Offside

По Мексико и САД како домаќини на Светско првенство 2026 се пласираа во следната фаза. Американците вечерва ја совладаа Австралија со 2-0 со автоголот на Камерон Бергес во 11-та минута и голот на Алекс Фриман во 43' минута.

Скопје го добива вториот Nike store

Со отворање на втората Nike продавницата во Скопје, сите љубители на брендот ќе имаат можност да искусат ново шопинг искуство според најсовремените светски стандарди.

Гостување во Венеција со траект директно до стадион

Стадионот „Пјер Луиџи Пенѕо“ во Венеција има капацитет од 11.150 места. Се наоѓа на прекрасна локација, на самото Јадранско море а во близина на стадионот има и станица за разни морски пловила. Изграден е во 1913 година и е втор најстар стадион во цела Италија.

Како бе со нога ја допре пречката?

На тема загревање, разгибавање или истегнување на мускули, една конкретна вежба ќе ви покаже голманот на Вест Хем, Алфонс Ареола.

Документарец за 70 години ФК Вардар со нарација на Дарко Панчев

Приказната за скопскиот и македонски бренд е раскажана благодарение на тв Арена, јер кај нашиве телевизии се нема простор за една ваква спортска содржина, туку за хронично гњавење со политички дебати. Имаме одлично историско фудбалско четиво, богато со славни соговорници.

Врвна банана и блескава партија на Дончиќ во дербито со Хјустон

Далас Маверикс го доби големото тексашко дерби со Хјустон Рокетс 116:106. На домашен терен Лука Дончиќ одигра одличен меч со 26 поени (10/25 од игра), 14 скока и 7 асистенции. Суперѕвездата на Мавс на тимот предводен од Џејсон Кид имаше и врвна блокада врз младиот Турчин Алперен Шенгун

Јокиќ доминираше, па незгодно се повреди во дуел со Гобер

Јута Џез славеше против Денвер Нагетс 122:110 и му го нанесе вториот пораз на тимот од Колорадо сезонава. Никола Јокиќ за 15 минути на паркетот уфрли 24 поени (8 од 9 од игра, 3/3 за три поени) со 6 скока и 6 асистенции. Но на две минути пред полувремето се повреди по еден дуел со најголемиот ривал Руди Гобер кој е трократен најдобар дефанзивец во НБА.

Маестрален гол од пола терен во Јапонија

Во јапонската втора лига, Каито Танигучи во 76’ од мечот меѓу неговиот Албирекс Нигата против Блаублиц Акита постигна фантастичен гол од пола терен. Неговиот тим на крај изгуби 1-2, ама погодоков го прошета цел свет.

Фасцинантниот Сандро Тонали во игра еден на еден

Според стилот на игра, позицијата, па и изгледот го споредуваат со Андреа Пирло, ама детево има квалитети да се развива во можеби нешто поголемо. Погледнете ја оваа цврстина, енергичност и способност за исфрлање противник од игра. Го уништи.

Навивач влета на терен во Јап Стам издание

Во последно време не е во мода да си симнеш на терен чисто колку да трчаш како мува без глава. Пред неколку дена еден влета за да му помогне на Меси во контра напад, а овој во англискиот нисколигашки фудбал мислиш на проба го викнале за стопер.

Кикс на Чурлинов во одбрана, тежок елиминација за Шалке од третолигаш

Минхен 1860 го елиминираше Шалке во 3. коло од Купот на Германија со 1:0. Голот падна уште по 5 минути игра, по една лоша проценка на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов кој се однесуваше многу комотно во одбрана. Тренерот го казни за лошиот потег и го извади во 22-ра минута.

Навивач на Брондби останал заглавен во Глазгов, па другите навивачи му собрале пари да се врати дома

Минатиот четврток данскиот шампион Брондби гостуваше кај Ренџерс во Глазгов и изгуби 2-0 во рамки од групната фаза на Лига Европа. Еден 18-годишен навивач на данскиот клуб ќе го памти ова гостување по многу нешта.

Каде е и што прави брат му на Донарума?

Во Милан сигурно не е, а и што би правел кога “бранеше“, односно држеше место само поради брат му и го цицаше клубот 1 милион евра по сезона како трет голман. Епа во трета лига е дрвцето.

