат за гол на сезоната? Абердин оствари голема победа над Глазгов Ренџерс од 2:0, Миовски реагираше мајсторски во шеснаесетник за вториот погодок, ама обрнете внимание што направи левиот бек Лиам Скејлс.

Еден бакнеж и магија се стори

Во второто полуфинале на англискиот ФА Куп, Манчестер Јунајтед едвај, на пенали го победи Брајтон кој за волја на вистината одигра подобар фудбал, и закажа мега спектакл со градскиот ривал Манчестер Сити. Откако дуелот заврши 0-0, се стигна до пенали а таму промаши играчот на Брајтон Соли Марш на кого Холанѓанецот Вут Вегхорст му направи мала психолошка итроштина.

10.000 наполитанци на аеродром, Елмас ги снима од кровот на автобусот

Фудбалерите на Наполи во голем стил ја привршуваат сезоната, со победа против омразениот Јувентус, остварена на гости во 93-та минута. Направија и генерална проба за прославата на титулата која следното коло може да ја освојат и математички.

Миовски головите во Шкотска ги дава со стил

Абердин како третопласиран прослави голема победа од 2:0 над второпласираниот Глазгов Ренџерс. На голгетерското мени на македонскиот репрезентативец дојде на ред и 55 кратниот шкотски првак. Бојан Миовски го постигна вториот гол на мечот со мајсторска реакција во шеснаесетник и го запиша својот 16-ти гол сезонава.

Топка со очи на Елмас во 93-та за голема победа на Наполи против Јуве

Во драматична и неизвесна битка, Наполи го совлада Јувентус на гости со гол во продолженијата. Работата ја завршија џокерите Елмас и Распадори. Првиот со прекрасна асистенција, вториот со уште поубав волеј. Веќе прашање се денови кога ќе го видиме вториот македонски фудбалер со Скудето в раце. Постои можност тоа да се случи веќе следното коло.

Вие клипче од мене и јас клипче од вас

Роналдо излезе на вечера со девојка му Георгина, за да го прослават нејзиниот 29-ти роденден. Сите прекинаа да јадат кога се појави. Ама тој ги изненади и ги начека спремен.

Кварезма од Хајдук

30-то коло во хрватскиот фудбалски шампионат го донесе голот на колото, неделата, месецот и сигурно кандидат за гол на сезоната. Емир Сахити од Хајдук, инаку поранешен играч на Работнички (2015-2018), на мечот против Вараждин постигна лепота од голчиште.

Борусија Дортмунд на праг од титула, Баерн не знае кај тера

Германската Бундеслига сезонава е најинтересна во последните неколку години. Борусија Дортмунд имаше неколку зицери да му избега на Баерн Минхен на табелата но искористи само еден. Дали ќе биде доволен?

Какво шоу на Ријад Марез

Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и со 3-0 го торпедираше Шефилд Јунајтед во полуфиналето на англискиот ФА Куп. Сите три гола беа дело на Алжирецот Ријад Марез кој ги однесе своите на мегдан со подобриот од второто полуфинале на Купот Брајтон - Ман. Јунајтед.

Гостинска публика во чудо на стадионот на Ривер

Ривер има супер почеток на сезоната во домашното првенство во Аргентина, а во Копа Либертадорес имаат 1 победа и 1 пораз. Синоќа со 4-2 го совладаа перуански Спортинг Кристал иако од 38-ма минута играа со играч помалку поради црвен картон. Амбиентот на „Монументал“ е за филм.

Арсенал прими гол во 27-ма секунда од Карлос Алкараз

Во англиската Премиер лига, вечерва на „Емирати“ играат лидерот Арсенал со последнопласираниот на табела Саутемптон. Гостите водат 1-2 на полувреме, а првиот гол го дадоа по кардинална грешка на голманот на „топџиите“ Арон Рамздејл. Стрелец со интересно име и презиме: Карлос Алкараз, како шпанската тениска ѕвезда.

Мурињо на холандски новинар му подари привезок со трофејот од Конференциска лига

Не можеш да излезеш на крај со Жозе. Новинарот кој влезе во дискусија со него после поразот на Рома на првиот четвртфинален дуел од ЛЕ беше и синоќа на реваншот. Мурињо ги искористи своите 5 минути и направи претстава на пресот. Плус го пецна и Касано.