Со двата гола против Малме синоќа, Кристијано Роналдо стигна до бројката од 501 гол во кариерата, достигнување благодарение и на неговите соиграчи во Спортинг Лисабон, Ман. Јунајтед, Реал Мадрид и португалската репрезентација.
Ако досега често ја слушавме фразата „фаулов е за во затвор“, сега може да заклучиме дека за тежок фаул навистина може да се заглави на робија. Во Англија.
Тоа што ние го играме во редакција на пауза со раце, има луѓе што го играат со нозе, ама вистински. Поделени се 6 на 6, само им фали петката, а разликата е во тоа што може и да ти ја земат.
На ранг листата на ФИФА пред нашата репрезентација се наоѓаат: Кенија, Палестина, Северна Кореја, Кувајт, Мадагаскар, Централо Африканска република, Намибија, Бахреин, Сирија, Свети Винцент и Гренадини, Сиера Леоне...
Го одбиле Мусолини да играат во италијанската лига, не го прифатиле предлогот на Тито да се преселат во Белград и бидат клуб на војската а заслугите за отпорот кон фашизмот им донел голема почест од легендарниот Шарл Де Гол.
„Навивачите“ на Бенфика на Висенте Калдерон во Мадрид фрлаа бакљи врз домашната публика и повредиле 2-годишно дете. Едно е сигурно, УЕФА нема да им прогледа низ прсти и Бенфика ја очекува драстична казна.
По трејлерот за документарниот филм за Кристијано Роналдо, наскоро нè очекува и документарец во кој Лорд Никлас Бендтнер раскажува за својата фудбалска кариера.
Диего Симеоне првпат загуби натпревар во Лигата на шампионите на домашен терен. Манчестер Јунајтед го совлада тврдиот Волфсбург, а победи славеа уште и ПСЖ, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити.
Ако барате статистика за вечерашниот меч меѓу Малме и Реал Мадрид во ЛШ или ако чекате податоци за претходни дуели од коментаторите за време на ТВ преносот, нема ништо да најдеше, а ниту ќе чуете. Кралевите во Шведска до сега оделе само на турнеи.
По неколку години лутање, некогашниот најголем талент во Европа, Французинот Хатем Бен Афра се препороди во дресот на Ница. Екипата има три победи по ред, а Бен Арфа постигна пет гола по ред со две асистенции. Минатиот викенд, Ница го прегази Сент Етјен 1-4 на гости, по што навивачите ги пречекаа во транс кога се вратија во Ница и бараа прв да излезе нивниот миленик.
Контроверзниот плејмејкер повторно е обвинет дека е дебел за да игра фудбал на високо ниво, поради што го критикуваа и во КПР и сега во Бенфика која сака да го раскине договорот со него.
Ако се погледне статистиката, на Арсенал црно му се пишува. Само 8% од екипите кои ги загубиле првите две кола во Лига на шампиони успеале да се пласираат во следната фаза. Но ниту една од нив во трето коло не се соочила со Левандовски.
На дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Хилал во Саудиска Арабија, бекот Салмин Камис нормално ја градеше топката додека таа не излезе во гол-аут. Следуваше судиска одлука која го запрепасти цел стадион, а на крајот правдата дојде на свое место.
Роберт Левандовски сезонава во првенство има постигнато исто голови колку Саутемптон, Арсенал, Шалке Волфсбург, Келн и Киево и има повеќе постигнати погодоци од 11 екипи во Премиер лига, 12 во Бундеслигата, 14 екипи во Серија А и 15 во Ла Лига.
Тајкунот со санитарна керамика, Фернандо Роиг го купи Виљареал во 1997 година кога екипата играше во втората лига пред 3.000 навивачи. Циниците тогаш зборувале дека најмногу што може да направи Роиг е да ги смени плочките во клупските тоалети.
Во понеделник (05.10.2015) во 19 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски" официјално започнува новата сезона на Телеком Бизнис Лигата на Македонија. По шести пат кај нас, Бизнис Лигата на Македонија ќе биде место каде ќе се соберат вработените од најуспешните компании во земјава за да да си ги одмерат силите во мал фудбал.
Не е ова онаа класична фотка каде пишува: Oд лево надесно стојат и потоа доле клечат тие и тие. Бундеслигашот се потрудил малку повеќе и на заедничката клупска фотографија ја вклучил маскотата и сите играчи од 11 години па нагоре. Баклавата составена од празни седишта е нивното лого.
Поразите на Арсенал и Челси синоќа во Лигата на шампионите беа уште еден срам за англиската елита која на шест натпревари во Европа доживеа пет порази и не го оправда епитот најсилна лига на континентот.
Барселона при негатива од 0:1 можеше многу лесно да прими и втор гол од Баер Леверкузен, но новото засилување на германскиот состав реагираше аматерски пред голот на Барса која потоа направи пресврт.
Второто коло од Лигата на шампиони донесе неколку изненадувања. БАТЕ Борисов ја тресна на домашен терен Рома со 3:2, а со ист резултат Олимпијакос го замолкна Емирати. Челси е поразен во Порто, а Левандовски продолжи по старо.