Петка на Агуеро за 20 минути

Таман ги изброивме рекордите кои ги сруши Левандовски со најбрзите 5 гола во Бундеслигата, од Премиер лигата со реплика се јави Серхио Агуеро. Аргентинскиот репрезентативец од 42 до 62 минути пет пати стрелаше во голот на Њукасл за победа на Манчестер Сити од 6:1. 

По 66 минути на терен, Мануел Пелегрини го извади од игра Агуеро и со тоа му ја скрати можноста да стане првиот фудбалер во историјата на Премиер лигата со 6 постигнати голови на еден меч.

 

3 октомври 2015 - 17:46