Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Нејзината прва средба со робот

Маливе на сè ќе се навикант, со вас старките е проблем. Се нешто некој не е од ваша :)

Тајната на успехот

Анализирани се три групи: богати, средна класа и сиромашни, и од што според нив е составен успехот. Едни гледаат работа, други гледаат среќа, трети грабеж. Зависи кој од каде гледа.

Девојки, ако читате по еден текст дневно, прочитајте го овој

Барак Обама и сопругата решаваат една вечер да излезат од Белата куќа, да прошетаат и да одат на вечера во некој локален ресторан. Без посебна помпа, нешто скромно, колку да се смени нешто.

Народни фрижидери

Јазот меѓу храната што секојдневно се фрла во еден град и храната што некои луѓе ја немаат доволно за да се прехранат е една од најнеодбранливите обележја на капитализмот. Во Лондон тие два света се среќаваат на суво и ладно место. 

Сам себе (ќе) го инвалидизирал

Сте виделе идиот во вежбална, ама Александер Хохлов не сте го виделе. Ако некогаш ве интересирало кои сè вежби треба да ги правите за да останете без еден здрав пршлен и/или зглоб, тогаш тука е крајот на вашата дилема.

Оно не се трпи

Откако видел колку брутално ја хејтаат, дечкото решил да направи видео во кое ќе покаже дека Јоко Оно не е толку лоша. Неколку дена истражување, читање и гледање видео материјали, паднал во депресија.

Македонци и Индијци, браќа по гастарбајтери

Што е најголемото зло што Трамп може да им го направи на Индијците? Да им ги врати назад сите иселеници што се преселиле од Индија во САД, "тоа роднините со надуено его, погрешно чувство за успех и лажен акцент, па тие не се трпат кога ќе се вратат за одмор на неколку недели, а не па за трајно..."

Не ми го кажуј Волверин, ми има предавано

Хју Џекман има предавано физичко во школо. Некои од неговите ученици станале успешни, исполнети и среќни луѓе, некои станале новинари.

Експертска анализа на феноменот Бели

Од локално тролање и интернет спрдачина, Љубиша Прелетачевиќ - Бели одеднаш на дел од анкетите во Србија почна да се појавува како еден од можните кандидати кои би влегле во втор круг на избори. Колку што нам сето ова ни станува посмешно, толку на сите оние карши него ова не им е смешно. Едно објаснување на појавата Бели, од локален српски експерт / аналитичар.

Лондон после нападот: Зошто ни се случи ова?

Лидс: А да не се правиме до толку мутави?

Кралство давам за сè е во ред

Пијам кафе на балконот. Сонце. Раат. Утрото е такво да заслужува поетски осврт, заслужува нешто да се напише за него. А јас само гледам.

Како изгледа кога Путин ќе го смени планот?

Обезбедување на готовс, вратата од блиндираниот автомобил веќе е отворена. Но, во последен момент пред да влезе во колата, на Путин му текнува дека му сака душата друго (спојлер: му се јаде благце!) и на сите им прави дриблинг. Паника, хаос, лудило, цар....

Дејв Шапел, зошто избега и од работа и од Америка

Пред повеќе од десет години, сред невиден подем и кариера што блика на сите страни, Дејв Шапел одеднаш прекина сè што правеше (стендап, ситком, шоу на Комеди централ) и му ја дувна од Америка. Сега се враќа со два стендапа на Нетлфикс, од вкупно трите договорени. Ексклузивитетот за восреснатиот Шапел Нетфликс го плати 60 милиони долари. Ова е негов разговор околу минатите 10 години.

Врски, рекапитулација

Се што сакаме е да сте тука, ама да ве нема. Отприлика како фиксен телефон во денешно време.

Не се ова нервозни времиња, него видеово е глупо

Да немаш ни прочитано за опсесивна компулсивност, уште во први 30 секунди клипов ќе те направи хроничен пациент и ќе почне да ти жуборка нервозата. Оригинален наслов: најнезадоволувачкото видео во светот што некогаш е направено.

Вистински рокенрол

Кога го сакаш рокот а по малку си буквалиста и плус те бива за машинерии и скаламерии, тогаш решаваш да направиш песна со - камења кои се тркалаат. Ок, го чекаме првиот што има завршено некое техничко училиште а при рака му е киселина. Here Comes the Sun...

Кога ќе ја сфатиш тактиката на противникот

Една поучна лекција на оваа тема за која се зборува уште од Сун Цу и која може да се искористи за спортски, политички, деловни и секакви други ситуации. Бидејќи со шах малку подолго би траело објаснувањето, одиме со бокс.

Руски поглед на жените

Ви дискотека прашуваат руски дечко што му е најважно кај жените. Тој има два одговора.

Како е да си конзервативец во Холивуд

Тим Ален го спореди тоа со животот во нацистичка Германија. „Не знам како се случи тоа ама е како во Германија во 30-тите години. Ако не си дел од групата, ако не веруваш во она што тие веруваат - проблем. А јас сум комичар, сакам да ги закачам двете страни“.

Интервју на Прелетачевиќ - Бели и Лука Максимовиќ

Тоа што Борат и Али Џи му беа на Саша Барон Коен, Љубиша Прелетачевиќ - Бели му е на Лука Максимовиќ. Еве ги двајцата на едно крајно серизоно интервју за Н1, како дел од претседателските избори во Србија.

Малиот ми има апетит

Не сме виделе помала уста а поголем апетит. Кај и да е, ќе му се затвори тоа устето од образите. Само не му чини тоа што седи до вентилатор. Ма пресладок!

Како тоа мислиш не стој крај шини кога воз минува низ снег?

Уште од првиот кадар јасен е исходот од видеово, на сите освен на овие на перонот.

Скара, како машки звучи тоа

Скарата е единствената храна која некои мажи знаат да ја прават. А тоа отприлика изгледа вака: