Off Topic

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Римските императори од нашето маало

Канадскиот дизајнер Даниел Вошарт ги оживеа античките римски императори преку нивни реалистични дигитални портрети. Го оживува ладниот мермер па историски скулптури и други докази користи како основа да ги рекреира нивните лица со „овоземни “детали. Некои од овие императори, кои живееле пред речиси 2.000 години, изгледаат како луѓе што би можеле да ги видите додека чекате на автобуска станица.

Куќи за нервирање на комшијата

Ехеј, го има ова и кај нас! Ги викаат „spite houses“ — куќи или објекти изградени намерно како одмазда на соседи, роднини или градски власти. Најчесто се градат поради спорови за земја, наследство, реметење на погледот и слично. И кога омразата ќе заврши и луѓето ќе починат, објектите остануваат како споменици за тоа за какви ситници луѓе знаат да се закрват. 

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

Дали Си-ен-ен го крена белото знаме за Украина?

Андерсон Купер разговара со Џим Шуто, главниот известувач на Си-ен-ен за национална безбедност. Темата е украинската контраофанзива и недостатокот на истата. Во последните 20 години веројатно само за победата на Трамп атмосферата во Си-ен-ен била вака траорна како сега.

Мајка, кажи дека се зезаш

Го пренесуваме нејзиниот проблем со голема надеж дека се работи за тролање на будалаштините на ова време. Елем, таа има син кој се идентификува како мачка, ама, ветеринар одбил да го прегледа. Дискриминација! „Ако вика дека е мачка, тогаш е мачка и треба да биде третиран така.“ Добро што синот не се идентификува како кола, ќе требаше на канал да го носи да му сменат уље. 

Украина треба да влезе во НАТО за доброто на Русија

Како членка на НАТО Украина станува една од земјите во светот која не ги освојува своите соседи и на тој начин Русија и нејзината територија се безбедни од евентуална идна окупација од страна на Украина. Барем Зеленски така гледа на работите.

Животот е инфаркт

Ако слепо верувате на медиуми, особено на едни од нивните најкликани содржини, оние околу здравјето и болестите, треба секој ден да славите што сте живи. Бидејќи неверојатен е списокот на работи кои нè убиваат. Елате да видите една колекција од срце-загрозувачки активности. Сè е штетно и сè води кон инфаркт. Освен, нормално, ковид вакцините.

Мис Геостратегија

Прашање: „„Неодамнешните истражувања велат дека една петтина од Американците не умеат да ја најдат Америка на карта. Зошто мислиш дека е тоа така?“ Одговор: „Мислам дека е тоа така затоа што немаат карти“. Остатокот од изјавата на Мис Јужна Каролина влегува уште подлабоко во суштините на овој свет.

Тепачка BBC - Лукашенко

Интервјуто е од 2021 година па оттука нема ништо за украинската војна, но сè останато од овој конфликт на наративи е драгоцено: нападите, контра-нападите, динамиката на разговорот, аголот на посматрање на работите.... Пробајте да го одгледате дуелот и ова шамарање исчистени од блоковските симпатии (ако ги имате), сигурни сме дека на крај пак ќе дојдете на исто. 

Баркод музика

Електроникос фантастикос е јапонски проект на вљубеници во музика, електроника и електрични апарати за домаќинство. Свират на што им дојде по рака, прават инструментални франкенштајни, знаат маст да им вадат на баркод читачи. Нешто како вонбрачно дете на Крафтверк и Блу Мен Груп. 

Алфред Хичкок како негативец

Хичкок сакаше негативци и еве го сега него како еден од нив, во „Master of Suspense“, краток филм направен од неговите камео појавување во филмовите. Земени се извадоци и сцени од 30 негови филмови и трејлери, на музика од Бернард Херман, композиторот на Психо, Вртоглавица, Север- северозапад.... Мешап ноар на Фабрис Матју.

Црква најблиску до Бога

До неа се стигнува после качување 200 метри угоре во вертикала, при што последната делница е особено опасна. А носат и деца. Службите ги држи свештеник кој тоа го прави 47 години и секој ден се пентари нагоре -надолу. Абуна Јемата Гух, христијанска црква изградена во петтиот век, во северна Етиопија.

Слушам кај шумат шумите

Се сметате за фундаменталистички пријател на животните и сте против секакво нивно малтретирање, ама сепак некако ве привлекува коњичкиот спорт? Ска проблем, има решение и за тоа. Истовремено, ова е конечно решение за молбата од горенаведената песна, делот „кога ќе в село појдете, со коњи да не тропате (леле тропате).“

Ако сакаш да останеш без рака, вака се останува без рака

Ако беше лошо кога беа воведени картички со бесконтактно плаќање па на криминалци им текна да шетаат наоколу со пос-терминали и без твое знаење да ти наплаќаат сума од картичката за која не треба пин (па после беа измислени новчаници со блокирање на РФИД), што би можело на истите тие да им текне кога ќе сфатат дека луѓе почнале да плаќаат со чип вметнат во својата дланка?