Барса и Бока ќе играат Куп Марадона во Саудиска Арабија, Диего еднаш настапил таму

Гигантите Барселона и Бока Јуниорс објавија дека е договорен пријателски меч во декември а натпреварот ќе биде наречен „Куп Марадона“ посветен на првата годишнина од смртта на легендарниот Аргентинец.

Aутсајдерите кои направија епски успех, патувајќи со стари комбиња

Во фудбалот повеќе не играат имиња, туку желбата, срцето, мотивацијата. Да не постоеа овие карактеристики, немаше да постојат приказни од типот на Шериф Тираспол. Но оваа е поинаква од сите други и неверојатна, а ни доаѓа од Африка.

Го видовте ли Шекил О’Нил на Формула 1?

Легендарниот кошаркар направи шоу по крајот на трката за Големата награда на САД. Ефектно го донесе победничкиот трофеј кон подиумот качен на огромен Кадилак со рогови.

Како Мурињо ја водеше Рома со црвен картон против Наполи

Деветтото коло во Серија А донесе рекорд од четири исклучени тренери, откако црвен добија Мурињо, Спалети, Инѕаги и Гасперини. Да видиме кој се снајде најдобро.

Турчинот Кантер од НБА го критикуваше Си Џинпинг, Кина забрани пренос на Бостон Селтикс

НБА лигата како одново да влегува во конфликт со Кина. Секој чекор на една од двете страни се следи со огромно внимание и со соодветни критики. Сега причина за нови искри е излетот на Енес Кантер на Твитер кој сними 2 видеа со пораки до претседателот на Кина.

Тричковски на чекор од апсолутен рекорд на Кипар

На 25 октомври, во понеделникот вечер АЕК Ларнака на гости го совлада Анортозис со 1-2, а резултатот го отвори Иван Тричковски со гол од пенал. Ова беше вкупно осми гол за Македонецот и тоа на седми меч по ред со што влегува во редот на најдобрите стрелци во историјата на кипарскиот фудбал.

Моџи ќе ви каже што се случува во Манчестер Јунајтед

Пикантеријата е кратка, ама многу вредна и важнa. Прво затоа што ја отсликува играта на терен. Второ, тоа е најважниот сегмент кај еден тренер во било кој спортски колектив и нешто непоимливо кај еден Фергусон. Трето, ја кажува еден од најмоќните луѓе во фудбалот и го открива изворот.

Финецот Марканен заби преку Јокиќ за потег на колото во НБА

Никола Јокиќ на врвен начин ја почна и новата сезона. Но момент на слава синоќа во НБА доби и Финецот Лаури Марканен од Кливленд кој заби преку српскиот репрезентативец. На крајот Кавалирс беа поуспешни од Нагетс со 99:87. Јокиќ го заврши мечот со 24 поени и 19 скока и 3 асистенции.

Кога ќе го извадиш од колосек најскапиот англиски фудбалер во историјата

Тој што дрибла е Тарик Лампти, бекче од Брајтон, роден 2000-та, а тој што се обидува очајно да му ја земе топката е Џек Грилиш за кој Сити на Астон Вила му исплати рекордни 100 милиони фунти. Тарик си го работи како сака најскапиот англиски фудбалер и ја забавува публиката и покрај поразот од 1:4.

Српски тренер дели совети во Саудиска Арабија на свој англиски јазик

Tренерот се вика Бошко Јоловиќ и работи во Саудиска Арабија. Од дополнително инфо и немаме потреба, туку бараме да пуштат втор, па и трет дел. Старо, ама многу добро видео. И Џордан им го спомнува.

Дриблинг на колото, еден против тројца

Мехди Шаири од Каен изгледа гледал многу клипови од Роналдо Луис Назарио да Лима, бидејќи овие движења и маестрална игра со топка, некако на него не потсетија. Многу профи ги изработи, ама ептен.

Најлошо деби во историја на Бундеслига, го извадиле по 16 минути

Маркос Антонио е Бразилец. Денес има 38 години, а на времето играше во неколку европски екипи. Дали на превара или на којзнае што, овој централен бек, стопер, стигна дури и до Жил Висенте, Оксер, ПАОК, Рапид Букурешт.