Навивачи

11 кошмари во турскиот фудбал

Последната епизода насилства во турскиот суперлигашки фудбал на програмата одеше минатиот викенд за време на дербито Трабзонспор - Фенербахче. Во не така далечно минато се случија сериозно насилни настани.

50.000 навивачи за прослава на титула во хокеј

Хокејот е најпопуларен спорт во Шведска. Доказ за тоа е и прославата на шампионскиот трофеј на Фролунда во хокеарското првенство на оваа скандинавска земја. Со бакљи, со огномети, со триста салтанати.

Зошто во НБА на пауза не се оди до веце

Паузите измеѓу четвртините и тајм-аутите, воопшто не се досадни во НБА лигата ако камерите знаат каде треба да зумираат. Платен или не за ова глупирање ваквиот ков на навивач секогаш го краде вниманието на публиката.

Супер мотиватор и прав лидер

Кога фудбалот ви е во крв уште од детството и го сакате вашиот клуб без разлика колку години имате. Како на пример ова девојче, навивач на шпанскиот второлигаш Алкоркон.

Ако навистина ви е до клубот, одете си

Војната меѓу навивачите на Лидс и тврдоглавиот италијански газда не престанува. Уште кога го купи клубот пред две години и веднаш го отпушти тренерот, тие протестираа облечени како мафијаши, а најновиот притисок му го направи 15 годишен навивач кој му испрати писмо.

Со оле’ тотално да го понижиш противникот

Навивачите на Ливерпул одамна не уживаа на едно дерби против Евертон како вчера. Со 4 прекрасни гола го испратија комшискиот состав, а во еден момент непрестано го диригираа славеничкото „оле“!

Старо ама многу јако

Аргентинската тифо сцена е незгодна и за жал често пати во тој фудбалски дел од планетата паѓаат и жртви. Но тие дечки знаат да направат толку добра фешта, што на човек му доаѓа да им ја запее и научи химната па и во случај да не им го сакате клубот. 47 секунди со навивачите на Бока Јуниорс кои ќе ви летнат за 5.

Како е да гледаш пенали со твојот најголем ривал

Пред 4 години Глазгов Ренџерс беше четвртолигаш, а минатиот викенд го елиминираше Селтик во полуфинале од шкотскиот ФА купот. Двајца другари пеналите кои завршија 5:4 за Ренџерс ги проследија многу емотивно, но без кошкање и покрај тоа во живот не би си смениле дрес.

Како да ги извадиш од памет навивачите со карти

Онаа шупана кај стадион карши Томче Софка живи нервози ни правеше со години додека чекавме карти во колони бидејќи беше само таа и имаше 2-3 шалтери. Сето тоа веќе со години во светот оди онлајн, но има моменти кога не те спасува ниту хакер.

Најдоброто бегање од редари и џандари

Додека сите тие што скокаат на терен кога ќе почнат да трчаат држат еден правец, а тоа е само право, навивачов има цик - цак тактика и никој не успеа да го фати, се додека не дојде моментот кога реши да им попушти пред гол. Се работи за мечот меѓу Зенит и Спартак Москва кој се одигра викендов.

Две навивачки групи, една химна

Човек што не следи фудбал, а се најде вечерва на овој стадион нема да има појма зошто сите навивачи пејат една иста песна. Дами и господа, звучките мора посилно за да чуете како звучи YOU'LL NEVER WALK ALONE на Енфилд Роуд со заеднички сили од грлата на навивачите на Ливерпул и Борусија Дортмунд.

Од близу со навивачите на Атлетико Мадрид

Моќната Барселона која во последните 10 години 4 пати ја освои Европа, втор пат во нокаут фазата од ЛШ не успева да се справи со момците на Симеоне. Навивачите тоа знаат одлично да го наградат и да направат фешта од пред почетокот на мечот па се до последниот свиреж на судијата. Еден од навивачите снимал и тоа го поделил во етапи.

Еспањол плаќа 24.000 евра казна за Шакира

Дисциплинската комисија при шпанската фудбалска федерација му изрече казна на клубот од Барселона, поради навредливите скандирања и пароли за Шакира, сопругата на Пике.

Бара Бравас - темната страна на Аргентина

„Мислите дека ако одам во затвор, насилството ќе престане? Дали навистина верувате дека ако нè однесат сите на едно место и нè стрелаат, сè ќе се заврши? Не, тоа нема да заврши. Знаете зошто? Затоа што е наследно" - рекол на суд лидерот на La 12, Рафаел ди Зео.

Битката на плоштадот меѓу Бојси и Торцида

Ривалитетот меѓу Сплит и Загреб е толку голем што неколку обиди за примирје меѓу навивачите и заедничко бодрење на репрезентацијата завршуваа неславно. Имаа епизоди од Малта и Андора, преку Скопје и Јапонија до плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб.

Тајната на слободните на Дмитри Паје

Ѕвездата на Вест Хем Јунајтед и Франција, Дмитри Паје игра чудесна сезона во која нема да чуди ако неговиот тим обезбеди настап во Лигата на шампионите следната 2016/2017.

Тепачката меѓу Шверцери и Балисти во Чаир

Поради реновирање на стадионот во Тетово, Шкендија своите домашни натпревари ги игра во скопската населба Чаир, домот на прволигашот Шкупи. Навивачите на овие два клуба неколку години имаа пријателски односи, но вчера на мечот Шкендија - Силекс дошло до тепачка меѓу Балистите и Шверцерите.

Кога ти пеат за роденден

Редарот на теренот до трибините им заличил на популарниот пеач Ед Ширан, па неколку навивачи на рагби тимот Мунстер му го запеаа големиот хит Thinking out loud.

Лестер, 1928-ма

Filbert Street е името на стариот стадион на Лестер кој го користеа од од 1891-ва до 2002 година, а оваа слика е стара 88 години и е направена во петтото коло од ФА купот против Тотенхем.

Навивачката која поседува годишна карта 82 години

За оваа бабичка пензионерски живот не значи дека треба само дома да дреме во фотеља, да гледа серии и да плете. Таа оди на стадион, го бодри Вест Хем, ама го бодри од 1934 година.

Фудбалот во Македонија се сака и во трета лига

Викендов имаше каубојско однесување на стадионот во Чаир, римско дерби без навивачи и полно Ел Класико со скоро 100.000 навивачи. Но рангот и квалитетот на фудбалот не е секогаш пресудни за интересот на публиката, а тоа се виде во Неготино.

Како треба да изгледа прав едноминутен молк

Кога едноминутно молчење се одвива пред 60.000 луѓе на стадион, а никој не зуцнал, тогаш може да се каже дека навистина мува да пројде ќе се слушне. Ајакс - Цволе во чест на Јохан Кројф.

Див запад на дербито во Чаир

Некогашното големо дерби Слога (денес Шкупи) - Вардар ниту попладнево не мина без сериозни инциденти. Шверцерите во првиот дел фрлаа предмети на теренот а со стаклено шише бил погоден Горан Попов. По завршувањето на мечот кој Вардар го доби 0-1, десетина хулигани влегле во теренот и ги нападнале гостинските фудбалери Томе Пачовски и Бобан Грнчаров, а најтешко поминал Дамир Којашевиќ кој со боксирач бил удрен во носот.