Фудбал

ПАОК и Рапид пред суспензија од УЕФА

Грчки ПАОК и австрискиот клуб Рапид од Виена заработија високи казни и ќе бидат суспендирани од европските натпреварувања ако нивните навивачи ги повторат инцидентите од минатата недела.

Шкарт носилки

Во бразилска четврта лига се случуваат и вакви ситуации кога ќе купат шкарт носилки од кинеска продавница.

Од хотел за бегалци до Реал Мадрид

Конечно заврши и најдосадната трансфер сапуница во историјата на фудбалот. По две години селење во сите можни големи клубови во Европа, детето кое заради војната во Хрватска неколку години живеело во хотел за бегалци и тренирало со дрвени костобрани, потпиша за Реал Мадрид и стана најплатен хрватски фудбалер во историјата.

Јаневски го објави списокот за Хрватска и Шкотска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за почетните две гостувања од квалификациите за Светското првенство во Бразил.

Германија, Русија и Катар си ги купиле Светските првенства?

Етичката комисија при Меѓунардоната фудбалска федерација покренува истрага за тоа како Германија, Русија и Катар ги добиле правата за организација на Светските првенства, а под истрага ќе биде и претседателот Сеп Блатер.

„Тики-така“ Свонси

Најголемиот хит на стартот на сезоната во Премиер лигата е екипата на Свонси. Тренерот Михаел Лаудруп го препороди тимот кој во првите две кола има скор од 8:0 со победите над КПР и Вест Хем. Свонси ли е, Барселона ли е?

Ѓуровски го одби Алекс Фергусон

Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за Мутонг Јунјтед во Тајланд телефонски го откачи Алекс Фергусон.

Навивачите на Јунајтед не се од Манчестер

Според најновите истражувања, Манчестер Јунајтед со 659 милиони навивачи е најпопуларен фудбалски клуб во светот, но локално тие имаат најмалку навивачи споредено со останатите клубови од Премиер лигата.

Ножичките на Освалдо

Прекрасен почеток на италијанската Серија А. Во првото коло видовме многу возбудувања, интересни натпревари и многу голови, а со своето „голчиште" се истакна Пабло Даниел Освалдо од Рома.

Што се случува со Реал Мадрид?

Кој очекуваше дека актуелниот шампион на Шпанија ќе го има најслабиот старт во последните 11 сезони и по две одиграни кола ќе има освоено само еден поен и веќе ќе заостанува пет поени зад Барселона?

Милан шокиран, Интер и Наполи стартуваа победнички

Кошмарен почеток на новата сезона за Милан откако беа поразени на домашен терен од повратникот во Серија А, екипата на Сампдорија. Интер, Наполи и Лацио забележаа победи како гости, а Рома само ремизираше со Катанија.

Двојно промашување од Ибишевиќ

Ведад Ибишевиќ ја доби титулата „Мистер промашување" за оваа недела. Ај што не погоди од пенал, Босанецот ја прифати одбиената топка и успеа да го промаши целиот гол.

Шампионот тргна со победа

Новата сезона во италијанската Серија А започна со трилер натпревар во кој Фиорентина со пресврт го совлада Удинезе, а Јувентус тргна во одбрана на титулата со победа над Парма.

Челси перфектно на врвот во Премиер лигата

Лидерот во англиската Премиер лига, екипата на Челси продолжи со перфектен учинок по три одиграни натпревари, а со максимален учинок зад нив се Евертон и изненадувањето Свонси. Проработија новите засилувања во Манчестер Јунајтед, а Тотенхем повторно не победи. Погледнете ги сите голови од денешните натпревари.

Голови на неделата

Уживајте во изборот од најдобрите 10 голови од целиот свет за изминатите 7 дена, меѓу кои се мајсториите на Бастос, Гера, Исмаили и Демба Ба.

Ел Класико фантазија

Во неверојатна фудбалска претстава со лудо второ полувреме за какво сонуваат сите фудбалски сладокусци, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 на првиот натпревар од шпанскиот Суперкуп.

ФК Вардар пропушти најмалку 11 милиони евра

По елиминација на Вардар, белорускиот БАТЕ Борисов се наоѓа на чекор до пласман во групната фаза од Лигата на шампиони каде само за „добродојде" од УЕФА ќе ги пречека чекче од 11 милиони евра.

Најскапа е љубовта кон Арсенал

Навивачите на Арсенал ем одамна не се радувале на титула, ем трошат најмногу пари. Англичаните пресметаа дека доколку некој сака да ги следи сите натпревари на својот клуб во Премиер лигата, најевтино ќе помине ако навива за Виган.

И Нејмар знае ептен да промаши

Новата бразилска ѕвезда, Нејмар има неверојатни дриблинзи, асистира, дава прекрасни голови... но и тој знае да промаши и да се вброи помеѓу најлошо изведените пенали.

А сега невестата ќе ја фрла бакљата

Љубовта кон клубот секогаш е на прво место, па дури и на најважниот ден во животот. Младенци од Босна и Херцеговина заедно со сватовите на денот на нивната свадба посетија и фудбалски натпревар.

Мурињо трампа Суперкуп за титула

Шпанските гиганти, Реал Мадрид и Барселона ќе се сретнат уште на стартот на новата сезона во рамките на шпанскиот Суперкуп, а Мурињо директно ќе се соочи и со човекот на кого минатата година му брцна прст во око.

Јаневски и официјално нов фудбалски селектор

По две неуспешни кандидатури, Чедомир Јаневски е 11-от селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тој ќе ја има тешката задача да го предводи националниот тим во квалификациите за Светското првенство во 2014-та и да го подобри угледот по мизерниот пласман на ФИФА ранг листата.

Млад Меси - Стар Меси

Одлична видео компилација со неверојатните дриблинзи и голови на Меси во младоста и денес.

И девојчињата знаат да играат фудбал

Во моментов се одржува Светско првенство за фудбалерки до 20 години, каде на натпреварот помеѓу Бразил и Италија беа постигнати голови на кои можат да им позавидат и нивните колеги од машките сениорски репрезентации.