Off Topic

Марко Рубио против иранските ЛЕГО тролања

Иранците умешно користат нешто што ѝ е познато на западната публика за да се спрдаат со Американците и нивната војна. Очигледно ги допрела пораката па и Марко Рубио ги спомна нивните видевца со Лего теми. Овие му направија ново видео.

Убава идеја, за жал неупотреблива

Некои згради во Скопје имаа предвидено можност да фрлаш ѓубре од дома, преку метален канал во лоџија, кој го спроведуваше ѓубрето до подрум. Не траеше тоа долго. До првиот идиот кој ќе го затнеше каналот пробувајќи да избутка стара табуретка низ него. Така би завршило и ова, кога некој билмез од трети спрат ќе реши да ги завари шипките.

Шаман ги повикува духовите на Бугарите

Со помош на автентичен шаман, бугарски археолог  решил да ги повикува духовите на пра-Бугарите. Каде? Обаче, во Монголија, некаде кај центарот на пра-Бугарите на Аспарух. Духовите се покажале контактибилни но се пожалиле дека многу чекале. А шаманот, во средбата со нив знаел малку и да потклекне (уби ме прејак бугарски дух), по што во живот го враќаат со цигара со непознато полнење. 

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Франција гори, Лион се чешла

Деновиве во сите поголеми градови во Франција се случуваат демонстрации и судири меѓу демонстранти и полиција со жестокост која вообичаено е доволна за да се вклучат западните аларми за менување на некој власт. Еден од тие градови е и Лион кој изгледа окоравел на вакви настани.

Господинот Искрен

- Како добивте така добар договор за Граѓанинот Кејн кога претходно немавте снимено ниеден филм? „Затоа што не ми беше до толку битно да го снимам тој филм“, вели Орсон Велс, “а не барав пари туку контрола врз делото“. - А од каде толкава самодоверба? - Од незнаење.

Ова го нема во „Арго“

Пазете го овој историски детал: изборниот штаб на Роналд Реган имал контакти со официјален Техеран за време на прочуената заложничка драма со Американците во Иран, опишана во филмот на Бен Афлек. Им ветиле помош и оружје, ако не ги ослободат пред изборите, за Џими Картер да не укнижи поени за тоа. После изборите, навистина им го испорачале ветеното.

Каде низ светот смее и не смее да се пие вода од чешма

Универзитетот Јеил води нешто што се вика ЕПИ (Environmental Performance Index) на кој го рангира и го следи квалитетот на водата низ сите држави на планетава. Во индексот секоја држава добива оценка (од 0 до 100) врз основа на тоа колку години живот се изгубени на 100.000 луѓе затоа што пиеле вода што е небезбедната за пиење. Во исто време американското ЦДЦ води една многу поедноставна табела, каде водата од чешма е добра или не за пиење.

Од рубриката „Изгубено - Бајдено“

Добро, се чудевме ние истото и кога им беше Џорџ Дуплове Буш (на Он.нет имавме рубрика „Бушалаштини“) и кога го изгласаа Трамп, ама сега, кога секојдневно гледаме во каква когнитивна кондиција им е Џо Бајден, не може а пак да не се запрашаме: Како е можно од цела онаа Америка, баш тој (уште) да им биде главниот?

Вулканизер „Бадминтон“

Оние што ги маваш на бадмингтон а кои не знаеме како се викаат, треба да се аеродинамични, така? Е, така, ама како се постигнува тоа? Компјутерски, со софистицирани машини, со ОпенАИ? Не, седи една теткица и гледа кое перце со кое друго треба да ги сменат местата. Како во тоа успева, е, тоа е правата мистерија.

Има ли живот надвор од теглата?

Одамна немаме видено експеримент од животинскиот свет кој толку директно и брутално го опишува нашиот свет. Ставете болви во тегла и оставете ги таму. По извесно време, тргнете ја теглата: никоја од нив не излегува од физичките границите на кои навикнала. Датуми за ЕУ, пруги кон Бугарија, кладилници, Звезде гранда, Фејсбуци... тегла си е тегла.

Убиствo само(што е)убиство

На вечера за доделување годишни награди за форензизки науки, претседателот на Асоцијацијата на форензичари со својата публика споделува фасцинантни правни пресврти околу една бизарна смрт. Еве ја приказната:

По курви бевте?

Бил Бур се зезаше дека жените фабрички се љубоморни на мажите затоа што можат да бидат среќни со мали и едноставни нешта. Ѕирнете една машка дружба после која ајваните дома тешко ќе објаснат на што тоа толку заглавиле синоќа и дека не е тоа што госпожата го мисли (види наслов). Фан факт: најкласично машки гледавме до крај, за да видиме кој ќе победи.

На Такер Карлсон му се отвори чакра

На најгледаниот водител на вести му се случува епифанија од типот „Данас отварам очи након свих ових година.“ „Замислете цел живот да сте во медиуми и одеднаш да сфатите дека сте дел од апарат кој служи за контрола на масите“ вели Карлсон и порачува: медиумите не постојат за да информираат туку да ѝ служат на мала група луѓе кои управуваат со светот.

