Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Оригиналите на Роквел

Норман Роквел е еден од антологиските американски уметници и илустратори на 20-от век, автор на неброени насловни страни, постери и слики. Ова се оригиналните фотографии на некои од неговите најпознати дела.

Вака изгледа добра ТВ

Сред шоу водителот убива од тролање еден од гостите, по основа дека и тој и сопругата прават кариера на најглупите можни начини, како и тоа дека имаат уникатно глупи проблеми. Гостинот станува и си оди. Овие најдоа замена.

За оние што не читале стрипови

Епизода на Астерикс, за едно испокарано село. Се збираат среде ливада за да се тепаат и секогаш им испаѓа нерешено ама сите си одат дома убедени дека испаднале појаки од другиве. А целата прича е заради двајца селски водачи што не можат да се договорат кој да биде поглавица...

Гуми во најава

Обично не пишуваме за гуми за автoмобили, затоа што гуми се гуми и никогаш ништо интересно не се случува на темата (имала една шара, плус минус, ништо страшно). Веројатно по слична основа и на Hankook им се досадило секоја година за истите работи да се фалат. Ова е сосема нов момент.

Ожежи га Дарте

Империјалниот марш од "Војна на ѕвездите" отсвирен во шумадијски виолински клуч. И да е човек Оби -Ван Кеноби, ќе му дојде да се направи Лук Скајвокер.

Снежен град

Ова порано и кај нас се правеше, во Бунец, Маврово. Русите продолжиле. 180 кубици мраз, 150 кубици снег, шарено светло и ете ти фина зимска магија.

Квалификации за избори

Конфликтните лумпен партиски протести и супер достапните социјални мрежи се идеални методи со помош на кои баграта (= глупи, ограничени, гневни, нетолерантни, лоши луѓе) ги доживува своите ѕвездени мигови, станува видлива и нè потсетува дека и тие живеат меѓу нас, на што обично забораваме во "мирнодопски" времиња, кога живееме главно во своите животни референтни системи. Од друга страна, изборите се паметно смислен вентил за испуштање на насобраниот политички притисок, сè додека не ви текне дека сите оние кои ве ужаснале со својот простотилук, ќе имаат глас како и вие. Да потсетиме на едно недемократско но фер решение на Рамбо Амадеус.    

Твитер календар 2013

12 убави, паметни, згодни, писмени, одважни, шармантни и милина од девојки од Твитер се фотографираа за хуманитарни цели. Дванаесет календарски противотрови за годината во која нема да пропаднеме ама не дека нема да се чувствуваме така.  

Проблемот со името

Не, не тој проблем, туку сосема друг. И како ретко кога не е проблемот со Македонија, туку со Холандија. За што се работи? Како прво и прво, не постои држава што се вика Холандија. Барем не би требало да постои.

Зајди, Зајди - Тоше Проески

Како што Џони Кеш знаеше да земе нечија песна и на светот (а и на нејзиниот автор) да му покаже како таа СТВАРНО треба да звучи, така македонската "Зајди, зајди", по којзнае колку години, еден ден се сретна со гласот во кој се чувствува комплетно зрела и исполнета. Без повод, без помен, без годишнини и слични манифестации на колективно лудеење. Само омаж на едно врвно чувство.

Што тоа значи?

Една жена, едно Пежо и еден упропастен бандаж, во Загреб. Таа е доволно љубопитна да застане и да праша: Што тоа значи? Ама наместо да го дочека одговорот (Тоа значи дека си цепаница), продолжува како ништо да не било.

Нова пивска амбалажа

Добра страна е што не бараат кауција. Лоша: пробајте да наздравите со пријателите.

А бре механичаре

Уште откако Филтер 57 ги свртеа правилно, беше јасно дека светот на некогаш трудољубивите автомеханичари веќе никогаш нема да биде ист. Еве до каде отиде работата.

Колку малку ни треба

Цунами мавнало во близина и доаѓа наваму? За пола саат? Да бегаме на запад? Доаѓате?

Ајмо графикони народе!

Доаѓа време кога партиите и нивните медиумски оркестри ќе почнат да нè маваат со статистики и графикони, толку различни што човек веќе нема да знае кој лаже, а кој лаже повеќе. Еден читател нè потсети како од  исти бројки од Заводот за статистика можат да се добијат сосема различни претстави.

 

United State of Pop 2012

DJ Earworm веќе 3 години по ред прави "официјален" микс од музиката на годината што завршува. Собрани се 25 најголеми хитови за 2012-та во САД. Во основа сами одговарате кои песни ќе ги има во миксот, дечкото само ја следи листата.

Немој да бидете плачковци

Следниот пат кога ќе ѕемнете и ќе припаѓате што колегата отворил прозор да се излуфтира, нека ви текне дека Кејт Аптон издржува на Антарктик во бикини.

Упатство за преживување за мажи

Во зависност од тоа како се "хормонално расположени" вашите партнерки (ја девојка, ја сопруга) има четири генерални пристапи кои можете да ги искористите за комуникација со нив. Сепак ќе треба сами да процените по кој пат ќе тргнете.

Оптимизација во живо

Не е дека се жалиме, ама тоа што човек го трпи он-лајн, тешко дека би помислил и секудна да го трпи во реален живот. На некои работи не им треба оптимизација.

Што и да ти кажам...

Секој возач во потсвест знае дека секогаш може да стане некоја беља. Да речеме некој од спротивната страна да излета од својата и да улета во ваша лента. Е сега тоа, левел мууулијарда.

Зошто апчето "за отпосле" не е абортус?

Знаеме дека после ебење нема каење, ама за да не трае каењето предолго, постои апче кое се зема откако ќе се направи бељата. И ефикасно ја спречува несаканата бременост. А истовремено, тоа не може да се смета за абортус. Еве зошто: