Offside

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Како се збогуваше Милан со Пиоли?

Во последното коло од Серија А Милан одигра 3-3 со Салернитана во меч кој немаше голема резултатска важност затоа што росонерите одамна го обезбедија второто место на табела зад шампионот Интер и осигураа директен пласман во Лига на шампиони. Навивачите и играчите се збогуваа со оние кои си одат од Милан меѓу кои и тренерот Стефано Пиоли.

А сте виделе ли вие старт со две нозе и две раце?

Запознајте го крамањонецот на денот, месецот и годината кој се крие во Бразил. Не се буни за црвениот, а после ваков малоумен старт, не треба да се буни и ако го стават на ладење едно 20 меча. Kромидарник со тапија.

Знаете ли со што се занимава сега Едгар Давидс?

Некогашниот главен пит-бул на светскиот фудбал, човек што бескомпромисно влегуваше во дуел секаде и со секого и беше врвен фудбалер во Ајакс, Јувентус и Барселона, веќе подолго време се занимава со фотографија. На прашање што му е најомилено да слика вели: пејзажи и портрети.

Браќата Канаваро го тешеа скршениот Ди Франческо

Во последното коло од сезоната во Серија А беше драма во борбата за опстанок. Со резултатите Фрозиноне - Удинезе 0:1 и Емполи - Рома 1:1, првите две екипи се спасуваа, а Емполи испаѓаше. Но во 93 минута се случи пресврт и Емполи ја победи Рома со 2:1, а солзите и разочараноста се префрли кај тренерот на Фрозиноне Еузебио Ди Франческо кој не можеше да се помири. Убав гест на стратегот на Удинезе Фабио Канаваро и неговиот асистент Паоло кои покажаа солидарност.

А и во Норвешка многу нетокму пресврт

Во 10. коло од норвешката втора лига Обос-Лигаен, Стабек го пречекал дома Егерсунд. Стабек од клупата го предводи американскиот тренер Боб Бредли кој со добар успех беше селектор на САД, го водеше и Египет а беше тренер и на Свонси и Ле Авр. Но ова што го доживеал викендов со Стабек не се памети во светскиот фудбал.

Бруно Фернандеш за Рики: Феномен

Тројната круна на Стефан Ристовски се слушна и во Манчестер Јунајтед благодарение на Бруно Фернандеш. Португалската ѕвезда и македонскиот репрезентативец се големи пријатели од времето во Спортинг каде заедно освоија три пехари. Бруно на Инстаграм ја сподели фотографијата од Рики кој позира со пехарите за време на прослава на плоштадот во Загреб. Скоро 9 милиони го следат.

Мангупскиот гол и фештата во режија на Икарди

Галатасарај ја запечати титулата број 24 во својата историја и тоа убедливо со 102 бода, 3 повеќе од Фенербахче. Мауро Икарди во елемент играчки и на терен и во диско.

Луд и драматичен бараж во Германија - вакво нешто не се памети

Минатиот четврток во првиот меч од германскиот бараж, Бохум изгуби дома 0-3 од Фортуна Дизелдорф која глатко победи пред реваншот на свој терен. Се било спремно за голема прослава на пласман во Бундеслигата, прв после неколку години.

Атаман со говор од две реченици направи шоу во соблекувална

Турскиот кошаркарски стратег Ергин Атаман во последните четири години, три пати се радува во фајнлфорот од Евролигата. Ја освои два пати со Анадолу Ефес (2021, 2022), а овој пат и со Панатинаикос кој се качи на тронот по пауза од 13 години.

Величествен пречек на Свен Горан Ериксон на Олимпико во Рим

Легендарниот шведски стратег беше специјален гостин на последниот меч на Лацио за оваа сезона. Го пречекаа со сите нишани. 50.000 навивачи привлече најавата за неговото присуство.

Во четврта македонска лига битката за прво место се води со полиција

ФК Ржаничино и ФК Гоце Делчев викендов се бореле за прво место, вредно промоција во трета лига. Гостите имале предност од 0:1 и им бил доволен само бод за да ја сочуваат првата позиција, но домаќините победиле со пресврт и завршиле први. Тоа значи дека Ржаничино оди во трета лига, а Гоце Делчев останува во четврта. На полицијата им се отворило работа.

Дончиќ се загреваше со хрватска песна, Шекил правеше мајтап

Лука Дончиќ редовно нарачува балкански песни во НБА, а еден од главните ликови задолжени за забава е Шекил О`Нил кој го смееше Словенецот.

Загреб гореше, Динамо славеше тројна круна

Многу славенички денови имаше периодов за фудбалерите на Динамо Загреб. Кулминацијата се случи синоќа со отворен автобус, најпрвин со шампионска парада низ улиците на градот, а потоа на плоштад каде имаше голема фешта.

Ентони Едвардс е лудак со забивањата

22 годишниот Ентони Едвардс кој од 2020-та е на НБА сцената како член на Минесота, сè повеќе нè потсеќа на Винс Картер во начинот на кој забива. Колку само моќ и експлозивност има во потегов. Страшен е дечкото.

Далас води 3:0 и е на чекор до финале по пауза од 13 години

Во третата пресметка од финалето на Западната конференција, Далас Маверикс ја доби Минесота со 116:107 и за два дена ќе има можност да му направи чистка на незгодниот противник кој го елиминираше шампионот Денвер. 3:0 има и Бостон против Индијана.

„Заветна“ ечеше во Струмица

Комити како и многу пати сезонава направија фешта во бараж мечот на Вардар против Детонит Плачковица кој го добија со 2:0. Го згрмија големиот македонски хит и приредија пиротехничко шоу.

Од 17-ти во Европа до титула против кралот во Евролигата

Панатинаикос е нов шампион на Евролигата откако во финалето во Берлин го совлада фаворитот Реал Мадрид со 95:80, инаку владетел во најсилната кошаркарска лига во Европа со 11 трофеи и вкупно 22 одиграни финалиња.

Комити: Тифо диплома не се стекнува со пари, уплатница и такса

Навивачката група Комити го издржаа на плеќи Вардар до крај и со целосна посвета и огромна поддршка стигнаа до нов опстанок во баражот за прва лига. Но овој пат како целосни сопственици.

Бура од емоции на Барнабеу за заминувањето на Тони Крос

После 10 фантастични и незаборавни сезони со 22 трофеи и 464 настапи, германската легенда Тони Крос ја завршува мадридската авантура.

Трајковски распука со хет-трик на крај на сезоната

Хајдук ја декласираше Локомотива на гости со 5:2 во последното коло од хрватскиот шампионат, а Александар Трајковски експлодираше со хет-трик. Македонскиот репрезентативец на крајот на сезоната доби поголема минутажа и ја искористи да финишира со 7 гола и 3 асистенции на 17 настапи. Хајдук како третопласиран ќе играа квалификации за Конференциска лига.

Голчиште на Џака, двојна круна за Баер Леверкузен

Втор Куп трофеј во историјата на Леверкузен и прва двојна круна, откако сезонава стигнаа до шампионската титула на импресивен начин без пораз.

17 годишно дете на Победа даде гол со ножички

Победа предводена од поранешниот голман на Македонија, Јане Николоски, успеа со тим полн со тинејџери да обезбеди опстанок во втора лига. Го добија Куманово со 2:1, а трибините ги запали 17 годишниот Димитар Шаркоски кој изведе акробација.

Мурињо објави фотка со Пандев и го нарече „македонскиот крал“

Македонската легенда беше дел од спектакл во Букурешт каде се одигра натпревар меѓу селекцијата на Романија 1994 и Тимот на светот. Стрелци за гостите беа Пандев и Ривалдо.