Гостинскиот триумф на Англија против Република Ирска ќе биде запаметен претежно по головите на Деклан Рајс и Џек Грилиш, инаку и двајцата поранешни ирски репрезентативци.
Рајс реши да не го слави голот против земјата што некогаш ја претставувал, но Грилиш не почувствува таква потреба.
Победата беше и идеален почеток на мандатот на Ли Карсли како привремен селектор кој го земаа од У-21.
Но Карсли не беше единствениот нов лик во таборот на националниот тим на Англија. Се појави и играч со број 69, кој скоцкан во репрезентативна опрема застана во строј.
Се испостави дека се работи за јутјубер по име Џарво, чиј канал има над 200.000 претплатници. Истото го направил и на Светско првенство во крикет и на ред други спортски настани.
За шоуто да биде поголемо, можеле да го остават барем химната да ја испее.