Offside

Ал Наср го совлада Ал Фаисали на гости со 1:3. Очите се вперени кон голот во 49-та минута со кој Роналдо стигна до 982. Но не според сите. Opta, Sofascore, Flashscore и FotMob го запишаа како автогол. Саудиската професионална лига пак му го препиша на Роналдо. На забавената снимка се гледа како топката прво ја удира Роналдо, па играчот од спротивниот тим со број 5, по што влегува во гол. Официјално, Роналдо е на 18 гола до јубилејната 1000-ка.

Страотен удар на Алиоски за нова победа на Лугано

По најбрзиот хет-трик во историјата на швајцарското првенство минатото коло, Езџан Алиоски повторно беше главен протаногист на екипата на Лугано. Македонскиот репрезентативец распали со лева од тешка позиција за конечни Лугано - Тун 2:1. За него ова е гол број 14 сезонава.

Карамбол на столетието

Ако мислите дека сте виделе мешаница пред гол, ако не сте го гледале видеово тогаш ништо не сте виделе. 30 јануари 1988, Блекбул и Манчестер Сити се сретнаа во ФА Купот. Домаќините во последната минута изведоа слободен удар, а потоа туш.

Фудбалер на Андерлехт го повтори голот на Златан

Софиан Хани е 26-годишен играч од средината на теренот на Андерлехт. На синоќешното гостување во Остенде, Хани ја издрибла целата одбрана на противникот и постигна фантастичен гол.

Вие што типувавте на Селтик, парите од судијата да ги барате

Нова фудбалска епизода во серијата „Судија кај ти се очите“. По минатиот вторник и среда во ЛШ, нова срамна судиска одлука падна во шкотското првенство која директно влијаеше во конечниот резултат. Селтик имаше 1:2 на гостувањето против Рос Каунти се додека не дојде 90-та минута кога еден од домашните играчи се судри со ветерот.

Големото срце на малиот Ајзеа Томас од Бостон

Иако не поминаа 24 часа од сообраќајната несреќа во која загина неговата сестра, Ајзеа Томас со насолзени очи го водеше Бостон на неверојатен начин против Чикаго Булс во плејофот.

Сиригу од Осасуна одбрани два пенала за две минути

При водство 3:0 за Атлетико против Осасуна, гостинскиот голман Салваторе Сиригу кој бранеше за ПСЖ, фати два пенала за две минути. Прво го спречи Јаник Караско да направи хет-трик, а потоа го спречи и Томас Парто да го даде првиот гол во сезоната. Јуначки паради.

Диего Коста игра мајтап со сите освен со Конте

На последниот тренинг пред големото дерби со Манчестер на „Олд Трафорд“ Диего Коста реши да си поигра на свој начин со празна кутија. И играше додека не дојде до кај тренерот.

Претставата на навивачите на Милан со „кинескиот газда“

Конечно дочекаа во клубот да влезе свеж капитал кој им дава надеж за подобро утре и враќање на старата слава. Бодот против Интер освоен во 97’ минута го прославија на феномален начин.

Вардарки по четврти пат на Фајнал Фор ќе јуришаат кон круната

На реваншот против данскиот Мидтјиланд ракометарките на Вардар славеа 26-24 и обезбедија пласман на турнирот Ф4 каде ќе атакуваат на титулата европски првак.

Тифозите на Милан со парола се ратисаа од Галијани

Откако кинеска компанија ги купи мнозинството акции на Милан нов главен оперативец на клубот стана Марко Фасоне, а досегашната алфа и омега Галијани заминува од клубот после 31 година. Навивачите на денешното дерби со Интер го испратија со парола: „Заврши и Кондоровиот лет, сега и ти си слободен играч“, алудирајќи така на праксата на Галијани да купува слободни фудбалери со сомнителен квалитет.

