И покрај тоа што веќе пишувавме за историските пет гола на Левандовски против Волфсбург, а потоа и за неговите 100 најбрзи голови во Бундеслигата, Пољакот уште ни го држи вниманието, а тоа се должи на убиствената форма која ниту еден друг напаѓач ја нема во моментов.
Голгетерот на Баерн Минхен за кој сите кои следат фудбал на планетава коментираат по нешто и за кој Гвардиола кој има освоено 19 трофеи се држеше за глава кога ја виде најбрзата петарда сезонава за својот клуб и за својата земја, сезонава има учинок од 12 меча, 17 голови и 4 асистенции.
Тој е водечки стрелец во Бундес со 10 голови, со истата бројка е број 1 и во Квалификациите за ЕП 2016 пред Милер кој има 8, а прв е и во Лига на шампиони каде има 3 голови, исто колку Кристијано Роналдо.
Левандовски постигнува гол на секои 52 минути, а од последниве 12 меча не успеа да стрела само на три. Само на последните три меча или за вкупно 225 минути минати на терен тој даде 10 гола, пет против Волфсбург за историски 8 минути и 59 секунди, два против Мајнц и уште три против Динамо Загреб за 34 минути.
Благодарение на него, Баерн вчера стигна до нов рекорд. По десетти пат во својата историја успеаа да победат во првите две кола во ЛШ, но никогаш немале гол разлика 8:0 по стартните две средби.
Полскиот репрезентативец е најопасен во шеснаесетникот, а тоа го поткрепува статистиката која вели дека од 101 гол во Бундеслигата 94 ги постигнал од шеснаесетник, а во ЛШ сите 26 погодоци му се од таму.
Тој не научи да игра фудбал во Баерн Минхен. Моменти за паметење имаше и во дресот на Борусија Дортмунд.
Најбрзите 5 голови