Кај мажите сме навикнати да гледаме гужви во 16 метри, но не и кај жените. Во тоа нè демантираа Фреда Ајиси од Бирмингем и голманката на Сити, Карен Бардсли. Епилогот е црвен картон за црномурестата Ајиси, која играше и за Арсенал.
Пред пријателската со Италија вечерва во Торино, Вејн Руни изјави дека најголема желба како млад му била за репрезентација во напад да игра со Алан Ширер. Од Хески и Дефо до Бент и Крауч, Руни сменил 10 ортаци во нападот.
Жално е кога човек го руши својот авторитет граден со години. Чекор по чекор тоа му се случува на холандскиот селектор Гус Хидинк, за кого Роман Абрамович вложи крајни напори да го донесе во Челси во 2009 година. Гус некогаш беше магионичар, а сега никој не му верува.
Додека неговите колеги патуваа низ Европа на квалификациски натпревари, Алексис со Чиле играше против Бразил во Лондон. Времето го искористи и да покаже дека знае да жонглира со жаба, со грејпфрут, со мало топче и со лук.
Во пресрет на пријателската Италија - Англија утре вечер во Торино, англиските медиуми со носталгија се навраќаат на времето кога фудбалерите од Апенините играа голема улога во развојот на англискиот фудбал.
Пет порази на шест турнири, последниот синоќа од Вердаско во Мајами. Шпанецот губи од противници против кои порано се шегуваше на терените и сега едвај чека да почне сезоната на земја. Не е веќе трет во светот, а му се заканува нов пад на листата.
Славниот чешки репрезентативец кој денеска полни 43 години, се прослави како играч на Манчестер Јунајтед и Лацио и е рекордер со 118 настапи за репрезентација. Свеќи сигурно нема да му дуваме после тоа што ни го направи на Градски.
Дербито на португалските гиганти има 100 годишна историја која го дели Лисабон на два дела, црвено и зелено бел. „Кралот“ Еузебио бил дете на Спортинг, а потоа станува икона на вечниот ривал Бенфика, која има најмногу навивачи во медитеранската земја.
Со многу отсутни првотимци поради обврски со репрезентациите, шпанскиот тренер во првиот тим го пресели младиот Тони Трогранчиќ кој го воодушевил Гвардиола. Реал го има Одегард, но и Баварците сега може да се пофалат со новиот вундеркинд.
Аргентина викендов го совлада Хондурас 2:0 на пријателски натпревар одигран во Хјустон. Дека не им е вечерта, фудбалерите на Хондурас сфатија уште при интонирањето на химните кога ја слушаа химната на островот Изл оф Мен.
Кога се зборува за гол од корнер, прв кој ни паѓа на памет е Артим Шаќири. Освен легендарниот македонски репрезентативец кој во 2002 година го замолкна Саутемптон, голови од корнер даваа и многу други играчи ширум светот. Еве ги најубавите.
Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.
По дебаклот на Мундијалот во нивната земја, Бразилците редат победи. Денес во Лондон во пријателски меч го совладаа Чиле 1:0, со голот на Фирмино. Во текот на мечот фудбалерот на Интер, Гари Медел намерно го згазна Нејмар и не доби црвен картон.
Англија ја има најскапата фудбалска лига во светот каде минатата сезона последно пласираниот тим само од тв права заработи 74 милиони евра. Тоа делува депремирачки за нисколигашите.
Физиотерапевтите за време на натпревар имаат работа само ако некој се повреди, инаку не мрдаат од клупа 90 минути. Овој во Бразил решил поинаку да игра.
Четврти пат во квалификациите за ЕП 2016, нашите фудбалери го напуштија теренот со спуштена глава. Сепак, ни тоа не го демотивира селекторот Бошко Ѓуровски, кој вели дека квалификациите не се завршени.
Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.
Полупразни трибини, врнежливо време, четврти пораз за Македонија по пет одиграни кола на квалификациите за ЕП 2016 кои се веќе завршена приказна. На арената „Филип Втори“ атмосферата беше како во театар. Се слушаше само скандирањето на околу 50 Белоруси кои допатуваа во Скопје и си заминаа со победа.
Ако не ги биваше за фудбал и ако работеа по струка дел од хрватските репрезентативци сега ќе поправаа телевизори, ќе служеа пијачки, ќе местеа плочки. Но тие се фатија за тоа што веројатно најмногу ги бива и тоа што ќе им донесе рана пензија и преполна сметка со милиони.
Струмичанецот не може без Италија. После Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи, сега сака да живее и да игра фудбал во Џенова. Му фали и Чезаре Прандели кој доби отказ во Истанбул.