Пандев погоди против своите

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација го постигна првиот гол за Џенова сезонава во ремито 2:2 против Лацио. Струмичанецот ја затресе мрежата на Стракоша во 78’ минута за 2:1. Пандев се израдува прилично многу без разлика што му даде гол на клубот во кој играше неколку сезони.

Хилсборо и денот кога 96 навивачи никогаш не се вратија дома

За навивачите на еден од најгславните светски клубови, 15. април е датум којшто засекогаш ќе го паметат и одбележуваат. Пред точно 28 години се случи најголемата трагедија во европскиот фудбал кога 96 навивачи на „Редси“ загинаа во стампедо.

Виља го даде најубавиот гол што Пирло го видел

Во 90’ минута од мечот на неговиот Њујорк Сити против Филаделфија Шпанецот Виља ја запечати победата со гол за кој Пирло изјави: „Ова е еден од најдобрите голови што сум ги видел во мојата 22-годишна кариера“.

Финалето на Лига шампиони под покрив?

Раководните луѓе на УЕФА имале состанок со полицијата и фудбалскиот сојуз на Велс и разговарале за можноста финалето на ЛШ во Кардиф да се игра на затворено поради страв од напад со дрон.

Го знаете ли делчевскиот Роберто Карлос

На дуелот меѓу Пехчево и Брегалница Голак, гостинскиот фудбалер Александар Георгиевски - Бане постигна страше гол. На Бане не му е првпат да решета вака далечина.

На голманот на Шалке треба да му покачат плата за ова

Шалке загуби 2:0 од Ајакс на синоќешните четвртфинални натпревари во Лига Европа, а Ралф Фахрман да не фатеше пола од овие топки ќе загубеа 7:0. Човеков се претвори во Буфон и Ноер заедно и оствари топ 10 одбрани, да 10. Еве ги во пола минута.

Пресврт на Лион за 2 минути, резил на голманот на Бешикташ

Фудбалерите на Бешикташ имаа предност од 0:1 на гостувањето во Франција уште од 15-та минута на последниот четвртфинален меч од ЛЕ кој доцнеше поради инциденти. Водството на Турците им пропадна во вода во 83-та и 85-та минута, а Фабри им подари гол на домаќините.

Андерлехт ги казни промашувањата на Јунајтед, Ајакс најблиску до полуфинале

По водството од 0:1 кое како да им беше доволно на избраниците на Мурињо, фудбалерите на Андерлехт од првиот удар во рамките на гол извадија 1:1 на четири минути до крај. Ајакс и Селта триумфираа пред своја публика во четвртфиналето од ЛЕ.

Масовна тепачка меѓу навивачи на Лион и Бешикташ

Стотици навивачи на Олимпик Лион влегоа на теренот и го одложија стартот на мечот против Бешикташ. Француските хулигани дивееле и на трибините каде нападнале гостинска публика меѓу кои имало и семејства со деца. Наводно сè започнало откако група навивачи на Бешикташ фрлала бакљи и петарди врз домашните симпатизери на долната трибина.

Бомбастичен деби настап со бомбастичен гол на Деки во Серија А

Поминаа 19 години откако Дејан Станковиќ за прв пат заигра во Италија, па сега вие видете колку сме или сте остареле. 15 годишната кариера на чизмата која му е за почит, ја почна онака како што ја заврши, со голчиште кое често ги даваше од 25-30 метри.

Милан го купија Кинези, заврши ерата на Берлускони

По неколку месеци стани-пани, Кинезите и Силвио Берлускони го склопија договорот со кој легендарниот ’Берлуска’ заминува од институцијата која што ја направи славна и трофејна. Со него заминува и Галијани.

Ма каков офсајд

Ај да ги доругаме судиите кои заслужуваат ругање. Освен поклонетиот пенал во корист на Баерн Минхен по кој Видал гаѓаше во чавки, на дуелот меѓу титаните имаше уште еден доста спорен момент со Милер кој веројатно е во дозволена позиција.