Еден од најдобрите играчи на Квинс Парк Ренџерс, Адел Тарабт демонстрираше редок случај на недисциплина во клубот и поради тоа си доби висока парична казна од 60.000 фунти.
Немили сцени на натпревар од украинската втора лига помеѓу Полтава и Олександриа. Полициските сили не успеаа да ги раздвојат навивачките групи и ситуацијата излезе од контрола.
Приказната датира од финалниот натпревар од ФА Купот пред 17 години помеѓу екипите на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кога на крајот капитените си ги размениле дресовите, но од целата работа фудбалерот на Ливерпул Нил Рудок си направил бизнис.
Босанскиот Србин кој беше откриен пред 9 години во парк во Флорида, ќе стане првиот Американец кој играл на финале од Лигата на шампиони. Ова е само фрагмент од неверојатната биографија на Невен Суботиќ.
Вечерва во СЦ Борис Трајковски се одиграа полуфиналните натпревари од завршната фаза на Бизнис лигата по кои екипите на UNIQA и Македонски Телеком изборија пласман во големото финале.
Завршницата на 21-то издание од најмасовното фудбалско натпреварување во Македонија помеѓу тетовските ривали траеше само половина час откако на два пати беше прекинато заради испадите на навивачите.
Како вовед пред најголемиот фудбалски празник во годината, финалето од Лигата на шампионите кое се играа оваа сабота на „Вембли", Лондон ќе биде домаќин на неколкудневна богата спортска програма во чест на 150 годишнината од оформувањето на Фудбалската Асоцијација на Англија.
Квалитетот на германската Бундеслига расте од година на година, а Баерн Минхен и Борусија Дортмунд во моментов се најдобри во Европа, но сепак тие заедно од ТВ права заработуваат колку еден Квинс Парк Ренџерс.
Европската куќа на фудбалот одлучи да им ги повлече казните на Малага, Хајдук, Осијек, Партизан, Војводина и Динамо Букурешт кои имаа забрана за настап на европските натпреварувања.
Жозе Мурињо не само што ја загуби поддршката од челниците, туку и кредибилитетот кај навивачите на Реал Мадрид. Во анкетата на шпанска "Marca", навивачите го обвинија Мурињо за неуспесите и му доделија ниски оценки за неговото работење.
И фудбалската А-Лига на Австралија била интересна за гледање. Не дека играат квалитетен фудбал, туку дека многу често прават глупости. Ова се најинтересните моменти од сезоната 2012/13.
Бизарниот момент се случил во аматерските италијански лиги, а полицијата го фатила претседателот на еден од клубовите за кој настапува и како играч, кој ја нападнал судијката, а потоа се обидел да избега.
Италијански експерти за допинг тврдат дека фудбалерите на Јувентус користеле недозволени средства кои во тоа време не можеле да се откријат за време на финалето од Лигата на шампиони во 1996-та година кога го совладаа Ајакс по изведување на пенали.
Не, ова не е приказна за Илчо Наумоски кој призна дека намерно добивал картони за да може да оди на натпревари на Партизан, туку за хрватскиот голман Младен Матковиќ кој изнудил црвен картон за да биде кум на свадбата на најдобриот пријател.
Со звуците на химната од Лигата на шампионите кои ќе ги препознаете во текот на композицијата, членовите на филхармонијата од Минхен предводени од маестро Лорин Мацел, во спортско-музички амбиент отсвирија во чест на Баерн Минхен кој за 5 дена на Вембли го игра натпреварот на годината.
По големиот број проблеми, земјата домаќин на Светското фудбалско првенство 2014 конечно може да се пофали со 6 тип топ спремни стадиони, кои најпрвин ќе ги тестира на Купот на конфедерации наредниот месец, кој претставува еден вид генерална проба пред најголемиот спортски настан.
Колумбиецот Карлос Куинтеро од редовите на мексиканскиот клуб Сантос Лагуна се обиде да ја употреби „Божјата рака" од Светското првенство во 1986-та година кое се одржа токму во Мексико, но таков потег им успева само на големите мајстори како Марадона.
Секако најлогичен одговор на тоа прашање е дека најголем дел од парите отидоа кај Манчестер Јунајтед. Шампионот само оваа сезона заработи над 60 милиони фунти, но воопшто не се за жалење и другите клубови.
Италијанското првенство заврши овој викенд со новото Скудето за Јувентус, одличната втора позиција на Пандев со Наполи и драматичната борба за третата позиција помеѓу Милан и Фиорентина. Еве кои играчи ја одбележа сезоната на чизмата според порталот Goal.com.
Навивачите на Манчестер Сити очигледно дека не можат да се помират со одлуката на раководството на клубот, кое по поразот од Виган во финалето од ФА Купот минатата недела, одлучи да се збогува со Роберто Манчини.
Женскиот фудбалски клуб Цирих ги растура своите противници со во просек по 5,7 голови на натпревар и решија да се пресметаат со достоен противник. Тие ги предизвикаа фудбалерите на Барселона.