Off Topic

Вака идните генерации ќе учат историја

И денес и отсекогаш историјата се учела полна со бројки, датуми, задолжително разликување „повод“ од „причина“... Доаѓаат генерации на кои сето тоа ќе треба да им биде дополнително преџвакано и кажано на начин кој ќе го разберат - визуелно и динамично. Еве ја лекцијата за Сараевскиот атентат и почетокот на Првата светска војна.

Кога стивнатите јагниња ќе преминат граница

Наш човек не може да не земе нешто храна за одмор ама двајца другари од Куршумлија ја однеле играта на друго ниво. Во Пефкохори решиле да земат јагне. Не сечено, транжирано, криено, туку цело, интегрално јагне. Приказната е со хепиенд, освен за нивните жени на кои после пет дена, и душата им мирисала на бачило.

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Купено!

Никогаш до сега не сме биле волку возбудени околу реклама за преносен фрижидер. Ама ова е чудесии. И не е дека е до нас, проектот за мини-фрижидер на Кикстартер бара финансирање од 50.000 долари, собра вкупно 13,28 милиони долари, од 62.642 поддржувачи.

Денешен интернет на компјутер од 1986-та

Задачата за машината е да отвори страна, и тоа од едноставните (Википедија и сл.), ништо премногу тешко со слики и мултимедија. Конфигурацијата е со процесор од 8 мегахерци, 4 мегабајти работна меморија и 100 мегабајти хард-диск. Од време на време, видеото е забрзано. Резолуција 512х342 пиксела.

Биди Зорба

Сè почнува кротко, а твое е да издржиш колку можеш подолго против Зорба. Само следи ја музиката. П.С. Зорба никогаш не промашува.

Неочекувана Саут Парк утеха

"Единствен начин сега да се чувствувам волку тажно, е ако претходно сум чувствувал нешто многу убаво," Батерс.

На светот има 2 типа на луѓе

Една важна категорија што ја пропуштиле тука: луѓето што ставаат сол пред да го пробаат јадењето и сите останати.

Изгледа Џирло, ама делува

Се работи за спреј што секој предмет го прави неуништлив. Доволно неуништлив на пример за да фрлиш јајце од прв спрат и да не ни пукне.

САД vs. Кина: За земјотресите и стандардите за градење

Земјотрес 6,1 степен ја удира Кина пред еден месец. Подеднакво силен земјотрес удира и во Калифорнија. Кина - стотици загинати, Калифорнија - 100 (генерално) полесно повредени. Видеово објаснува зошто.

Домаќински работи од кујнска провениенција

Основни работи што секој кој влегол во кујна некако ги пропушта во својот троскок од мачкање џем на леб, во идниот Џејми Оливер. Кон целата работа треба да се пристапи со Карате кид филозофија, и да се фатиш за почетничките работи.

Луѓе што си ја знаат работата

Издание - уличен продавач и лупач на ананас. Ок, не е ракетна физика, ама и не мора да биде. Човеков изгледа многу умешно во тоа што го прави.

ГИФ карма

Работата со гиф кармата е што ова е најинстантниот вид на карма. Еден од ретките моменти кога космосот ја предвидел вашата пропаст без право на апелација и меѓувремено покајание.

Од летниот распуст на богатите

Дел од летното издание од Rich Kids of Instagram, блог кој се занимава со темата од своето име. Не ги брка старите богаташи, туку само нивните деца. Искрено и нив не го брка толку, колку што тие самите се трудат да се истакнат пред народ. Сите фотографии се од нивните Инстаграм профили.

Робин Вилијамс, каков концепт

По сегментот на Емми наградите во кој сеќаваат на починатите славни личности, годинава на сцена се појави Били Кристл и одржа говор за својот неодамна починат пријател. Како и речиси секој пред него што деновиве зборуваше за Робин Вилијамс, и Кристл не може да поверува во две работи - како повеќе го нема човекот што толку многу го имало, и колку неверојатно лесно му било на Вилијамс да биде генијално добар актер.

Интернет, прва генерација

Тие што не беа дел од интернетот од тоа време, треба да знаат дека работите беа многу грди. И дизајнерски, и технички, и во секоја можна смисла. И покрај ова, уживањето во имање интернет (и тоа беден) беше неспоредливо големо во однос на денес.

ЛЕГОлизирај се

Твоја или чија и да сакаш слика составена од лего плочки. Главно правило за да добиеш нешто, немој да избираш слика со премногу детали. Ништо нема да излезе.

Брејзерс перспектива на работите

Знаеш дека имаш висока препознатливост на брендот кога твоето лого комплетно го менува историскиот и општествен контекст кога ќе го додадат на која и да е фотографија.

Ко мало дете

Како тазе родител предноста е што си попаметен и на располагање имаш милион фори повеќе него копиљаците (да не зборуваме колку си посилен од нив). Ова е една од брилијантните тактики што дечурланава барем до 10 години нема да ја совладаат.

Привидот за правење 30-минутно шоу

Реалното шоу "Pawn Stars" е една од најгледаните програми на Хистори каналот (ако веќе зборуваме за криза на идентитетот), со стандарден формат од околу 30 минути сосе реклами и што ќе се случи / што се случи, пред / после рекламите. Некој седнал и ги тргнал сите делови што служат само за пополнување време. Без нив секоја емисија има 3 минути материјал.

Господо, колеги, љуѓе

Корпоративен фрижидер полн со некорпоративни и крајно лични сендвичи и др. оброци. Потврдувајќи ја старата "човек на човека му е колега," еден од колегите (неидентификуван) му го краде сендвичот на другиот. По ова се развива една најдобрите преписки во корпоративната историја (барем за месецов). Нормално, целата забава ја прекинуваат од HR.

Мисли од под туш со драматуршки осврт

Една од важните што ја пропуштивме минатиот пат - "Технички сите ние сме половина кентаур." Сега не мора да читате, Ник Оферман ги чита наместо вас.

Метрички vs. империјални мерки

Метар vs. стапка, килограм vs. унца, пинта vs. децилитар... Извадок од книгата "Wild Thing: A Novel" на Џош Базел.

Брејкинг бед заложилница

Волтер Вајт и Џеси Пинкман почнуваат нов (полу-легален) бизнис. Сега не продаваат, туку купуваат. Прв муштерија им е Џулија Луис Драјфус.