Фудбал

Најатрактивниот гол на ФИФА 2015

Усовршеноста на играта прво ја видовме преку Торес, а сега и со атракцијата на Реал Мадрид.

Годината на Брендан Роџерс на Фејсбук

На чело со извонредните Суарез и Стариџ, Ливерпул беше на чекор до шампионската титула во англиското првенство која последен пад ја освоија во 1990-та, но во последните кола работите отидоа наопаку. Челси им ја прекина победничката серија од 11 кола по ред, а потоа ремизираа со Кристал Палас 3:3. Роџерс не успеа да стане херој.

Матеја Кежман објави книга

Поранешниот фудбалер на Партизан, ПСВ, Челси, Атлетико Мадрид, ПСЖ и Фенербахче во петок ќе ја објави автобиографската книга, во која зборува за тоа каков е Мурињо приватно, зошто се скарал со Видиќ, разводот со жена му, проблемите во Париз и други пикантерии од богатата кариера.

Најдобрите 10 екипи за 2014-та според ФИФА

Баварците продолжија со ист ритам во Германија, исто како и Јувентус во Италија. Севиља имаше повеќе среќа во пенал серијата во ЛЕ против Бенфика, Атлетико ни ги освои симпатиите, а Реал Мадрид стигна до јубилејната 10-та титула во Лигата на шампионите.

Черчи вредеше 15, Галијани го донесе за 2 милиона

Галијани на позајмица во Милан го носи италијанскиот репрезентативец кој пред 4 месеци вредеше 15 милиони евра. Во замена го пушта Торес кој на 10 средби даде еден гол.

Балотели ќе добие конкуренција на насловните страници

Холандскиот репрезентативец Елјеро Елија по нова година ќе заигра во Премиер лигата. Според тоа што го правел во минатото, во Вердер конечно ќе има мир во куќа, а Саутемптон ќе треба да вработи учителка.

Челси сениори против Челси петлиња

Најмладите играчи на клубот од Стемфорд Бриџ имаа прилика да се пробаат со нивните идоли, во затворен балон на тренинг. Петлињата играа против Фабрегас, Ширле, Ивановиќ, Рамирес, Дрогба, Куртоа и Кејхил.

Граѓаните сакаат да слават 9-ти пат по ред

Пред дуелот против ВБА во петок, Мануел Пелегрини изјави дека неговата екипа го достигнала врвот на формата годинава и по осум победи по ред сака да го изедначи и урне рекордот од 2011-та година кога беа шампиони.

Топ 20 голови од историската година на Реал Мадрид

Кралевите 2014-та ќе ја завршат со пехари во шпанскиот куп, Лигата на шампиониte и Светското клупско првенство, а срушија и многу рекорди. Број 1 гол е тркот на Бејл во финалето од Копа дел Реј.

Балотели се извади на искреност

Фудбалската асоцијација на Англија не му прости за објавувањето на сликата од Супер Марио, но го казни со само еден натпревар.

Мурињо ги испофали Фергусон и својата сопруга

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед минатата недела изјави дека не е фер што Мурињо изгледа добро, зборува пет јазици и освојува сè како Џорџ Клуни. Специјалниот му врати на препознатлив начин.

100 години од фудбалското примирје во Првата светска војна

Самата помисла на борбите во Првата светска војна асоцира на многу изгубени животи, рововски битки и живот во ровови под дожд од гранати. Сепак еден настан во Белгија ја одбележал последната битка на Западниот фронт во првата година од војната.

Пипо Инзаги ја врати публиката на стадион, Интер и Наполи ги загубиja навивачите

Натпреварите од италијанското фудбалско првенство привлекуваат сè помалку навивачи на стадионите. Статистиката покажува најголем пад на гледаноста во последните пет години од 11,4%.

Пандев продолжува да тресе мрежи во Турција

По хет-трикот на минатиот натпревар, Горан Пандев продолжува голгетерски и на денешниот куп меч против Дијарбакир. Во 31 минута тој го отвори резултатот откако ја избегна офсајд стапицата и го легна голманот. 

Газдите во Премиер лига сезонава имаат најмногу трпение

За разлика од минатата сезона клубовите во најсилните европски лиги отпуштаат помалку тренери. На островот не избркаа ниту еден, а во француското првенство само еден тренер остана без работа.

Бундеслигашка уживанција

По 17 одиграни кола, бундеслигашите отидоа на зимска пауза до крајот на јануари. На табелата води Баерн Минхен со 45 бодови, 11 повеќе од вториот Волфсбург, а Александер Мејер од Ајнтрајт Франкфурт е прв стрелец со 13 голови,  Ова е колекцијата на најдобри погодоци од сезонава.

Агим Ибраими е најдобар фудбалер за 2014 година

Фудбалската федерација на Македонија вечерва ќе ги додели признанијата за најдобрите во изминатава година.

Златан бесен што не е најдобар спортист во Шведска

На изборот за најдобар спортист во историјата на скандинавската земја според весникот Дагенс Нихетер (Денешен весник) победи Бјорн Борг, петкратниот шампион на Вимблдон, а зад него е корпулентниот Ибрахимовиќ. За Бјорг, Златан е поголем од ИКЕА.

Фудбалер со двоен живот суспендиран до 129 години

Палестински репрезентативец бил откриен дека истовремено игра за два различни клуба од Израел и Палестина.

Ако се држи до историјата, Челси ќе биде нов шампион

Сините од Лондон претходно на три пати ја освојуваа титулата во Премиер лигата, откако беа први на табелата за време на Божиќните празници. Во 22 сезони досега во Англија, 10 екипи го кренале пехарот на крајот, по лидерството на Божиќ.

Офсајд лик на денот: Сами Хипија

Поранешниот тренер на Баер Леверкузен не успеа во првиот обид да биде тренер во Англија. Финецот летово потпиша 3-годишен договор со второлигашот Брајтон, но даде оставка по само 6 месеци и една победа на последните 18 натпревари во Чемпионшип дивизијата.

Нејмар во свој стил

На Бразилец да не му дадеш да игра на хуманитарен меч со копиљаци. Ќе ги изработи како бавча.