Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Анегдота за Клоп и Боатенг

Некогашниот светски патник Кевин-Принс Боатенг кој играше за Херта, Тотенхем, Борусија Дортмунд, Портсмут, Џенова, Милан, Шалке, Лас Палмас, Ајнтрахт Франкфурт, Сасуоло, Барселона, Фиорентина, Бешикташ и Монца, раскажал една анегодта со Јирген Клоп.

ПАОК бурно ја прослави шампионската титула

Во луда завршница, во последното коло од грчката Суперлига, ПАОК влезе прв со 77 бода пред АЕК Атина кој имаше 75 бода. На Солунците им требаше победа на гости кај градскиот ривал Арис. Водеа 1-2 и со играч помалку од 78 минута успеаа да издржат, да победат и да слават титула со своите навивачи кои на „Тумба“ го следеле дербито на видео бим. Титулата се враќа во Солун а досега шампион беше АЕК.

Сув лист на колото

Ванкувер победил 1-2 на гости со Форџ во канадската фудбалска лига. Вториот гол за гостите го дал Васко Фрај директно од корнер.

Химната на ЛШ ечеше во соблекувалната на Брест

Заврши сезоната во Франција. Со шампионот ПСЖ претставници во Лига на шампиони на есен ќе бидат уште и Монако и Брест, како едно од најголемите изненадувања. Од 1991 до 2004-та играле аматерски фудбал, а потоа влегле во најниската професионална лига. Од 2019-та се прволигаши и немаат ниту еден трофеј. Има зошто ги откорнаа грлата. Испишуваат ново поглавје во својата историја.

Клоп заминува во свој стил, со денс на бина

Ливерпул организираше проштална забава за заминувањето на Јирген Клоп, на која се разбира царот не дремеше на маса, туку уживаше во први редови во друштво на пејачот.

Прекрасната шампионска кореографија на тифозите на Интер

Оној кој од близу се занимавал со местење кореографија знае колку е тоа тешка, макотрпна и исцрпувачка работа. Уште рачунајте ако треба да местиш за 80.000 луѓе, па секој да знае да не крева пред време, ни подоцна ни порано. Навивачите на Интер на дербито со Лацио кое заврши 1:1 кренаа чудесна кореографија за шампионското скудето број 20 со кое заработи две ѕвезди на грбот.

Се разбира дека ќе ти се смее коментаторот

Ал Ахли ја совлада Абха со 5:1, а еден од гостинските играчи доби поклон топка од голманот и потоа сам себе се совлада. Неверојатна сцена.

Циркузантска бугарска сцена со судија кој се постави како Јап Стам

Имаме невообичаен дуел еден на еден на дуелот Черно море - Лудогорец, ама многу невообичаен, бидејќи се играше надвор од терен и во еден момент одбраната доби драстично засилување од страна на линискиот судија. 

Емотивното видео кое Ливерпул го спреми за Клоп

Тешко кој навивач на црвените ќе може да издржи да го изгледа видеото кое како благодарност за сè што направи за нив Ливерпул му го сними на својот сакан Јирген Клоп кој после 9 години заминува од „Енфилд Роуд“.

Марко Ројс на заминување цела трибина ја почасти пиво

Легендарниот германски фудбалер имаше господско испраќање на „Сигнал Идуна парк“. Возврати мангупски со многу јак и ретко виден гест.

Баер Леверкузен шампион без пораз - влезе на вечната листа на рекордери

Со победата од 2-1 над Аугзбург во последното коло од германската Бундеслига, шампионот Баер Леверкузен и официјално ја заврши сезоната во германската лига без пораз - 28 победи и шест нерешени на патот кон трофејот.

Пеп Гвардиола емотивен на прослава на титулата, со огромна почит зборуваше за Клоп

Конечно бидна и тоа. Заврши драмата во Премиер лига. Во последното коло Манчестер Сити со 3-1 го совлада Вест Хем, го сочува првото место и ја освои шампионската титула со 91 бод, два повеќе од Арсенал кој има 89.

Норвежанец му даде 4 гола на Реал Мадрид за 17 минути

Во претпоследното коло од шпанска Ла Лига, Виљареал и Реал Мадрид одиграа спектакуларен меч кој заврши со дури осум гола! На крајот реми 4:4. „Кралевите“ водеа 1-4 но норвешкиот шпиц Александар Серлот беше упорен и не дозволи Виљареал да изгуби.

Шпалир на Енфилд Роуд за крај на ерата на Јирген Клоп

Ливерпул експлодираше од емоции на последниот меч на Клоп. Од навивачи до играчи, никој не остана рамнодушен поради заминувањето на харизматичниот мангуп кој им ги исполни соништата. Ван Дајк липаше од солзи.

Како изгледаше последната средба на Клоп со новинарите

Во негов стил: „Мислам дека нема да ми недостигате, но ако тоа се случи, само ќе ја погледнам оваа фотографија и тоа чувство ќе исчезне“.

Нов гол на Трајковски со кој го најави пресвртот на Хајдук

Хајдук ја совлада Горица 2:1 со пресврт, во претпоследното коло од хрватскиот шампионат. На Александар Трајковски му тргна дури на крајот од сезоната. Има 3 гола на последните 6 средби или вкупно 4. Македонскиот напаѓач го израмни резултат во 30 минута.

Денвер испадна, залудни беа 34 поени на Јокиќ - Минесота оди во финале

Во седмиот решавачки меч, кошаркарите на Денвер Нагетс изгубија од Минесота Тимбервулвс 90:98 и нема да го бранат шампионскиот пехар освоен минатата сезона. Јокиќ и другарите имаа огромни +20 на почеток на третиот период но гостите направија луд пресврт.

Пенал серијата вредна историски трофеј за Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид испишаа нова клупска историја и го освоија првиот трофеј од формирањето. Во финалето на Купот падна шампионот на Македонија.

Дончиќ го однесе Далас во финале на Запад и го чека Јокиќ

Кошаркарите на Далас Маверикс се првиот финалист на Западот, откако синоќа јас совладаа Оклахома 117:116 во полуфиналната серија и со 4-2 одат во финале.

Усик го разби Тајсон Фјури и стана прв апсолутен шампион во XXI век

Со поделени одлуки на судиите, во „Кралска Арена“ во Ријад, Саудијска Арабија пред речиси 30.000 гледачи, Украинецот Александар Усик го совлада до синоќа неприкосновениот шампион Тајсон Фјури од Велика Британија.

Херојската одбрана на 19 годишниот Галевски вредна историско финале за Алкалоид

Вардар и Алкалоид одиграа драматично и неизвесно полуфинале во Купот на Македонија. За влакно не гледавме седмерди.

Вујо за младите генерации и опсесијата со телефоните

Легендарниот ракометен стратег кажува пример од едно патување во Лига на шампиони, за тоа каква била разликата кај ракометарите кога биле со и без интернет.

Мурињо: Модриќ е убавината на фудбалот

Жозе Мурињо го смета Лука Модриќ за гордост и вели дека кога го однел во Реал Мадрид, никој не верувал дека е за таму, а уште игра после толку години.

Арсенал 2004 vs Баер Леверкузен 2024

„Непобедливите“ на Арсенал е приказна која уште се раскажува. Ама погледнете го вие внимателно хитот на сезоната во Европа какви бројки вади. Да потсетиме, имаат уште едно коло во Бундес и финалиња во Куп и ЛЕ.