Идеата за регионална фудбалска лига од време на време се појавува во јавноста. Меѓу оние кои би кренале рака за секако е и Ивица Осим, легендарното тренерско име кој вели дека поранешната СФРЈ би морала повторно фудбалски да се обедини.
„Регионалната лига ни треба, иако многумина се против неа. Таквата лига на целиот регион би му донела подобрување, иако многу луѓе едвај чекаат да кажат: Не е време. Тоа го зборуваат оние кои се против соединувањето на луѓето, на клубовите, на врските. Во секој случај сум за неа, сите би добиле кога би почнала да се игра. Најголеми непријатели сме самите на себе. Самите создаваме проблеми, затоа што лесно се воодушевуваме, а пребрзо се разочаруваме. Не сме објективни, затоа што често ги зголемуваме работите, посебно после големите победи, како да забораваме дека животот оди понатаму.“, изјави Осим за сараевскиот Дневни аваз.
Роден во Сараево, Штраус од Грбавица каде и да работи во светот, секогаш се враќа во својот роден град. Во мооментов ја извршува функцијата претседател на комитетот за нормализирање на односите во фудбалскиот сојуз на БиХ. Вели дека балканските претставници би имале поголема улога во Европа доколу се организира регионална лига.
„Мислам дека Лигата на шампионите има своја смисла. Кога ја гледам Барселона против некој тим, не знам кој играше и ги гледав играчите на едниот и на другиот состав. Си поставив задача да најдам некој играч кој не игра во тие два тима кој живее во Европа или Јужна Америка и кој би имал место во екипите. Не најдов таков. Нема веќе ѕвезди, нема веќе Месиевци и Роналдовци кои со еден потег можат да го решат натпреварот. Ние овде можеме да ги правиме преку весници, но не е тоа тоа", заклучува легендарниот Швабо.
Јадранската лига според него би била добра основа за младите фудбалери кои би играле пред полни стадиони, а не како денес пред празни трибини.
„Денешниот фудбал е многу поатрактивен од оној кој се играше во мое време. Секој ден гледам натпревари и дојдов до заклучок дека најважни играчи се крилните, страничните фудбалери. Денешните клубови сега имаат можност да купат таков играч, исто како што кога во кошарката се бара бек, тројка или четвртока. Практично во денешниот фудбал имате поделба на три играчи позади, два стопери и либери којшто е многу важен за тимот“, констатира Ивица Осим.