Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Потег на денот

Бил О Рајли е апсолутно највлијателниот американски тв водител. Тоа што нам не ни се по ќеиф огромен дел од неговитге ставови, не значи дека типот не знае да биде кул. Оној јадник Трамп, баталете го. Рајли е пред него.

Како се вика оберучке на македонски?

Девојчево пишува со две раце истовремено. На два јазика. Во различни правци. Тоа.

Пропаганда

Интересен дел од севернокoрејски пропаганден филм со кој се сака да се "разобличи западната пропагандна машинерија". И чудо едно колку Корејците се во право.

Каде бе таму?

Одамна не сме биле вака прелажани како со ова претицање. Добро, не доаѓа камион од другата страна. Добро, наместо на пат, заврши возејќи по нива. Ама, не е добро, верувајте.

Шеќерната волна е фрлена

Бевме задоволни од локалните продавачи на шеќерна волна и нивните стандардни креации (шифра: фризурата на Марџ Симпсон). Сè додека не го видовме батково и неговите цветни решенија. Сакаме вака инаку ќе купуваме само јаболка во шеќер!

Долче и Рубинче

Добра вест: Рубинчо (Благадуша) го изгуби деминутивот од името и сега е Рубин, со што добива на јувелирска тежина. Лоша вест: И натаму пее. Тоа што џапа песни не му земаме за зло, бидејќи Благадуша е постмодерен концептуалист.

Ја имаме!

Еве ја Епизодата! Карл Пилкингтон во Македонија! Спие со чергари, оди кај дервишите, пробува да полета со балони, не знае како би продал куќа со подрум полн ковчези... После Свети Павле, ваков човек не ни дошол на гости. Цела македонска епизода, со преводи, бујрум.

Луи одговара Прустов прашалник

Венити Фер има постојана рубрика, Прустов прашалник, на кој сосема пристојно до сега одговарале бројни битни фаци, од Надал, Дастин Хофман, Доли Партон, Скорсезе. Сè до најновото издание, кога го викнале Луи Ц. К. Веројатно веќе зажалиле.

Инстаграмирање на рокенролот

Кога Џони Кеш денес би бил жив,дали би се смарал со интернетот и со циркуси како Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Како за споредба ги имаме Ролинг Стоунс кои секогаш се живи, а тие користат и Фејсбук и Инстаграм.

Идеалниот автомобил за на снег

Иако имавме кратко време да организираме тестирања за тоа кое од актуелните возила е најдобро за возење во снежни услови, еден модел сам се одвои од конкуренцијата. Ако го догледате видеото до крај, ќе сфатите и една друга работа, не е само до колата, и до шоферот е.

Кога семејството ќе заспие...

Жената легната, детето легнато, доаѓа време за: а) гледање филм на раат, б) читање книга на раат, в) зајапање во плафон на раат? Не, главата на ова семејство има поинаква пасија. Им балансира работи на заспаните и после ги објавува на интернет. Којзнае преку ден колку им е корисен.

Дневник со дневник се избива

За да се олабавите од актуелните вести кои ве прават напнати, нервозни, несигурни и збунети, ви нудиме 58 минути - вести. Новогодишниот дневник на ЈРТ од 1967-ма година (Бранка Станковска убава како Елизабет Тејлор, Оливер Млакар со коса, Тито и испратил честитка на Индира Ганди, Дедо Мраз на скопскиот плоштад...). Спокојно, оптимистично, човечки. Да ги видат денешниве вести, овие луѓе би помислиле дека во иднината завладеало беснило.

Денови без хендикеп

На 3-ти декември беше одбележан светскиот ден на лицата со хендикеп. Преброивме над 50 мк медиуми кои тој ден пишуваа на таа тема. Една недела подоцна, тешко дека ќе најдете било што за овие луѓе. А радости можат да им се прават секој ден, на различен начин.

И шуто и афричко

Во тоталните распаљотки на африканскиот континент, правото на учество е прилично слободарски решено. Возраст, тип на оружје, стил на облекување... Потребна е само желба да се гине.

Најдобри другари

Нема муабет ама по она што ние можеме да разбереме од видеото, титлот би одел вака:
- Хеј! Види ова. Чекај малку. Чекај ме. Ќе ме чекаш? Така? Почекај. Почекај малку нешто важно што морам да направам.
- Ок.
- (1. минута подоцна) Ух, важна работа завршивме. Фала ти друже.

Понеделник. Јуриш!

Канцеларијата како бојно поле, како ОК корал, како Бородино, како Ваксинце.... Ја прогласуваме работната недела започната.

Каков секс нуди Бугарија?

После македонското пакетче огласи, решивме да го интернационализираме прашањето и да погледенеме во соседниот двор. Напомена: бидејќи тоа е ЕУ, пазарот врви од професионални изведувачи и аматери тешко опстануваат а бидејќи бугарскиот јазик сам по себе е урнебесно шармантен, одиме без коментари. Плус запазете една битна финеса кај двете пакетчиња: Македонија главно бара, Бугарија главно нуди. Тоа е таа разлика меѓу нас и Европа. 

Чекајќи го Годо

Додека влеземе во ЕУ, да се реши спорот со името, додека чекате на Албанците да им пројде меракот за правење нови држави а на Македонците да им здосади улогата на жртви, додека чекате покачување плата или да им помине модата на турските сапуници... пробајте го ова разумно, мирољубиво и универзално решение.

Вредеше ли?

Наравоучението од ова и од милион други ситуации и животни приказни е сосема едноставно: тоа што на крај ќе успееш во нешто не значи дека не си глуп.

Ожежи тоа таблетот

Канонче. Го знаете тој ориентален музички инструмент, го има и во наши чалгии, како мала харфа легната на скут па се трзаат жици со метални напрстоци. Е па, доживува ривајвал, малку поинаков отколку што тоа го очекува традиционалистот во нас.

Планета Земја (не на Атенборо)

Кога би биле саркастични ова би одело: "Собрал клипови од ЈуТјуб им начукал една две од оние 'се е преубаво' песни и направил видео." Овој пат не така. Ставете го на цел екран, кликнете плеј и уживајте. Феноменална разгледница од едиствената планета што е подготвена (сега за сега) да не трпи како род. Предозирање со мерак.