Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Емотивен (и напнат) трибјут за Фреди Меркјури

Фарук го сака Фреди. Има сличен физикус, Фарук има и мустаќи, пред себе има клавијатура а го знае и цел текст на Bohemian Rhapsody. Што може да фали? Па, сè друго. Замислете како е да сакате да стигнете до 7-ми спрат а имате скали само до трети, па на крајот на скалите си викате: "Ќе скокнам бе, ќе добацам!" Легендата вели дека после песната, снимателов му има кажано на Фарук: "Тоа е тоа, друже, отприлика". 

Нема срам од работа, Џејсон Статам издание

За воопшто да стигне да биде "оној љутиот, Гај Ричи што го става во филмови," Статам безкомпромисно прифаќа каква било тезга само за да се појави на телевизија (делумно и затоа што алтернативата буквално му е улична тезга на која продава фалц парфеми и накит). Со оваа методологија, Статам завршува во неколку спотови, како танчар, речиси скроз гол. Спотвиве се од '93-та и '94-та, првиот филм со Гај Ричи му е во '98-ма.

Песок за вас прекрасни луѓе

За скриениот будистички монах во вас, џаболебар, недоволно платениот генијалец, студентот што од утре ќе почне со спремање испит или кој и да е што има неиздржлива потреба од медитација пред монитор.

Не е можно толку да сме напред со технологијата

Кога гледаш технологија што наликува како да е од Ѕвездени патеки, а се што ти иде на памет е - мора да може и друга пијачка да прави. Шише што создава вода од воздух.

Шемса версус Крафтверк? Дај!

Идејата за спој на германските пионери на електронската музика и... хм, Шемса, е толку перверзна што облековме кожни гаќи за да бидеме спремни за соочување со тоа аудио чудовиште. На луѓево веќе ништо не им е свето. Ако можат да си дозволат да го прават ова со Шемса....

Ти и твоите проблеми

Бадијала е ако си ги знаеш проблемите кои ги имаш и ако имаш чаре за секој од нив. Ако не знаеш по кој редослед ќе те навасаат.

Како Руси прават пауза во возење

Има двa прекрасни моментa во ова руско видео со насилство. Првиот е како нормално си тече муабетот во колата. Вториот ќе го видите сами.

Конан на гости во Катар

Локацијата што Конан ја посетува во Катар е Ал Уеид, карактеристична по тоа што таму има американска воена база со над 10.000 американски војници.

Си немала гардата работа

Тито да знаеше дека постојат и вакви, ич немаше да умира. Не да се добри туку се многу добри.

Имаш две крави, проширена и дополнета верзија

За почеток, на сите слики е една крава.

Хор на денот

Над 500 членови на колективот Хор! Хор! Хор! му одаваат почит на Боуви, со масовен препев на Спејс Одити. Снимано во Торонто неколку дена по смртта на Боуви.

Кус човек со уште покус фитил

Да имаше овој уште 20 сантима, од него немаше да може да се живее на земјава. А и вака нејќете да се закачате со него. Да видите само колку малку му треба!

Сте за партија кабади?

Нешто помеѓу ракомет, брканица и што ме гледаш бе! Само направено бескрајно комплицирано.

Визуелните магии од Лудиот Макс

Ефектите се дело на студиото Brave New World, и како што тече клипот сфаќаш како цело време музиката има поеднаква заслуга за тоа што цел филм не си можел да трепнеш.

А где је паркет?

Почнува со регуларната сала за кошарка во Белградска Арена, завршува со олимписки базен со европското првенство во ватерполо Белград 2016. Сето измеѓу го има во видеово.

Денешни деца вс. вокмен

Предизвик кој ќе се претвори во епски поход за двајцата скоро па тинејџери. Задачата е - стави ја касетата во вокменот.

Дунавка, глеј ова!

Предвреме се изнајадовте бабури за Дунавка. А бидејќи одмаздата најдобро се сервира ладна, ние навиваме догодина таа пак да нè претставува и за инает на сите хејтери да настапи со следнава точка. Ако ги издржи пробите.

U

Како ова да го опишеме а после да не се осеќаме глупо што уопште сме пробале? Вака: се работи за сцена од јапонска ТВ, гол и дебел дечко треба да се лизне стомачки по едно лимче во форма на латинската буква U. Се осеќаме глупо.

Анкета со македонските ракометари

Блиц анкета со ракометарите на македонската репрезентација, направена непосредно по натпреварот со Хрватска. Кој беше крив, кој го тоа направи и слични логични прашања кои се наметнуваат по тотално слабата игра. Олабавете се дечки, пак ќе ни правите радости!

За "пред и потоа" сликите

Фитнес инструкторка вади до сега не забележано успешно упатство за трансформација и слабеење во незамисливо краток рок од 15 минути. Кој не верува има слика да се увери.

Јаболкото предизвикува црно околу очите

Старото добро правило гласи "One apple a day keeps a doctor away". Како и секое правило, и ова има исклучок: кога јаболкото ти го додава девојка ти, а таа е некако махер за голф.

Најтажната кинеска песна на сите времиња

Кило крв даваме за оној кој ќе успее веродостојно да ни преведе за што се работи и за што пее овој напатен кинески блузер.

Оскаровскиот потег на Марлон Брандо

1973 година, 45-то доделување на Оскари. Презентери се Лив Улман и Роџер Мур, обајцата светнати ко гувернер Богов. Главен јунак на ова видео е Марлон Брандо кој добива награда за најдобра машка улога за ролјата во филмот Кум. Марлон Брандо го нема во ова видео.