Маалска ситуација

Фан факт: Просечната брзина на рефлекс на мачка изнесува меѓу 20 и 70 милисекунди, што е побрзо од просечната реакција на змија која изнесува меѓу 44 и 70 милисекунди. Така да, нема што змија да ѝ се курчи на мачка. Само што, на ова уште не ѝ беше јасно, дур не ја пошљакаа.

 

Блиска средба на Чак Норис со тигар

Чак Норис посакал да погали некојси тигар. Само што се наведнал и почнал да го гали, ѕверот почнал непријателски да ржи. Дресерот издал упатство: „Стани многу пополека и повлечи се“. Да ви кажеме спојлер? 

Пирс Морган сака да биде црна лезбејка како Тери Гилијам

Ако ваквиот наслов ви е нејасен и не гледате никаква логика во него, единствено алиби би ви било ако штотуку сте се разбудиле од долга кома и сте се нашле во оваа ера на родови флуидности и бескрајни самоидентификации. „Ако само треба да обзнанам како се чувствувам, без никому ништо да објаснувам, зошто не можам да бидам црна лезбејка?“ праша Морган една гостинка.

Два смо света различита

Светови кои меѓусебе можат да се сретнат само на фотографија. Колажно видео кое ефектно ја покажува шизофреноста на реалноста во која се живее на оваа планета. Што би рекла Калиопи, неком сузе, неком бисери. 

Скриената супер-моќ на мажите

Мажите се, особено ако ги прашате жените, куп мани во движење или почесто, во седење или лежење. Фрлаат чорапи кајшто ќе стигнат, штотуку исчистена кујна знаат да ја избербатат за ништо, кај што јадат оставаат ронки зад себе.... Но, затоа тие имаат една тајна моќ која им овозможува да преживеат и тие и нивниот нервен систем. 

„Дошло прасе само во месара“ - морска верзија

Смислиле кул сценарио за спектакуларна снимка. Едниот се затрчува, другиот веднаш по него, снима со ГоПро. Се доаѓа до работ на една провалија и се фрла во море, од застрашувачка висина. И првиот и вториот. Само не им текнало дека долу во водата можеби има некој кој нема да знае кому попрво да му се израдува од нив двајца.

Игралишта како губилишта

Од еден обичен ден на еден ревносен инспектор за безбедност на детските игралишта. Ако пресериозно го сфатите видеото, следниот пат ќе им затворате очи на вашите деца кога минувате покрај некое такво катче. Особено што кај нас тие често имаат дополнителни замки кои можат да ги преживеат само мали нинџи.   

Среќен осми март и за сите зи, зем, зер....

Бидејќи тој и таа (he/she) се малку, битието ќе ве научи како се користат заменките зи/зем/земселф. ВНИМАНИЕ: зи/зем/земселф се разликуваат од другата колекција „зи“ кои гласат зи/зер/зерселф. Објаснува нешто и за птиците ама тоа не го најразбравме, освен дека нејзиниот кластер не само што не се од еден од двата рода, туку не се и докрај луѓе (Олади ме птичурина! - Душан Ковачевиќ). На крај вика - лесно е. Џизс.

Алкохолот те тера на поштење

Стариот се има направено дрво, цајканот го фаќа во таква состојба и ваљда му вика да не мрда, додека тој отиде по дрегерот. Ова дрвово некако проценува дека сега е моментот за да се здаде в спектакуларно бегство и тргнува со трчање. Но, за среќа, во него е алкохолот кој го враќа на правиот пат.

Ени и ефектот на пеперутката

Во 19 век, млада Французинка си го одзема животот фрлајќи се во реката Сена. Откако телото ѝ било извлечено, оставена е во мртовечница за некој да ја препознае и идентификува. Никој не се појавил, но за вработениот во мртовечницата таа била толку убава што направил посмртна маска од нејзиното лице.

Хелиумот, најдобриот пријател на дилерот

Цајкан застанува возач на комбе кој го сомничи дека носи некаква дрога. Овој негира ама цајканот му вика, седи така, сега ќе го донесам службеното куче за да намириса. Не знаеме што точно помислил возачот ама требало загадочно да му каже: Птичар да не ти кучето?  

Како е можно некој да мисли дека победил во Маринка?

Маринка е едно гратче во близина на Доњецк со некои си 9.000 жители кое веќе е сосема неважно под чија контрола е бидејќи изгледа како сметкопотврда за сите оние новински извештаи дека на украинскиот фронт дневно се трошат по десетици илјади топовски гранати.

Калифорнија ја фати снег, ама снег

На планината Сан Бернандино во јужна Калифорнија цела минатата недела паѓа снег, а слична е прогнозата и за оваа недела. Тамошните жители и туристи веќе апелираат за помош, некој да им однесе храна и вода или барем да ги извади од таму. Пред само една недела, на крајот на февруари, 85% од Калифорнија беше во суша.

Намибија - Германија - 100:0 (бонус: Конго- Франција)

Германскиот амбасадор во Намибија му се пожалува на претседателот Хаге Геингоб на доминацијата на Кинезите во таа земја. Ги имало четири пати повеќе од германската дијаспора. Геингоб го истресе ко ќилим на шипка пред зграда.