Топло, потопло, 31 степен во Германија

Вие само мислите дека на 31 степен Целзиусов нема потреба од паничење, ама за среќа тука е германската телевизија за правилно да го пренесе чувството од оваа национална катастрофа. Инаку во другите градови во просек е околу 28-29.

Почна да прекипува по Европа

Не секогаш исполнетите ветувања заради кои се трга на пеколниот пат кон ветената Европа знаат да го здробат дури и најиздржливиот човек. Од друга страна се локалците кои по години толерирање имаат се помалку разбирање за туѓите маки и проблеми, а веројатно им е смачено и од тоа постојано тие да требаат да разбираат туѓи навики на однесување. Во исто време и двете страни се уверени дека државата ги запоставила. Од ваков напон може да избие само курцшлус.

Не ве слушам, стар сум

81 годишниот Мич МекКонел е еден од онаа геронтократска врхушка на САД (Џо Бајден има 80, Ненси Пелоси 83, конресменката Дајан Феинстајн 90...) кои не ни помислуваат дека на младите светот останува (а ќе речеш САД се меритократија, само најдобрите и најподготвените успеваат). Речиси 40 години е сенатор, има 35 милиони долари и не му се слуша кога му бараат оставка.

Свиркачите отсвиреа

Еден од феномените кои го обележаа мандатот на Трамп беше непрестајната серија на најразлични свиркачи кои му изникнуваа на американскиот претседател од сите дупки на американскиот државен апарат. И тие тогаш за своето дело и храброст, како што е ред, беа поздравувани како херои на САД и на демократијата. По промената на власта во САД нагло се промени и статусот на свиркачите.

Разглобување на боговите на берзата и ЕСГ рејтингот

Инвестициските фондови Блекрок, Вангард или Стејт стрит се појавуваат кај најголеми акционери кај 88% од топ 500-те компании (С&П 500) што се излезени на американската берза. А Блекрок менаџира портфолио од над 10.000 милијарди долари, што по обем е помало од БДП-то на само 2 држави на планетава - САД и Кина. Подетално ќе ви објасни Патрик Бет-Дејвид.

Многу корисен водич за купување сладолед (џелато) во Рим, а и пошироко

Ако има брдо сладолед, веројатно му е преполн со воздух. Ако има 50 врсти сладолед тогаш е индустриски не е рачно правен. Сладолед од банана треба да биде нијанса на бело, а не жолт („затоа што не ја јадеме кората“). Сладолед (ice cream) и џелато, не е исто.

После Black Lives Matter, време е за Mental Health Matter

Дијаболата е трудна до заби ама вика дека тоа не пречи да биде машко. Таа само ја искористила опремата која фабрички дошла со неа. Ќе го родела и ќе му била татко. Откако ќе ги искористела и градите, и тие ќе ги отфикарела. А лујката треба да оди во затвор и само заради фризурата.   

Карл Саган на цел глас да се дереше пак немаше да го чуеме

Во книга од 1995-та еден од најголемите ликови во историјата на науката, Карл Саган, дава едно такво прецизно пророштво за денешницата што звучи како да ја живеел па да се вратил. Сето тоа секако џабе.

Ако морето е лек, Оливер беше пробиотик

Животот на Оливер Драгојевиќ со децении беше на тацна на јавноста па човек може да помисли дека знае сè за него. Ама кога соговорникот (Анџело Јуркас, режисер, сценарист...) знае да постави вистински а не дебилни прашања, се дознава и друго. На пример: „Како тоа знаеш да имаш феноменални песни ама знаеш и да отпееш некоја 'туп-ца-ца, туп-ца'“?

Како ВИ ја замислува Мона Лиза денес

Вештачка интелигенција создала своја верзија на легендарната слика на Леонардо Да Винчи откако добила задала да покаже како би изгледала таа фамозно загадочна девојка кога би била претставена денес. Некои се одушевени од новите атрибути на Мона Лиза, на некои им личи како на девојка која има ОнлиФанс.

Еден женски поглед на феминизмот

Финтата не беше да се изедначат мажите и жените бидејќи се различни туку жената да се избори да има право на глас, да има право да носи одлуки, да се извлече од тоа некој друг да решава во нејзино име, вели Јелена Мачиќ, српска дизајнерка, стилистка и ТВ водителка, која има да каже нешто и за тоа кој го смисли ваквиот денешен феминизам.

Полска крена ограда, мигрантите извадија бонсек

Тоа што Полска успешно со ограда ја затвори целата граница со Белорусија, мигрантите го сфатија само како уште еден чекор до нивното пристигнување до ветената земја, па по пат застанаа да купат бонсек.

НЗС на сите „престојни апокалипси“

Во 60-тите се зборуваше дека за 10 години ќе снема нафта. Во 70-тите дека за 10 години доаѓа ново Ледено доба. Во 80-тите дека киселите дождови ќе ги уништат посевите за 10 години, во 90-тите дека озонот ќе го снема за 10 години, во 2.000 дека мразот ќе се стопи за 10 години... Што е тука заедничко? За секој ваков повод беа донесувани нови даноци.