Каква ли е таа трка со 11.000 коњски сили?

Топ Фјуел (Top Fuel) или Драг рејсинг е спринтерска трка на кратко растојание со учество на два автомобили. Дистанцата може да биде 402 метри, 804 метри или 1.609 метри. Овој тип трки се популарни најмногу во САД каде државно првенство имало уште од 1950-те години. Трката може да биде меѓу автомобили, моторцикли, катери, електромобили па и трактори.

Пред трката, возачите често прават согорување со цел да ги исчистат и загреат гумите пред лансирањето. Достигнуваат брзина и до 531 км на час, а моторот произведува звк кој може да предизвика физичка болка или дури и трајно оштетување.

Пред трката спикерите обично ги советуваат гледачите да ги покријат или да ги затнат ушите, а многумина носат и штитници за уши кои ги добиваат на влезот на Топ Фјуел настан.

По залетување, по стартот, пред крајот на трката на возилата им се отвораат падобрани со цел да сопрат полесно на крај од патеката.

Најпознат активен возач во Топ Фјуел е Тони Шумахер (не е во роднинска врска со легендарниот Михаел). Тони бил дури шест пати шампион.

4 септември 2024 - 09:17