Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Најдобро потрошеното париче

Девојче остава паричка во капата на еден уличен музичар. И оттука почнува градењето на една музичка приказна. Магнифисент!

Јапонецот друго гледа

Збирка многу исчашени видео реклами од Јапонија. Постојат две можни објаснувања: или нивната семка е дојдена на планетава од некоја друга вселена или... Фукушима. 

Прсти како прангии

Дечкото има погрешно чуство дека ни треба вовед, но откако тоа ќе го прегрмите а тој ќе почне со неговите премини и скршени ритми, респект.

 

Кој со деца сади маркетинг...

Добро е видеово, ама ние уште повеќе би сакале да изгледаме видео од состанокот после емисијава на кој Џими Кимел им објаснува на спонзорите од Сони, како малиов им влезе со клизачи. Бонус, малиов нè има уставно запознато.

Лего семејна бајка

Уште пред да почне Божиќната сезона Лего распали со ретко добра приказна за татко и син на која сериозно многу родители нема да можат да и одолеат.

Реклама за луѓето што прават реклами

Луѓето од адвертајзинг индустријата гледаат 1,7 пати повеќе порно отколку остатокот од луѓето, пијат 9 пати повеќе бурбон од просечниот човек и 1,6 пати почесто го гасат тонот на рекламите. Има уште.

Каде виреат зборовите

"Јазикот е карта на патувањата на културата. Toj покажува од каде дошле луѓето и каде одат" - Рита Ме Браун.

Кога животот е другар

Некогаш ќе тргне, некогаш ќе го уденеш, ќе има ќар тоа што си се здробил од обидување, вежбање и работа, некогаш и животот ќе сака да направи мерак. Не мора сè да е црно.

Браќа Руси, човек не може да ве доодбрани

Сè ова што ќе видите е собрано од руски сајтови за лични контакти, односно од профилите на луѓево од сликите, кои се надеваат дека баш оваа поза или изглед ќе им го донесат следниот партнер.

Порно или уметност?

Ќе ви дадеме мал увид во содржината па сами решете ја дилемата од насловот. 145 џамбо фотографии од кои им паѓа вилица и на мажи и на жени плус 200 фотки од позади сцената. Со оваа ексклузивната збирка можете да блудничите за само 120 долари.

Ти ги изедов слатките, 2013-та

Пред некоја година, на Џими Кимел му текна да ги замоли родителите да ги снимаат своите деца кога ќе им кажат дека им ги изеле слатките. Пред нас е овогодинешната збирка реакции на мали луѓе на кои штотуку им пропаднал светот.

Опстанок, венецуелско метро

Луѓево не бегаат од никого, ова не е последниот воз во постоењето на Земјата и не е за награда, утре истото ќе го прават, и задутре.

Кога доаѓа оригиналот

Ете зошто кај нас толку се пее Цеца, веруваат дека може ова да им се случи и да ги почеша тој славен силикон. А во Берлин: уличен музичар свири Брoнски Бит, доаѓа Џими Сомервил и фаќа тоа високата октава.

Менувам лудара

Форматот е "Менувам жена". Тема навидум е религиозноста но суштината е дека е она луда у три лепе. Штета што има деца на располагање и штета што сопругот ја пуштил на "Менувам жена", наместо да најде нешто од типот "Давам жена, не треба враќање".

Кога живот е недругар

Ти се трудиш, даваш сè од себе, ама тоа не сака па не сака. Ок, некогаш и не си размислил најдобро, ама не мора и он да биде против тебе.

Гаќа интакта

Просто зачудува со каква сериозност можат да рекламираат крајно глупи производи. Значи вака: гаќи против силување, ок?

Радост за попуст

Дечково би требало да го знаете како Димитри. Овојпат 'со сила' е посрбен и однесен на екскурзија во Италија. Пазете колку добро му стои дијалогот. Никој вака се нема радувано за попуст.

Стив и неговото право

Вести, филмови, книги, стрипови, до сега требаа да ги имаат покриено сите можни форми на кои човек може да биде уапсен. Никој, ама никој од нив не ни помислил дека некогаш ќе се случи вакво апсење.

Илузија на избор

Лошо: Речиси сè што купувате доаѓа од 10 корпорации. Полошо: Речиси сè што читате, гледате и слушате (посебно во Америка) доаѓа од 6 корпорации.

Улогата на јајцата во машкото поимање на животот

Кому уште не му е јасно зошто во жив ѕид на фудбал не се штити главата, нека гледа. Едноставен тест и истовремено убедлива демонстрација на приоритетите кои мажите ги имаат во чување на сопственото јас.

Плач по Кеш

Не џабе човекот ја има најдобрата верзија на песната Father and son. Стариот седи негде горе и средува ствари на Земјава, таму кај што најитно е потребен.

Њујоршкиот маратон низ бројки

Трети ноември е резервиран за најмасовниот градски маратон во светот. Првата трка пред 43 години ја завршиле само 55-мина. Сега се очекува целта да ја минат 47.000 луѓе. Најстариот од нив има 93 години. Почнал со маратон на 46 години, кога ги оставил цигарите. Ќар за градот - многу.