На мечот ФНЛ Том - СКА Енергија во Русија, гостинскиот голман Јури Дјопин наместо во судиското продолжение, во противничкиот шеснаесетник одеше на три пати во текот на мечот. Првиот пат во 64-та минута при резултат 1-0 за домаќините. На пресот после мечот изјавил дека тоа била одлука на тренерот Александар Григорјан, а не негова.
Кога тренерот на твојот омилен клуб ќе те нервира до таа мера да дадеш завет дека нема да пишуваш за тимот додека е тој тренер, тогаш неговиот отказ ќе ти дојде како прослава на Нова година.
Таврија Симферопол е првиот шампион на независна Украина, но клубот е распуштен по отцепувањето на Крим од оваа земја. Година дена подоцна, два одделни клуба го носат истото име и секој оддедлно се смета за прав наследник на шампионот.
Во неверојатен почеток на дербито против Манчестер, фудбалерите на Арсенал за 20 минути дадоа 3 гола. Првиот беше ремек дело на Чилеанецот Алексис Санчез.
Поранешниот селектор на Јапонија и еден од најдобрите балкански стратези во историјата ја повтори идеата за основање на регионална фудбалска лига која ќе го извади балканскиот фудбал од калта.
Таман ги изброивме рекордите кои ги сруши Левандовски со најбрзите 5 гола во Бундеслигата, од Премиер лигата со реплика се јави Серхио Агуеро. Аргентинскиот репрезентативец од 42 до 62 минути пет пати стрелаше во голот на Њукасл за победа на Манчестер Сити од 6:1.
И покрај тоа што најголемите спонзори на ФИФА, Кока-Кола и МекДоналдс го повикаа да замине од функцијата, Сеп Блатер не размислува да стане од фотелјата.
Да се коцкаш со противничкиот напаѓач во својот шеснаесетник е лудост, но алжирскиот голман Малик Аселах ја доби партијата рулет и доби аплаузи од цел стадион.
На Аргентинецот кој денеска слави 35 години, сигурно најмногу честитки му стигаат од навивачите на Лацио кои урлаа на римското дерби на 29 април 2001 година кога го израмни резултат на 2:2 во 95-та минута.
Се што имате од обврски и планови за викендов направете ги во сабота, бидејќи ден потоа следува можеби најфудбалски ден во годината во кој имаме за уживање две дербија во Англија и по едно во Шпанија, Италија, Германија, Франција и Холандија.
Минатата коло Милан киксна со Џенова, Јувентус загуби во Неапол, а Интер по серијата 5 од 5 доживеа дебакл на домашен терен од Фиорентина. Историјата исфрли еден податок кој сигурно не го очекувавте, а тоа е дека трите големи екипи од италијанското првенство само пет пати во историјата загубиле во исто коло.
Најголемиот бугарски фудбалер на сите времиња беше прв стрелец на Мундијалот во САД 1994 година. Бурниот темперамент не му дозволи подолго да се задржи на светскиот врв, од каде се спушти со ротационо светло на својот џип по кафаните во Софија.
Срамни промашувања пред гол, неочекувана петица на Левандовски, џокерот на Ван Гал, Колер како голман, скршените цвикери на Клоп, однесување на Кан. Викендов се игра најголемото германско дерби меѓу двете екипи кои се без пораз во Бундес.
На местото на кое Арсенал ги доживеа најславните денови во клупската историја, денес има станбен објект. Цените за стан на местото каде беше Хајбери достигнувале и до 1 милион фунти. И покрај различната намена, автентичноста на местото е иста, а задржани се и многу оригинални елементи од стадионот. Целиот објект беше отворен официјално од Арсен Венгер на 20-ти септември 2009. година.
За сите вие кои не мрдате од ТВ во вторник и среда последниве 15-20 години или вие кои сте пропуштиле, потсетување на најшокантните резултати на европските гиганти. Како Шевченко ги збриша Реал и Барса, изненадувањето на дебитантите Њукасл и Мајорка и лудите пресврти на Депортиво и Брондби.
Дуелот ПАОК - Дортмунд во Солун очекувано не можеше да помине без нереди. Германците фрлаа бакљи и скандираа за Арис, најголемиот ривал на ПАОК, по што домашните навивачи на крајот влегоа во терен и тргнаа кон нив.
Виљареал, Лацио, Фиорентина и Шалке ги оправдаа фаворитските улоги во второто коло од ЛЕ. Борусија Дортмунд и Ливерпул освоија само по бод, а Партизан го изненади Аугсбург на гости со 1:3.
Не е ова времето на Пеле или Ромарио за кои постојат статистики дека стигнале до 1000-ка, но синоќешниот јубилеј на Роналдо во Шведска не е воопшто лош. Од активните играчи во врат му дише само Меси, а другите тешко дека може да го стигнат.
Балканската фудбалска реалност секој ден носи нови анегдоти. Од Босна и Херцеговина денес стигна веста за тренерот кој дознал дека е отпуштен преку Фејсбук.