Руски камерман го украде шоуто на натпреварот на кој Енисеј Краснојарск го победи Шиник Јарославл со 2:1. Смотаниот камерман се сопна и падна за време на интонирањето на химните, а сеир му фатија и фудбалерите. Кутриот камерман мораше да биде изнесен на носилки.
18-кратниот шампион на Италија ќе игра со најмладиот состав во последните 10 години. Просечната старост на екипата на Милан која важеше за „тим на пензионери" оваа сезона ќе биде 27,18 години.
Денес започна судењето на капитенот на Челси за навредите на расна основа кон Ентон Фердинанд. Доколку биде осуден за виновен, максимална казна која може да ја добие е 2.500 фунти, што со неговата заработувачка ќе ја исплати за 2 часа и 35 минути.
Англискиот третолигаш Престон Норт Енд остана без 14 фудбалери во пресрет на новата сезона. Еден си отиде по само една недела во клубот, петмина беа културно отпуштени, а осум фудбалери беа откачени со една СМС порака.
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер му се заблагодари на Френк Лампард затоа што неговиот непризнат гол од Светското првенство во 2010-та година е главната причина за воведување на технологија на гол-линијата во фудбалот.
Сантјаго Силва од Бока Јуниорс не можеше да се помири со поразот во финалето од Копа Либертадорес и не беше расположен за снимање, па му го украде телефонот со кој еден новинар го снимаше на патот кон соблекувалните. Фудбалерот го вратил телефонот по интервенција на полицијата, но претходно избришал сè што било снимено.
Само од УЕФА како награда за освојување на Европското првенство, репрезентацијата на Шпанија доби награда од 23 милиони евра. Колку за споредба, азискиот шампион не добива награда, а африканскиот шампион за својата титула испадна во зијан.
Поранешниот член на Борусија Менхенгладбах, Марко Ројс е избран за најдобат фудбалер на сезоната во германската Бундеслига од страна на неговите колеги.
По 102 години постоење, безброј титули во домашното првенство и еден трофеј од Светското клупско првенство, еден од најславните бразилски фудбалски клубови конечно ја освои титулата и од најпрестижното клупско првенство во Јужна Америка.
Можеби е незамисливо за Македонија и некој очекуваше фузија ала Вардар-Миравци, но во Шкотска тоа навистина се случи. Најпознатиот шкотски и најтрофеен фудбалски клуб во светот, Глазгов Ренџерс е исфрлен од Премиер лигата.
Го повторивме историскиот „успех“ од денот на дрвото во ноември. Фудбалската репрезентација на Македонија повторно падна на 103-та позиција, најслаб пласман на ФИФА ранг листата во последните 15 години. Пред нас се Зимбабве, Того, Малави...
Не се исполни сонот на Дејвид Бекам кој посакуваше на крајот од својата кариера да настапи на Олимписките игри во Лондон, па тој својот гнев го истури на натпреварот против Сан Хозе.
Пепе Реина, резервата на Икер Касиљас, има освоено повеќе трофеи отколку што има одиграно натпревари за Шпанија. А за да не му биде досадно, му најдоа и него занимација.
Икер Касиљас уште еднаш потврди дека е голем џентлмен на теренот. Во последните секунди од финалето на Европското првенство против Италија, тој побара од помошниот судија да се свири крај на натпреварот од почит кон противникот.
Шпанците доминираат и во тимот од најдобрите 23 фудбалери, а за најдобар играч на Европското првенство во Полска и Украина, техничкиот тим на УЕФА го прогласи шампионот Андрес Иниеста.
На патот кон европската титула, репрезентацијата на Шпанија освен што прими само еден гол на цело првенство и во финалето ја демолираше Италија со 4:0, тие израмнија и срушија уште неколку рекорди од фудбалската историја.
Човекот кој ја одигра својата најслаба сезона во кариерата во дресот на Челси, покрај трофеите од Европското првенство и Лигата на шампиони, ја освои и наградата за најдобар стрелец на ЕУРО 2012.
Во борба за европската титула, актуелниот шампион беше немилосрден со Италија и победи со високи 4:0. Шпанија е првата репрезентација која освоила три првенства во серија по триумфите на ЕУРО 2008 и СП 2010 и првата репрезентација која си ја одбранила европската титула.