Фудбал

Што прави Торес за 10 секунди

Падна без никој да го пипне, па ја понижи цела одбрана на Милан како да е Меси и на крај пак ја уплеска.

Европскиот фудбал е најпрофитабилен економски сектор

Според XXII издание на годишниот извештај за финансиите во фудбалот кој го прави ревизорската куќа Делоит, приходите во европскиот фудбал растат повеќе од било кој друг сектор во економијата.

Нокаутирана судијка

Бразилецот Андерсон од Парана кој го паметиме по настапите за Бенфика и Лион, ја нокаутираше асистентката на натпревар од бразилската втора лига.

Офсајд лик на неделата: Александар Митровиќ

Не велиме дека треба да става по кило гел дневно како Кристијано Роналдо, но ако барем малку му беше грижа за косата немаше да ја избере најлошата фризура која потсетува на крупни сипаници. Александар Митровиќ од Партизан е нашиот офсајд лик на неделата.

Струмичанецот не греши и од пенал

По Арсенал, нашиот капитен одличната гол серија ја продолжи и против Порто. Пандев го отвори резултатот во 43 минута со прецизен удар од белата точка, но тоа беше се што направија Наполитнаците на мечот од Емирејт купот во кој загубија со 3:1. За него ова е четврти гол на подготвителните мечеви.

Вардар тргна во одбрана на титулата

Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.

Пандев во голгетерска форма

Најдобриот македонски фудбалер се наоѓа во одлична форма пред почетокот на новата сезона. По головите против Капри и Галатасарај, Горан Пандев стрелаше и против Арсенал.

Што ќе пазарат италијанските клубови до крајот на летото

Последниот месец од летниот трансфер период стартува денеска, а по доаѓањето на Тевез и Љоренте во Јувентус, Игуаин и Калехон во Наполи и Марио Гомез во Фиорентина, еве ги 10-те фудбалери кои би требало да ги одбележат завршните 30 дена во Серија А.

7 години затвор за кладење во Русија

Спортистите, тренерите и функционерите во Русија нека не помислуваат да влезат во кладилница затоа што ќе завршат зад решетки.

Мајсторски лоб удар во Кина

Англичанецот Даниел Мекбрин кој настапува за Шангај немаше време ниту да погледне каде се наоѓа голот пред да го испали овој шут со кој го изненади голманот на екипата на Даниел Аербин. 

Работник од вулканизер влезе во тимот на Бристол Сити

Стандардните наградни игри носат телевизор, автомобил или некоја парична награда, но ова е многу пооргинално и претставува сон за секој навивач кој би се "стопил" од радост ако му се случи.

Еволуцијата на Манчестер Јунајтед

Кој дошол, кој си заминал и како се ределе титулите на „Олд Трафорд“. Последната деценија на Црвените ѓаволи спакувана во само еден гиф.

Селекцијата на Тахити имала допингуван фудбалер

Во најмалата репрезентација која до сега настапила на натпреварување под капата на ФИФА и која се радуваше што ќе игра рамо до рамо со големите ѕвезди на светскиот шампион Шпанија се крие натрапник кој користел недозволени стимулативни средства во Бразил.

Тројцата моќници кои сакаат да заработат 100 милиони евра од Бејл

Сагата околу велшкиот фудбалер Герет Бејл секој ден добива на интезитет и се чини дека е неисцрпна тема која најмногу ги продава весниците во Англија. Зад големата ѕвезда на Тотенхем се кријат тројца "големи играчи" кои сакаат да го поделат колачот.

Кралевите со најполна каса изминатата сезона

И покрај економската криза која влијае и во спортот, еден од најмоќните фудбалски клубови во светот ги трие рацете.

Дејвид Мојс спиел во кола за да го научи тренерскиот занает

Патот до успехот некој го пронаоѓа со повеќе среќа, а друг со многу талент. Но во примерот на стратегот на Манчестер Јунајтед сигурно дека се работи пред се за голема упорност и љубов кон фудбалот.

Ѕунига во ритамот на Наполитанците

Фудбалерот на Наполи, Хуан Ѕунига им направи голем кејф на навивачите на Наполи. Откако се појавија шпекулации дека можно е да замине во Јувентус, тие му направија тест кој успешно го положи. Пееја „Кој не скока е за Јувентус“, го ловеа околу 3 минути со камера и по постигнувањето на голот против Галатасарај тој на неколку пати им одговори. 

Несмасна реакција за пенал

Никој до сега не сме виделе на ваков начин да им подари пенал на противниците како што го стори тоа Габриел Риос од Парагвај.

Пензионираните легенди кои направија „кам бек“

Носталгија, пари и желба. Тука некаде треба да се бараат причините за фудбалерите кои откако ќе ги закачат копачките на клинец, не можат да се помират дека им завршил работниот стаж на теренот. Го облекуваат дресот, ја земаат топката в раце и назад на работа.

Вредноста на корнерите според математичарите

Ударот од белата точка е "коњак" позиција за фудбалерите од каде ретко грешат, а за добрите мајстори на „слободни удари" спортските коментатори знаат да кажат дека ова е половина пенал. Професори од САД докажуваат дека и од корнерите имало голем ќар.

Ливерпул со лекција до навивачите

Интересна слика кружи на Твитер. Премиерлигашот Ливерпул ќе ги учи своите навивачи како да се одвикнат од дискриминирање за време на натпреварите на „Енфилд Роуд“. Клубот подготвил листа на зборови кои обично се користат за навреди и кои не ги прифаќа и за време и по натпреварите.

Патот на децата до мундијалот во Бразил

Организацијата „World FC“ која со помош на најважната споредна работа во светот се обидува да го обедини светот, се подготвува за хуман чин во кој ќе ги вклучи децата кои најмногу го сакаат фудбалот, а немаат можност да бидат дел од него.

Неиспукани куршуми стопираа изградба на стадион

Навивачите на американскиот фудбалски клуб Сан Хозе ќе почекаат уште малку за да му се израдуваат на новиот стадион затоа што работниците кои го градат новиот најдоа неискористена муниција од Втората Светска војна.