Фудбал

Ривер го доби вториот дуел со Бока, Меси останал буден да ги гледа

Во првиот дуел од полуфиналето на Копа Либертадорес, Ривер Плата со 1-0 го победи вечниот ривал и така ѝ се одмазди на Бока за поразот во првенството. Меси на Инстаграм објави дека е буден за најголемото дерби.

Шампионот на чекор до ново финале, Днипро извади реми на Сан Паоло

Фудбалерите на Севиља се блиску до нов пласман во финалето од ЛЕ, откако на првиот полуфинален меч со убедливи 3:0 славеа над Фиорентина. На другиот дуел Днипро направи изненадување во Неапол.

Ножички па ножички

Имавме ние периодов епски ножички, како оние со автоголот во Јордан или кога Кореанецот ја прими со глава. Но никој не успеал како Американциве кои така почнаа и да си додаваат.

Адебајор доби реплика од сестра му

Напаѓачот на Тотенхем вчера се отвори на Фејсбук за семејните проблеми, а прва од дома му врати сестра му.

Македонија остана 105-та фудбалска земја во светот

Новиот селектор Љубинко Друловиќ ја дозна позицијата на рангот на ФИФА од која ќе почне да ја води македонската фудбалска репрезентација.

Илиевски раскажа детално како местел седум натпревари

„На денот на мојот роденден, 2 март 2011-та Чо Бен Хуат ми донесе 250-300.000 евра, пари кој ги прати Тан Сет Енг. Други 300.000 евра ми донесоа двајца Унгарци во хотел во Лече за мечот Лече – Лацио“, изјави Македонецот кој сам им се предаде на италијанските власти.

Наполи против енигмата Днипро, Фиорентина во Андалузија

Стручните соработници на сајтот на УЕФА, Паоло Менучи и Игор Линјук ги даваат своите предвидувања за полуфиналниот дуел од Лигата на Европа на Сан Паоло. Наполи го освои овој куп во 1989. година кога Марадона беше предводник на екипата.

Сите потези на Меси против Баерн во ХД

Фудбалерите на Барса стигнаа до капитална предност пред реваншот со Баерн Минхен, а главен „виновник“ за тоа е Лионел Меси. Вчера си поигруваше со одбраната на Баварците, а најмногу го изработи Жером Боатенг.

Фудбалот во Шпанија ќе биде стопиран

Шпанската фудбалска федерација најави дека ќе го суспендира фудбалот до 16 мај поради несогласувања со владата.

Голата вистина за Сеп Блатер во документарец

Во својот нов документарен филм, истражувачката екипа на Е:60 ќе ги објави сите малверзации на актуелниот претседател на ФИФА и робовладетелскиот однос со луѓето кои ги градат стадионите за СП во Катар 2022 година. Премиерата е закажана за следниот вторник на 12. мај.

Меси ја носи Барса во Берлин

Со головите и асистенциите на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Барселона го совлада Баерн Минхен 3:0 и мирно ќе патува на реваншот во Минхен за осум дена.

Дресовите кои повеќе никој нема да ги облече

Интер го повлече дресот со број 4 со кој Хавиер Занети стана рекордер меѓу странците по бројот на настапи во Италија. Скоро сите на оваа листа ќе останат легенди кои заслужија повлекување на нивните дресови.

Тони Адамс на свадба во Азербејџан

Како играч ги креваше рацете само кога ја тераше одбраната на Арсенал да направи офсајд замка. Сега покажа дека знае да ги користи и за традиционален азербејџански танц. Поранешниот стопер на Арсенал беше тренер а сега е спортски директор на клубот Габала кој игра во првата лига во Азербејџан.

Адебајор ги исповеда семејните проблеми на Фејсбук

Напаѓачот на Тотенхем одбра со предолг пост на Фејсбук да ги открие сите проблеми кои најблиските му ги правеле од позадина. Им купувал куќи, а тие го краделе и му фрлале џуџу магии. Не му дозволиле да го види брат му пред смртта и му го изнајмувале станот.

Нејмар за бербер дава 2.000 евра месечно

Ѕвездата на Барселона не оди да се шиша во берберница, туку праќа шофер кој му го носи берберот дома.

Во серија А денеска се случи ова

Торино и Емполи играат заостанат меч во италијанското фудбалско првенство на кој голманот на домаќините во 3 минута направи потег поради кој нема два дена да заспие.

Италијанските екипи го нападнаа четвртото место на Германците

Јувентус, Наполи и Фиорентина испратија сигнал до Бундеслигата, дека борбата за четвртата позиција која носи во Лига на шампиони не им е сигурна и дека ќе се борат да си ја вратат.

Барселона бара одмазда за седумката од 2013-та

„Тие можеби го знаат мојот начин на размислување, но не го знаат на моите играчи“, изјави Гвардиола пред вечерашниот меч Барса - Баерн на Камп Ноу. Каталонците дадоа 14 голови на последните две средби.

Кога ќе ти легне на прва

Џампаоло Чарча од Таранто (Италијанска четврта лига) го постигна голот на првенството. Неговиот тим славеше 3-0, а неговиот гол уште долго ќе се гледа.

Шест години од норвешкиот грабеж на Стемфорд Бриџ

На 6. мај 2009 година, норвешкиот судија Том Хенинг Овребо не досуди шест очигледни пенали за Челси во полуфиналето од Лигата на шампионите против Барселона. Играчите го напаѓаа, УЕФА го казни, а навивачи и ден денес му праќаат заканувачки мејлови дека ќе го убијат.

Мајтапот со Реал на социјалните мрежи

Големата победа на Јувентус против Реал Мадрид вчера ги запали социјалните мрежи. Твитер и Фејсбук беа преполни со досетливи шеги на сметка на Кралскиот клуб, а најмногу го кркаа Роналдо и Серхио Рамос.

Генијалниот гест на Луис Суарез преку Скајп

На младиот Матео од Уругвај пред две години му откриле канцер. За време на една од редовните консултации, во улога на доктор од Шпанија на Скајп се јави неговиот идол. На Матео му беше сеедно сè додека Суарез не ја пушти камерата и не му го разубави секојдневието.

Јувентус го матираше кралот

Со головите на Алваро Мората и Карлос Тевез, Јувентус вечерва го победи Реал Мадрид 2-1 во првиот натпревар од полуфиналето на ЛШ. Кристијано Роналдо ја затресе мрежата на Буфон за надеж на Мадриѓаните пред реваншот.