Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Ова е Норвешка

Кругот на животот во Норвешка. Исто како кај нас само што ние уште немаме откриено нафта. Плус, тоа сендвичите се со ајвар.

Дали си добар лажго

Ќе го пуштите тестов за да видите дали ве бива за лажење, ќе добиете анализа на вашиот карактер што воопшто не ја баравте. Тестот трае вкупно 5 секунди и ќе може да го користите и кај други.

Тајната состојка на T-1000

Ако не ви е јасно, да видите зошто пивопиите се неуништиви. Затоа што по цели денови се јачаат со истиот материјал од кој беше направен оној течниот во Терминатор 2. 

Го викале Цветан Димов

Не дека стварно ама не дека и Глупиот не може да го викаат. Пазете само колку е ова кратко и јебитачно неуспешно.

Расположение на денот

Земаш кутре, коњ и фарма. На сето ова му додаваш некоја од оние нежните музики и добиваш фантастична реклама што ќе се обиде да завладее со Супер Боул.

92 години, трансџендер

Робин Асти е родена 1921 година како маж (да, чудна реченица е тоа). Воен ветеран од Втората Светска војна. Во 1976-та година решава да живее како жена. На 92 години бие битка да биде третирана како сите останати вдовици.

Мажи, многу сме дрва

Група мажи избрани по рандом добиваат монументална задача - да погодат цена на секојдневни производи за жени. Драги жени, тоа ви е, џабе ќе се извинуваме.

Домаќине, добри гости...

Две работи:
1. Убав збор железни врати отвора.
2. Од која фирма е вратава?

Наука на убедување

Целата наука се базира на 6 принципи:
1. Реципроцитет
2. Недостиг
3. Авторитет
4. Конзистентност
5. Допадливост
6. Консензус

Најлошо испланираната свадба

Да ти дојде на двајцава да им посакаш ова да не им биде последна свадба. По можност вториот пат или на отворено или без пиротехника и пијан дедо.

Го знаете Марето?

Едно девојче, свируцка по дома и Јутјуб. Џамирикваи го има приметено и покането да му свири бас на турнејата по Јужна Америка. Да ѕирнеме за што се работи.

Ибрахимовиќ, мејд ин Свиден

Волво прави реклама за XC-70 автомобилот, на која главна тема е "Произведено во Шведска." Соодветно на ова главен лик во рекламата е Златан Ибрахимовиќ, роден Швеѓанец, од Малме.

Јужнокорејска полиција, показна вежба за немири

Јужнокорејските демонстрации уште од времето се многу специфични во однос на она што се случува во остатокот од светот. Специфични = речиси секогаш има ќотек како да се сретнале хулигани на празна ливада. Затоа полицијата редовно вежба во случај да треба да дава ќотек.

Приказната за фалсификувањето на италијанското маслиново масло

Најголемиот дел од маслинките кои се користат во производството на италијанското маслиново масло се увезуваат од земји како Шпанија, Мароко и Тунис. И тука не е ништо спорно. Проблемот е што паралелно со увозот на маслинки, некои производители на црно увезуваат и многу поефтини масла од соја и слично.

Базенот убав пак ќе никне

По зaвршувањето на Олимпијадата, Кинезите исчистија после гостите и фатија да работат на објектите кои им останаа од Пекинг 2008-ма. Еден од овие објекти е Акватик Центарот, кој од олимписки центар за водени спортови го претворија во Аква парк. Новото име му е Happy Magic Water Cube Water Park и сега вака изгледа.

Струјата е скротена

Светот го добива својот втор Тесла од истиот дел на светот како првиот. Овој се вика  Милутин и е пензионер. Нема баш безжично решение како што сакал претходникот ама затоа има едножично.

Малиот има бас

Ова  е толку различно од нашите улици, ти доаѓа да седнеш до реката Вардар и да си плачеш.

Иста година примале вакцина

Збирка на луѓе кои тешко би ги поврзале во пар, ако не знаете дека се родени иста година. Значи, не се школски ама се генерација.

Газда стигна Ламборџинито

Ламборџини Венено е ултра ексклузивна серија на Ламборџини која е произведена во 3 примероци. Цената му е 3,12 милиони евра и вака изгледаше испораката на еден од трите автомобили во Мајами.

 

Големата тексашка снежна апокалипса 2014-та

Заради неочекуваната снежна бура градските власти на Остин, Тексас, прогласија неработен ден во училиштата и наредија нивно затворање, а улиците и булеварите низ градот беа целосно празни. Неколку фотографии снежното невреме што му се случи на Остин (просечната зимска температура во градот се движи некадеа околу 7 степени Целзиусови).

Они имају воз!

Од една страна, вакви луѓе те одушевуваат со посветеноста и решеноста да си го направат меракот, од друга, малку ти е фуфка кога ќе помислиш што ли држат во подрум.

Соул, соул, аба зихер

Германскиот јазик убаво му стои на Хегел, на Меркел, на Шварценегер и знаете уште на кој. Како тој ист јазик звучи на соул песни од легендарната продукција на Мотаун?